Не се враќаат зато шо имаат его како камион со бостан. Суета невидена,некои идеи во глава дека животот ке им тргне на боље,ако не им бил веќе, и дека нив ги чека особа која нема да ги прави сите работи кои ти си ги правел а него му сметале,повредиле или оладиле. Или ич не мора да си бил кабает за нешто, доста е да си се раздавал себеси бескрајно и пак да се засити,и да си замине.А некогаш ни самите не знаат зошто. Кој знае да ти каже, освен веќе бившиот шо, ако го прашаш еден ден ОТИ БЕ ТИ НЕ МИ СЕ ВРАТИ НИКАД МЕНЕ, може да си го протумачи тоа многу лично па да почне да ти набројува со какви емотивни или какви и да се загуби се соочил после тебе,па не се вратил. Или дека не сте биле еден за друг, или сексо не се погодил, или не можел веќе да го поднесе твоето ркање навечер или новата особа му пасува повеќе отколку ти. Или мајкаму те нејкела.Ама тоа нема да ти го каже оти, по дифолт е пичка у душа па веројатно нема ни да знае шо да ти одговори at the first place. Длабоко прашање е тоа, посебно ако станува збор за некоја доста сериозна врска у која човекот што се колнел дека никад нема да си замине, прв се пикнал у туѓо мегуножје. Бивш-ако се врати, зошто,ако не се врати,зошто.Ја барем знам зошто мојот не се враќа и никад нема да се врати, затоа шо денешниве мајмуни не постануваат луѓе.Тој вид изумре. Кој стана сапиенс,стана, на времето пред многу години.