Книжевен предизвик во 2013

Challenge ACCEPTED - Difficulty level

  • easy - 30 книги

    Гласови: 46 52,3%
  • normal - 40 книги

    Гласови: 15 17,0%
  • hard core - 50 книги

    Гласови: 27 30,7%

  • Вкупно гласачи
    88
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
27 февруари 2011
Мислења
297
Поени од реакции
227
29. 1356 - Бернхард Корнвел

Интересен роман за битката кај Поатје помеѓу Французите и Англичаните за време на Стогодишната војна. Многу малку знаев за овој дел на историјата, па супер ми дојде да се запознаам. Инаку, книгата е дел од серија за главниот лик (како што повеќето автори денес пишуваат), но нема некоја поврзаност помеѓу книгите. Битките се опишани феноменално, типично средновековни, со колежи на сите страни, но од друга страна пак е и добро опишан и животот во тоа време.

30. Цариградска пророчица - Мајкл Дејвид Лукас (301 стр.)

Повторно историска книга, во која се говори за едно мало детенце, кое се раѓа во Констанца, Романија, а подоцна оди во Истанбул и поради склоп на околности останува таму да живее. Девојчето има неверојатна интелигенција и поради тоа го привлекува вниманието на многумина. Една од слугинките, кои и присуствува на нејзиното раѓање, вели дека таа е пророчица. Се на се, просечна книга, која не ми го привлече нешто премногу вниманието.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.717
Поени од реакции
13.428
29. 1356 - Бернхард Корнвел

Интересен роман за битката кај Поатје помеѓу Французите и Англичаните за време на Стогодишната војна. Многу малку знаев за овој дел на историјата, па супер ми дојде да се запознаам. Инаку, книгата е дел од серија за главниот лик (како што повеќето автори денес пишуваат), но нема некоја поврзаност помеѓу книгите. Битките се опишани феноменално, типично средновековни, со колежи на сите страни, но од друга страна пак е и добро опишан и животот во тоа време.

30. Цариградска пророчица - Мајкл Дејвид Лукас (301 стр.)

Повторно историска книга, во која се говори за едно мало детенце, кое се раѓа во Констанца, Романија, а подоцна оди во Истанбул и поради склоп на околности останува таму да живее. Девојчето има неверојатна интелигенција и поради тоа го привлекува вниманието на многумина. Една од слугинките, кои и присуствува на нејзиното раѓање, вели дека таа е пророчица. Се на се, просечна книга, која не ми го привлече нешто премногу вниманието.
Aженкур? Ако е таа тогаш е 1415. Многу добра историска фикција, читана ми е пред 3-4 години на српски, ја доживува како некој филм на Ридли Скот.
 
Член од
27 февруари 2011
Мислења
297
Поени од реакции
227
Aженкур? Ако е таа тогаш е 1415. Многу добра историска фикција, читана ми е пред 3-4 години на српски, ја доживува како некој филм на Ридли Скот.

Не се работи за Аженкур, веќе напишав се работи за битката кај Поатје, во која Англичаните се близу пораз и дури има преговори со црквата да се предадат пред помногубројните Французи, сепак битката се одржува и на крајот Англичаните победуваат и го заробуваат кралот. Еве ја
Код:
книгата
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.941
Поени од реакции
37.175
01./30. ЛАВОТ, ВЕШТЕРКАТА И ОРМАНОТ - КЛАЈВ СТАПЛС ЛУИС (АЕА Издавачи, 2005)
02./30. ПРИНЦОТ КАСПИЈАН - КЛАЈВ СТАПЛС ЛУИС (АЕА Издавачи, 2006)
03./30. ПАТЕШЕСТВИЕТО НА „МУГРА“ - КЛАЈВ СТАПЛС ЛУИС (АЕА Издавачи, 2006)
04./30. СРЕБРЕНИОТ СТОЛ - КЛАЈВ СТАПЛС ЛУИС (АЕА Издавачи, 2007)
05./30. КОЊОТ И НЕГОВОТО МОМЧЕ - КЛАЈВ СТАПЛС ЛУИС (АЕА Издавачи, 2006)
06./30. ВНУКОТ НА МАЃЕСНИКОТ - КЛАЈВ СТАПЛС ЛУИС (АЕА Издавачи, 2006)
07./30. ПОСЛЕДНАТА БИТКА - КЛАЈВ СТАПЛС ЛУИС (АЕА Издавачи, 2006)
Јас малку заостанав со предизвикот годинава, ама мора да ми се прогледа низ прсти, со оглед на многуте дополнителни обврски кои ги имав како подготовка за свадба, градежни активности... Сепак, до сега успеав да ја прочитам цела историја на Нарнија, од нејзиното раѓање, до крајот. За првите три книги од серијалот напишав кратки рецензии. За останатите 4, ќе напишам дополнително, кога ќе можам.

