- Член од
- 23 август 2010
- Мислења
- 41.032
- Поени од реакции
- 121.907
Не беше доволно сакан и гушкан како дете , ова се последиците
So much win!! Затварајте ја темава, излишно е се после коментаров на Лет, објасни човекот многу работи.
Инаку не ми се верува како е можно луѓето до толку да се глупи и преку ФБ да решаваат љубовни проблеми и слично. Па уште и лажни профили прават за да му “наштетат“ на бившиот/бившата или да му ја расипат идната врска. Мислам стварно неам коментар, до кај може да оди глупавоста на човекот. Јас еднаш во средно се ставив во врска, а немав девојка, онака на час досадно ни беше и се ставив во врска, тоа траеше само 2-3 дена, после го тргнав, али сеа се каам ко да сум извршил убиство.
Абе што има да знаат останатите дали сум во врска, дали сум скаран со женската, дали имам фамилијарни проблеми... Али најврв ми е кога некој ќе скрши нога/рака или ќе повреди нешто, и му ја ставаат ногата/раката во гипс и одма бап на ФБ, ко у стилу ај ќе го жалиме повреден е па да фрлиме некое лајкче.

Не знам што да им кажам на таквите освен: Get a life.

Се она што "живее" на фб изгледа и пие кафе таму, излегува таму...Глава давам, да отворат кафич Facebook со touch екрани низ него, тие нема да излезат од таму бре 
Се гледа дека сакаат внимание. Јас од друга страна, стварно не сакам да знам за секое раскинување и расправија меѓу двајцата, па така решението ми е многу едноставно. Го бришам едниот (имало и случаеви каде и двајцата сум ги бришела) или евентуално во најдобар случај ги ставам на hide. Јас немам намера да се замарам, тие ако сакаат и крајниците нека си ги стават на ФБ, нивен проблем. Порано би напишала огромен пост, каде би се чуделе и би се обидела да го идентификувам проблемот, но по моето дефинитивно цврсто убедување во последно време дека луѓето генерално се морони, немам намера да трошам енергија на нив.