Во моментов ја читам „Марина“ на Зафон (очекувам да ја завршам брзо, со оглед што сите три негови книги од серијалот за Гробиштата на заборавените книги ги смачкав за 5 дена, а се надевам дека до крајот на годинава ќе успеам барем пола од планираното да прочитам. Мојот личен предизвик ќе биде - 15 книги. Ќе бидам презадоволен ако го исполнам.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.717
Поени од реакции
13.428
Не се работи за Аженкур, веќе напишав се работи за битката кај Поатје, во која Англичаните се близу пораз и дури има преговори со црквата да се предадат пред помногубројните Французи, сепак битката се одржува и на крајот Англичаните победуваат и го заробуваат кралот. Еве ја
Код:
книгата
Сеа видов на Goodreads за друга книга се работи. Ако имаш среќа земи ја и Аженкур, описот е неверојатен, иако е фикција, главниот тек е тој и доста реалистично опишан.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
заборавив целосно на ова а што добра евиденција си водев. Заборавив што се прочитав, инаку знам дека сеуште не сум стигнал 50че но кај и да е близу сум. Ај следна година ветувам ќе водам добра евиденција :)
 

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
01.Casino Royale - Ian Fleming
02.Live and Let Die - Ian Fleming
03.Moonraker - Ian Fleming
04.Diamonds Are Forever - Ian Fleming
05.From Russia With Love - Ian Fleming
06.Prince of Thorns - Mark Lawrence
07.The Wonderful Wizard of Oz - L. Frank Baum
08.Red Dragon - Thomas Harris
09.The Little Prince - Antoine de Saint-Exupéry
10.Men Without Women - Ernest Hemingway
11.The Hunger Games - Suzanne Collins
12.Catching Fire - Suzanne Collins
13.Mockingjay - Suzanne Collins
14.Darkly Dreaming Dexter - Jeff Lindsay
15.Dearly Devoted Dexter - Jeff Lindsay
16.Dexter in the Dark - Jeff Lindsay
17.Dexter By Design - Jeff Lindsay
18.Memoirs of a Geisha - Arthur Golden
19.Doctor No - Ian Fleming
20.Goldfinger - Ian Fleming
21.Tarzan of the Apes - Edgar Rice Burroughs
22.The Return of Tarzan - Edgar Rice Burroughs
23.The Beasts of Tarzan - Edgar Rice Burroughs
24.The Picture of Dorian Gray - Oscar Wilde
25.The Art of War - Sun Tzu
26.For Your Eyes Only - Ian Fleming
27.Thunderball - Ian Fleming
28.For Whom the Bell Tolls - Ernest Hemingway
29.Hitman: Enemy Within - William C. Dietz
30.Hitman: Damnation - Raymond Benson
31.Influence: The Psychology of Persuasion - Robert B. Cialdini
32.Yes!: 50 Scientifically Proven Ways to Be Persuasive - Noah J. Goldstein, Robert B. Cialdini, Steve J. Martin
33.The Cuckoo's Calling - Robert Galbraith (ака J.K. Rowling)

34.Thuvia, Maid of Mars - Edgar Rice Burroughs
Четврта книга во Barsoom серијата, но во оваа книга фокусот е префрлен синот на Џон Картер, Карторис и неговата авантура да ја спаси неговата љубов Тувиа.

35.The Chessmen of Mars - Edgar Rice Burroughs
Петта книга во Barsoom серијата, со фокус на ќерката на Џон Картер, Тара.

36.King of Thorns - Mark Lawrence
Во првата книга Prince of Thorns, Јорг успеа да го победи својот вујко и да ја превземе неговата круна. Со тоа стана легитимен потенцијален престолонаследник на тронот на императорот. Во оваа книга фокусот е префрлен на неговото владеење со тронот, односите со останатите кралеви и војната со принцот Arrow.

37.Emperor of Thorns - Mark Lawrence
Последна книга од The Broken Empire трилогијата. Нема многу да пишувам за приказната, се плашам да на испуштам некој споилер несакајќи. Само ќе кажам дека оваа серија е најпријатно изненадување на годината, и Mark Lawrence се искачи на мојата листа на омилени автори. Конечно да прочитам серијал со одличен крај.
На крајот на последната книга од серијата ќе сватите како Марк маестрално ги спои жанровите фантазија и научна фантастика.

38.The Spy Who Loved Me - Ian Fleming
Десетта книга во Џејмс Бонд серијалот. Оваа книга е мал експеримент на Флеминг, нарацијата е напишана во прво лице од страна на девојката, и ја следи приказната како таа влегува во неволја и како Џејмс Бонд ја спасува.

39.Gone Girl - Gillian Flynn
Ах оваа книга. Доста време ја гледав на топ листи со најдобри нови книги. За среќа ова го пишувам една недела од кога ја завршив книгава, инаку целиов параграф ќе беше исполнет само со пцовки. Книгава е рекламирана како психолошки трилер, за жал не е ни едното ни другото, туку е уште една книга со лудите неврози на една жена, на кратко bitches be crazy.
Gillian Flynn и Suzanne Collins ќе ме направат сексист со вакви книги.

40.Steve Jobs - Walter Isaacson
Официјална биографија на Стив Џобс. Не сум фан на Apple, ниту на Џобс, но книгава ја прочитав затоа што без разлика колкав серко Џобс е, неговите бизнис одлуки оставија траг врз многу индустрии. Од кога ја завршив книгава го сменив мислењето за Џобс малку, не е серко, туку е голем серко, но тоа е и она што го направи него успешен, и што неговите продукти се толку популарни. Неговата опсесија со едноставност и фокус на продукт, наместо профит, заедно со инсиситирање на целосна контрола на се вклучено во продуктот, се причината за нивната популарност и user friendliness.
 

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Ц ц ц, два поста од мене едно по друго. Не ли читате по нешто, се ближи крајот на годината.

41.The Silence of the Lambs - Thomas Harris
Лектор го поминува времето затворен во затворот за криминално луди, се додека еден ден не се појави Clarice Starling да добие негово мислење за серискиот убиец Бафало Бил.
Ми се допаѓа стилот на Харис, не е премногу драматичен, и лесно се чита, со фокус на приказната и карактерите отколку покажување на неговите прозни мускули.

42.The Hitchhiker's Guide to the Galaxy - Douglas Adams
Книга полна со смешки и фокусрање на апсурдностите во животот, Адамс има интересен стил на пишување што скоро сето време поминато читајќи ја книгава ќе ве остави со насмевка на лицето. Една маана, е што книгава нема баш некоја цел, приказната има чувство како да се движи напред само, без никакво foreshadowing да те остави да се прашуваш што ќе биде следно, нема чувсто на исчековање.

43.Low Town - Daniel Polansky
44.Tomorrow The Killing - Daniel Polansky
45.She Who Waits - Daniel Polansky

Серијава ми се појави како препорака на Goodreads од Mark Lawrence, авторот на The Broken Empire трилогијата. Имаат сличен стил на пишување, мрачен со антихерој за главен лик во оваа книга познат само како Warden. Warden после пет години во војната, и пет години во Специјалните Операции, се наоѓа надвор од државниот апарат во лошиот дел од Ригус, во Low Town, каде е еден главните дилери на дрога кој редовно и консумира од дрогата што ја продава.
Целиот сетинг е комбинација од фиктивно средновековно дејствие заедно со магија, но за среќа магичниот дел е само споредна особина, приказната силно се држи до карактерите.
Иако скоро сето време под дејство на некоја дрога, детективот во него не целосно потиснат, така да кога ќе најде убиено и силувано девојче во неговиот крај од градот, решава да пронајде кој е одговорен.
Сие три книги се фокусираат на Warden и неговата битка сосегашност и минатото кои упорно се мешаат во неговите истраги, кои не завршуваат на позитивна нота.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
55. Unwind - Neil Shusterman

Иииии најдобрата книга која ја имам прочитано годинава. Неверојатно заразна книга, огромен хит, неколку продолженија и продадени филмски права.
Дејството се одвива во едно дистописко општество во кое абортусот не постои, но постои нешто што се вика unwinding, кое претставува дозвола од родителите за земање на сите органи и делови од телото на дете кое има помеѓу 13 и 18 години, со цел донација. Овие деца не умираат, не доживуваат смрт.
Како што реков, заразна приказна, многу изненадувања и интересни карактери.
Неколкумесечна пауза со читањето, неодамна пак продолжив :)

56. UnWholly (Unwind #2) - Neal Shusterman
57. UnSouled (Unwind #3) - Neal Shusterman

Откако се заразив со совршената Unwind, морав да ги прочитам и продолженијата. Третото предолжение излезе во ноември, значи веднаш сум го фатила. Последниот, четврт дел се чека во 2014 година, a филмот 2015. Тука ќе го спомнам и расказот UnStrung кој сепак не е книга за да го вметнам во листава. Ова се продолженија кои не разочаруваат, баш напротив, достојно го продолжуваат дејството. Дефинитивна препорака од мене. Најдобрите книги кои сум ги читала годинава (заедно со Where'd you go, Bernadette).


58. Bossypants - Tina Fey

Ја знаете сите авторката, серијата 30 Rock се емитуваше на Сител. Јас неодамна ја изгледав и се импресионирав, па така ја прочитав и книгава. На многу места се смеев на глас. Според коментарите гледам дека сите се импресионирани од аудио верзијата бидејќи самата Тина ја читала и наводно била многу посмешна, па се покајав што јас уствари читав, а не слушав. Книгата е инаку автобиографија.

59. Thirteen reasons why - Jay Asher

Книгава дигна многу фама, ќе се снима и филм по неа со Селена Гомез во главна улога. Начинот на пишување ме привлече многу, ама приказната со дупки и бесмислици колку сакаш. Ја оценив со 4 од 5 бидејќи навистина не можеш да се одвоиш од неа.
Приказната е за едно момче на кое дома му стигнуваат касети од девојка која неодамна се самоубила. Секоја од страните на касетите е намената за една личност која придонела за нејзината смрт, па така момчево кое одвај ја познавало се прашува за што всушност тој е крив.
Како што реков, книгава има многу дупки и причиниве за самоубиство на девојчево се навистина глупави и смешни. Значи бесмислена приказна. Ама начинот на кој е напишана книгата е многу заразен, затоа високата оценка.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.400
Поени од реакции
25.256
1. Пилешка супа за душа
100 кратки раскази кои почнуваат со цитати и сите носат некаква поука. Има секакви, расположливи, тажни, подобри и послаби во донесување на поентата. Книгава ја прочитав во вистинско време кога ми требаше нешто такво.

2. На пат - Џек Керуак
Автобиографија на Керуак за почетоците на битот во Америка. Низ цела книга владее некој слободен дух кој те тера да спакуваш ранец во истиот момент и да баталиш се околу тебе. Ја читав летото секогаш кога бев на плажа и ја густирав полека. "На пат" фасцинира, го ослободува умот и отвара нови хоризонти кои можеш само да ги замислуваш затоа што слободниот начин на живот и живеење на сонот онака лесно со сите благодети и ризици, во ова општество денес каде најважни се навиките, носи само пропаст.

3. Замок - Франц Кафка
Можеби една од најдобрите книги кои некогаш сум ги прочитал... Можам слободно да кажам дека ова за мене е најдоброто дело на Кафка. Сите тие елементи кои го сочинуваат Замок некако ми се врежаа во меморија и иако ја прочитав пролетта, уште ја мислам. За Кафка може да се пише на долго и широко и иако прочитав скоро се што напишал, не се сметам за компетентен да го анализирам според она што е, туку според она што јас го чувствував кога го читав. Истото тоа чувство кога земјомерот К. не може да се движи по снегот, му создава мачнина, денот преминува во ноќ кога тој уште не ја поминал улицата по која се движи. Иако Замок е исполнета со метафори за бирократијата и главниот мотив (како и во Процес и Америка) е неправдата, тука сепак мислам дека најсилна емоција пренесува љубовта меѓу К. и гостилничарката. Иако романот не е довршен, не претставува никаква пречка да не се доживее. Ремек дело. Овој ми е омилен цитат:
“I can’t think of any greater happiness than to be with you all the time, without interruption, endlessly, even though I feel that here in this world there’s no undisturbed place for our love, neither in the village nor anywhere else; and I dream of a grave, deep and narrow, where we could clasp each other in our arms as with clamps, and I would hide my face in you and you would hide your face in me, and nobody would ever see us any more.”
4. Америка - Франц Кафка
Можеби требаше да ја прочитам Америка пред Замок и Процес затоа што е полесна и појасна книга на Кафка, но некако не ме импресионира како другите. Можеби затоа што ја влечев со читање поради други обврски, но имаше само делови кои ми оставија впечаток, другото скоро и да ми избледе од сеќавање. Имаше еден студент кој во разговор со главниот протагонист рече дека мора да го заврши факултетот побрзо и за да не спие, пие само црно кафе. Немал спиено неколку месеци. Главниот лик овде, за разлика од К., делумно е виновникот за неправдите кои му се случуваат. Додека К. е заробен во мрежата, Карл Росман сам ја заплеткува.

5. Неподносливата леснотија на постоењето - Милан Кундера
За Кундера и особено за оваа книга мислам дека се е кажано на форум. Ова е првата книга која ја прочитав од него. Те тера да се навраќаш низ страните за да препрочитуваш делови, ги мислиш, анализираш, ликовите се комплексни, можеби до негде надреални. Акцент се става на комунизмот и животот на интелектуалците во тоа време. Нема црно бели ликови во книгата, не можеш да заземеш страна, сите се грешници и богови на свој начин.

6. Книга за смеата и за заборавот - Милан Кундера
Продолжив со Кундера и среќа што во библиотека имаа повеќе од него, Книга за смеата во својата структура содржи фрагменти од повеќе приказни кои се преплетуваат, преку заеднички мисли или потези на ликовите. Најголем впечаток ми остави делот за младиот поет кој се сретна со Гете.

7. Бесмртност - Милан Кундера
За мене најдобрата книга на Кундера (од овие три кои ги прочитав). Во Бесмртност се појавуваат и Гете и Хемингвеј и самиот Кундера. Сите ликови се длабоко разработени, нема нешто површно, се е реално, се случило или ќе се случи, па се соживуваме со некои настани. Други пак, ги доживуваме од аспект на кој никогаш не помислуваме. Секогаш, во секоја ситуација, кај секој лик постојат повеќе аспекти на набљудување и она што Кундера го прави и носи заклучок од тоа за мене е фасцинирачки. Лесно ми станува омилен писател.

8. Раскази - Чехов
Не знам за љубител на литературата кој не прочитал барем еден расказ на Чехов. Во ова издание имаше десетина. Најомилен ми беше Шега. Чехов е мајстор за раскажување, ја носи и прикажува поентата во два потега. Нема многу вртење, губење време, се е тука, ликовите на Чехов се ликови од реалниот живот, тука, и безвременски се, ќе постојат и после сто години.

9. Остров на пладне - Хулио Кортасар
Збирка раскази на Кортасар. Фантастика. Прв пат читав нешто од него. Има прекрасен надреализам во неговите раскази. Последната реченица те остава шокиран. Последната. Кога мислиш дека дошол крајот, и тоа е она што го нуди приказната, доаѓа последната реченица која ти вели "прочитај се одново". Најмногу ми се свиѓаше расказот "Здравјето на болните". Препорачувам.

10. Името на розата - Умберто Еко
Пишав во некоја друга тема. Еко е генијалец, колку само Името на розата е повеќе од роман, енциклопедија е. Кога фаќа да набројува работи, го прави тоа цели три страни. Исто и за него, се е напишано на форум, нема потреба да објаснувам.

11. Том Соер - Марк Твен
Сакав да се вратам во детството кога ги читав овие книги и за да бидам барем малку фраер како Том Соер, скитав низ градот и учев нови делови од него, па мислев којзнае колкав е Охрид.:D

12. Хаклбери Фин - Марк Твен
Помалку се сеќавав на Хаклбери Фин, го имаше истиот оној ефект што го опишав погоре. Сега, кога го читав, ми остана тоа сеќавање на безгрижните денови и за момент се вратив таму.

13. Глувци и луѓе - Џон Стајнбек
Се чита во еден здив. Се работи за подолг расказ од околу стотина страници. Глувци и луѓе мора да се прочита барем еднаш во животот. Има една морална борба со која се соочува читателот после ова. Колку непресметливите луѓе треба да бидат прифатени од општеството или да се држат надвор од него.

14. Странецот - Албер Ками
Ја читам по втор пат, првиот пат беше во средно кога ја имавме за лектира. Има нешто предизвикувачко во Странецот кое те тера да ја читаш одново и одново. Нема ништо поапсурдно од реченицата "...сите луѓе на светот, помалку или повеќе, ја посакале смртта на своите најблиски", и за мене Мерсо е најинтригантниот лик во литературата. Неговата рамнодушност е мој бес и иако немам никакви сличности со неговиот лик, го засакав ко другарче кое мора да го читаш на некое време.

15. Ајванхо - Валтер Скот
По препорака на Сабазиј, ја прочитав на почетокот од годината. Сум го гледал тој период од Англија претставен во многу екранизации, прв пат се среќавам со Ајванхо. Во книгата се среќаваат ликови како Робин Худ и Ричард Лавовско Срце. Одлична авантура, многу ми се допадна.

16. Тројцата Мускетари - Александар Дима
Сите ги знаеме мускетарите, па не знам што би пишал, а да не е кажано. Во 2 тома, Тројцата Мускетари нуди одлична забава, задолжително.

17. На запад ништо ново - Ерих Марија Ремарк
Ремарк бил учесник во Првата светска војна и книгата многу реално ги презентира случувањата од фронтот. На моменти згрозувачка, тешка, ужасна - исто како и војната. Многу ми се допадна, после неколку дена откако ја прочитав, пак се навратив на одредени делови. Мора да се прочита, препорачувам.

18. Буденброкови - Томас Ман
Со Буденброкови се дружев цел ноември. Томас Ман ги опишува ликовите и односите меѓу нив на начин кој останува во сеќавање. Во книгата имаше лик по име Клотилда која секогаш, на сите прослави јадеше во изобилство и секогаш остануваше гладна. Кога одам на гости кај мои роднини, има иста таква жена која ја гледам на секој настан, не кажува ни збор, само јаде и не се донајадува. Буденброкови се реални луѓе, насекаде околу во нашето секојдневие. Фасциниран сум од стилот на Томас Ман (досега ја имам прочитано само Смрт во Венеција) и ќе продолжам да го читам. Се што ќе кажам за Буденброкови е премалку, така да запирам тука.

19. Загубениот симбол - Ден Браун
Ми дојде при рака, па ај си реков да видам што нуди најпродаваниот писател на Њујорк Тајмс. Досега не сум прочитал ништо од него, и единствено што можам да кажам е дека е полош од Роберт Ладлам... Можеби одбрав погрешна книга за да го оценувам писателот (читав дека Кодот на Да Винчи е далеку подобра), но Загубениот симбол не нуди ништо особено. Брзо се чита, брзо поминува времето со неа, но не ме исполни. Секоја глава завршува со клифхенгер што те тера да менуваш страни, и после клифхенгерот тотално се заборава, за на крајот да сфатиш дека сите пресврти се глупости. Очекував повеќе.

Ми фали уште една книга за да бидат 20 на број, а како што се ближат колоквиуми, ќе останам на толку. :D
 
Член од
27 февруари 2011
Мислења
297
Поени од реакции
227
31. Џоконда - Лусил Тарнер

Книга во која се следи познатиот сликар и изумител Да Винчи од самото негово детство во родниот град, преселувањето во Фиренца, а подоцна и во Милано кај војводата Сфорца. Историска книга, од непозната авторка, мислам дека прочитав дека и била прва книга, но не ми остави некој голем впечаток, односно ни описи, ни развој на приказната, така да можам да кажам дека се работи за просечна книга, а кога ќе се види дека темава е обработувана многу пати само дополнително ја намалува вредноста на книгата.

32. Ќерката на Сиена - Марина Фиорато

Повторно историска книга, но овој пат морам да кажам дека ми претставуваше задоволство кога ја читав книгава, заради тоа што на убав начин беше опишан животот во доцниот среден век во еден италијански град. Плус, за Сиена скоро никогаш ништо не сум слушнал, па поради тоа уште повеќе уживав. Во романот, станува збор за средновековни борби во самиот град, имено се спрема пуч за да се симне од власт војвотката на градот и градот да се прогласи за Република. Главното дејство се одвива во самиот град, со поврзани настани околу коњската трка Палио, која се одржува и денес на плоштадот кој е прогласен за културно наследство од УНЕСКО.

33. Завера Суден ден - Сидни Шелдон

Иако порано го обожавав Шелдон, како што читам книги од него (односно како скоро сите ги прочитав), морам да кажам дека некако ми се повторува во книгите, а оваа книга ми е една од најлошите од него. Имено, романот обработува тема за паднато НЛО, кое го виделе само неколку луѓе, кои во тој момент поминувале низ местото. Светските тајни служби се здружуваат и праќаат човек да ги дознае имињата на патниците кои го виделе НЛО-то, по што тие се ликвидираат. Откако ќе ги дознае имињата на сите патници и самиот тој се наоѓа во животна опасност. Приказната и не е толку лоша, но дејствието тече пребрзо, описите се сведени на минимум, разговор скоро и да нема, едноставно лоша книга.

34. 399 - Фредерик Бегбеде

Книгава обработува тема од денешницава. Имено се работи за критика на светот во кој живееме, најмногу за потрошувачкото општество и тоа дека компаниите не посакуваат луѓето да се среќни, бидејќи како што се вели во книгата, среќните луѓе немаат потреба од ништо, а тоа е лошо за нив. Како компаниите измислуваат нови начини и нови производи да ни продадат нешто, дури и нешта за кои немаме никаква потреба. Интересна книга, мене ми е втора од овој автор, пишува на многу неформален начин, засновано на лично искуство.

35. Страв од најлошото - Линвуд Баркли

Уште една книга од Баркли, повторно уживање во неговите заплети, вистински трилер морам да кажам. Кога ја видов книгава во библиотека ептен се израдував. Темата е слична како и во неговите минати романи, па така Сидни, дете на разведени родители, исчезнува едно утро велејќи дека ќе оди на работа. Скоро секоја глава открива нешто ново, откривајќи многу тајни за Сидни и тоа што претходело на нејзиното исчезнување. Се на се, една од подобрите книги кои сум ги читал периодов.

36. Егзил - Ричард Норт Патерсон

Книгава ја читам на англиски скоро еден месец, пред се поради нејзината должина и моето мало време за читање. Книгата е една од најголемите што сум се усудил да ги читам, има 750 страници. Се работи за вечниот конфликт помеѓу Палестинците и Израелците, обработувајќи и прикажувајќи факти за злосторства и на двете страни. Доколку ве привлекува оваа тема, оваа книга целосно ја препорачувам. Во книгата сето ова е раскажано преку атентатот на израелскиот премиер, кој се случува во Сан Франциско, а за кој ја обвинуваат Хана Ариф, Палестинка, а нејзин адвокат станува нејзин колега и љубовник Дејвид Волф, Евреин. Двајцата немале никаков контакт 13 години од нивното студирање на Харвард. Волф се упатува во Израел за да дознае повеќе информации за случајот и токму во овој дел на многу убав начин е опишан вечниот конфликт помеѓу овие два народи, за населувањето на Евреите на Западниот Брег, за постоењето на Израел, за правото на враќање на протераните Палестинци и многу други работи.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
1. Како без тебе - Гијом Мисо
2. Затоа што те љубам - Гијом Мисо
3. Дали ме чекаш - Гијом Мисо
4. Врати ми се - Гијом Мисо
5. А потоа - Гијом Мисо
6. Ако го дочекам утрото - Сидни Шелдон
7. Додека ѕвездите блескаат - Сидни Шелдон
8. Гневот на ангелите - Сидни Шелдон
9. Утро, пладне и ноќ - Сидни Шелдон
10. Децата на ѓаволот - Дитас
11. Триумфална капија - Ерих Марија Ремарх
12. Крвна врска - Сидни Шелдон
13. Девствено сино - Трејси Шевалие
14. Жена во пеок - Абе Кобо
15. Вештица - Венко Андоновски
16. Странец во огледалото - Сидни Шелдон
17. Ловец на Змејови - Халед Хосеини
18. Внимавај што посакуваш - Александра Потер
19. Колачиња за појадок - Дороти Кумсон
20. Пустински цвет - Варис Дирие
21. Пустинска зора - Варис Дирие
22. Кралска крв - Харолд Робинс
23. Нема да верувате што ми се случи вечерва - Ненад Вујадиновиќ
24. Вода за слонови - Сара Груен
25. Оскар и госпоѓата во розев мантил - Ерик Емануел Шмит.
26. Дваесеттата сопруга - Инду Сундаресан
27. Пеперутка - Сашо Тасевски
28. Левиот брег на Сена - Кејт Муир
29. Драг Џон - Николас Спаркс
30. Бојата на небото - Џејмс Ранси
31. Малинче - Лаура Ескивел
32. Прорштвото на Романови - Стив Бери
33. Последната кашмирска роза - Барбара Клеверли
34. Сложувалката на Парсифал - Роберт Ландам

Лоша, многу лоша книга.

35. Книга за Џони - Бојан Панаотовиќ

Книжулево ми стана ритуал за пред работа. Ич не е обемна и не се брзав да ја читам, него си го дегустирав Штулиќ со усул и боемски. Секое сабајле. Две - три страници Џони, две три музики Џони и така мош да недела време. Убаини.

Ме фати некој нерва (ако не го рачунаме Џони) 4 месеци книга неам прочитано. Толку од мене оваа година. Се читаме у 14-ката.

 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
60. Divergent - Veronica Roth

Позната низ светот како трилогија слична на The hunger games. Мене Игри на гладните ми е една од омилени книги, па брзо се зафатив и ова да го читам. Воопшто не ме воодушеви. Дупки во приказната колку сакаш. Следните делови не ги читам. Едно тројче има од мене.


61. Please ignore Vera Dietz - A. S. King

Спаѓа во топ 3 книги кои сум ги прочитала годинава. Главниот лик не можеш да не го сакаш. Приказната е преубава, крајот малце лош.
Вера цел живот е вљубена во својот најдобар пријател Чарли. Книгава започнува на погребот на Чарли, кога откриваме дека Вера му е лута бидејќи ја предал. Преинтересно книжуле, стилот ме потсеќа на Where'd you go, Bernadette?


62. Ready player one - Ernest Cline

Дистописка книга за едно општество во кое работите се толку лоши, што луѓето огромен дел од своето време минуваат во виртуелна реалност - играта OASIS. Креаторот на играта умира, а неговото богатство ќе го земе оној кој ќе го исполни предизвикот креиран од него, кој е полн со филмови (Монти Пајтон, Ферис Буелер, Back to the future...), песни, игри од 80тите години на минатиот век (така да книгава е совршена за оние кои растеле тогаш). Поминуваат неколку години, и никој не е ни близу до решавање на првиот clue. Кога аватарот Parzival ќе го реши, очите на целиот свет ќе бидат вперени кон него. Парзивал добива конкуренција која е спремна да убие за да победи. 4/5


63. The dinner - Herman Koch

Книга која дигна голема прашина. Мене многу ми се допадна ама крајот е толку лош што само ради него има 4/5. Освен тоа, главниот лик е прилично одвратен.
Целата книга се одвива за време на една вечера меѓу два брачни пара на која се дискутира за ужасното дело кое го направиле нивните два сина.


64. If I stay - Gayle Forman

Ауф, тешка глупост од книга. Миа доживува сообраќајна несреќа заедно со нејзиното семејство. Останатите умираат, таа преживува. И покрај тоа што Миа е во болница, таа (како дух или нешто слично) е свесна, ги следи и ги слуша луѓето околу неа.
Ај што книгава нема приказна, туку Миа е едно ужасно створење кои писателкава го замаскирала некако, ваљда затоа на толкумина им се свиѓа книгава. Значи целава фамилија и умира, а она цело време (цела книга) мисли на дечково нејзин. Абе ич за родителиве да не и текне. Без осет. Се чудам зашто сум и дала двојче на goodreads на книгава, многу и е.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
18. Вештица - Венко Андоновски
19. Крадачка на книги - Маркус Зусак
20. Сестрата на Зигмунд Фројд - Гоце Смилевски
21. Кобен час - Габриел Г. Маркез
22. Ловец на души - Донато Каризи
23. Седум години подоцна - Гијом Мисо

мислам дека тоа е тоа, во 2014 ќе ставам 30, да не се преценувам пак 40, немав време за толку годинава :P
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.941
Поени од реакции
37.175
01./30. ЛАВОТ, ВЕШТЕРКАТА И ОРМАНОТ - КЛАЈВ СТАПЛС ЛУИС (АЕА Издавачи, 2005)
02./30. ПРИНЦОТ КАСПИЈАН - КЛАЈВ СТАПЛС ЛУИС (АЕА Издавачи, 2006)
03./30. ПАТЕШЕСТВИЕТО НА „МУГРА“ - КЛАЈВ СТАПЛС ЛУИС (АЕА Издавачи, 2006)
04./30. СРЕБРЕНИОТ СТОЛ - КЛАЈВ СТАПЛС ЛУИС (АЕА Издавачи, 2007)
05./30. КОЊОТ И НЕГОВОТО МОМЧЕ - КЛАЈВ СТАПЛС ЛУИС (АЕА Издавачи, 2006)
06./30. ВНУКОТ НА МАЃЕСНИКОТ - КЛАЈВ СТАПЛС ЛУИС (АЕА Издавачи, 2006)
07./30. ПОСЛЕДНАТА БИТКА - КЛАЈВ СТАПЛС ЛУИС (АЕА Издавачи, 2006)
08./30. МАРИНА - КАРЛОС РУИЗ ЗАФОН (Матица македонска, 2010)
09./30. НОРВЕШКА ШУМА - ХАРУКИ МУРАКАМИ (Три, 2006)
Не е цела прочитана, но ќе ја дочитам до крајот на годинава, се надевам. Толку и од мене во 2013. Слабо, знам, ама веќе реков дека во година со толку многу обврски, јас сум задоволен и со овој скор.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom