Расчистување на врска преку социјални мрежи

  • Креатор на темата Креатор на темата leandra
  • Време на започнување Време на започнување
Јас немам начекано да се спукаат луѓе на фб, за личен проблем.

Али сериозно, не сфаќам зошто баш тогаш би ги ставиле на хајд или блок, ко што викате тука.

Боље баш тоа да го гледаш, конечно малку реалност на нереалниот, исполнет само со "љубов" и "интелектуалност", фејсбук. А може успат и да научиш нешто.

Не ми се свиѓа извештаченоста во вистинскиот живот, особено и на фејсбук. Оттука, ми пречи кога некој сака да се претстави како "секогаш финиот и/или оптимистата" во живо, секако и на фејсбук.
Не ми пречи да си покажам свои маани или да хејтам групи/типови на луѓе, и во живо, и на фб.
Конкретно за лични ситуации, не преферирам виртуелна комуникација, особено за кавгите, скроз е непогодна.
Луѓето и онака не се разбираат/слушаат ни во живо, а не па со пишување во чет/коментари форма.
Така да, повеќе ми смета виртуелноста на некоја меѓусебна важна комуникација (како карањето) отколку јавноста на истата.

Всушност, имам доза почитување за овие што се караат јавно (раскинување јавно е друга приказна), тоа значи ич не ве тркалаат вас другите и вашето високо мислење за тоа како треба човек да се претставува себеси во високото општество.
 
За некои раскинувања на врска или безврска, би сакал да можев да ги решам по брза постапка преко фејсбук или било што на интернет.
 
Јас имав една која ме гњавеше за песни да и објавувам. Па ако не и објавам некој подолг период ќе се раправаше со мене како таа ми објавила 2-3 песни на мене не ми доагало на крај памет не ти знам што.
 
Не се нормални и крај. Интимноста да ја ставиш на фб пред познаници и луѓе кои не ги знаеш, да ја прикажеш љубовната состојба во која се наоѓаш преку "поезија", навредливи коментари, иронија и постирање на песни на профилот на партнерот, е крајно недозреано и глупаво. Проблемите се решаваат очи во очи, не мора секој да знае за начинот на кој врската се развива или крахира, па од тука не ја ни разбирам потребата да фрчат објави со промена на љубовен статус и глупави коментари на истиот. Имав едни такви пациени ама на време ги елиминирав од пријатели. Потребата и гледањето на фб како на издувен вентил и разглас на тоа што правиш во животот ги донесе и овие помодарства. Ама ова не запира тука, "трендот" се разгранува се повеќе и повеќе, јас очекувам во најскоро време и слики од пораѓај да почнат да постираат, е до толку се забегани.
 
Малце ти е нелогична констатацијата, Фејсбук е онаков каков самиот новозачленет го прави. Никој кога се регистрира нема готов ѕид, профил, слики, листа на пријатели и слично. Значи СЕ сами си додаваме и одземаме.

Многу е глупо што полно го обвинуваат Фејсбук, уствари самите си го ствараме искуството на Фејсбук, т.е сам си бираш што сакаш да гледаш и кој да те гледа


Имаш право, ама аверзија ми се има створено, тоа е.
--- надополнето: 30 октомври 2013 во 23:26 ---
Плукањето по бившите партнери не започна со социјалните мрежи, си постоело многу пред тоа, само што било сведено воглавно на олајавање по другар(к)и, познаници, комшии, колеги/колешки и слично, единствената разлика е што сега со Фејсбук/Твитер/разни форуми публиката што си фаќа сеир е многу побројна.
Во секој случај мислам дека е тажно, многу тажно кога двајца луѓе кои до вчера делеле и добро и лошо, ќе почнат да јадат вафли еден за друг, без разлика дали на фејсбук или па по заеднички познаници.
Ја разбирам дека раскинувањата се болни, посебно ако се работи за долга врска, разбирам и дека линијата помеѓу љубовта и омразата е тенка и лесно се преминува, ама ако си веќе толку гневен и огорчен, фино лепо кажи и го тоа на дотичната особа, плесни му се што те мачи, отерај го у курац, ама насамо и во лице, а не да оговараш позади грб како некоја бабетина.
Уште па кога ќе почнат да си издаваат онака интимни ствари, не само врзани за секс, него онака работи што биле кажани во доверба, во стил работи што не мачат, тајни стравови или желби...пониско од тоа не знам дали може некој да падне. Мизерии.


Луѓето што си прават така, после раздеблата од старт т.е. во самата врска не ни биле блиски колку што мислеле, кај нив немало реална емотивна конекција.

Кај голем дел од нив забуна, и лажно чуство на љубов дава сексуалниот занес, кај недоволно исксусните секогаш дава чуство на силна врска, емоции - љубов, кои се уствари све, ама не тоа што го мислат.

За ова сум се расправал со неколку дискутанти, и другари и ме убедувале дека не сум во право, за после неколку недели по разделбата, да сватат дека сексот им го поматил умот и нивните "врски" - емотивна конекција била базирана стрикно на него, не им фали партнетот, него креветот на партнерот. Страшна работа се хормоните....
 
Препуцавање на ФБ? Па не е ли тоа слично со јавното препуцавање само тука удобно си седиш на столица?

Поентата е иста, очекување на внимание/тапкање по рамо.
Не.... поентата е бетер. Далеку побетер. Луѓето стануваат поголеми гниди, секој му се дава шанса да испадне „херојот“ во врската, газат на нешто за кое предтоа би убиле луѓе. Социјалните мрежи се као самострелот од среден век. Секој шупак може да го утепа својот појак непријател... од далечина.
Во моето лично скромно искуство, највеќе од се` избегнувам јавни препукувања (по социјални мрежи де), пошто знам дека иако многу зборови немаат никаква врска, самиот морал ме тера да ми имаат крајно дегутантен вкус.
Истотака глеам некои се палат на драми и као сеа јаки сме на нет. А сосема нема врска тоа. Човекот кој лично ќе и` признае на цура дека е убава има поголеми муда него некој кој ќе и` спомне мајки-шајки до 15то колено.
 
Најјако е кога другарите/другарките, на едниот/едната влегуваат одма со лајкови и поддршка во коментари за огорчените објави после раскинот, а два дена претходно ги фалеле по слики колку се срцки и најубави на свет. Ок, другари се, нормално дека ќе застанат на нивна страна, но смешно е тој што си го фалел пред два дена сега да го плукаш во знак на поддршка за другиот, али ако го нема ова веројатно ќе се изгуби поентата на самата објава и потребата за виртуелно внимание.
 
Оти бе моите пријатели на фб не прават вакви ствари? Ја читам темава и се прашувам, јас живеам ли каде што живеат другиве или стварно можеби живеам во светот на бајките?

На фб или лично, препукувањето со и муабети за бившиот партнер е повеќе од долно. Врската завршила, двајцата сте се одлучиле за такво нешто, што има понатака да се дискутира со други наоколу каков бил бившиот партнер. Стави му пепел и терај даље. Имаш нов живот пред тебе. Гради го да биде поубав и да не ги правиш истите грешки од минатото.
 
Ако копаш нов бунар, не плукај во стариот. Ни јавно ни нејавно. Старо правило ама уште функционира


дечко си го утнал потфорумот граѓевина е подоле
--- надополнето: 31 октомври 2013 во 00:13 ---
иначе не е уред преку социјлана мрежа да се раскинува
 
Големите поборци за интимата.. (y) Утре сите по една кајгано-портокалова power bracelet у знак на ова, да се знае, да се внимава, да се зачува!

Буквално е потребно едно скролче, за "eyes-burning" драмите од вашиот ценет фејсбук да ги снема. Иако, нели, не е до фејсбук туку појавава е прилично иманентна во скоро секоја сфера која вклучува одбрана публика која безусловно ќе ракоплеска, тапка по рамо и како секретарката-од-мејли ќе ти кажува дека работите ќе бидат ок. Aма сепак љубопитноста не ја убива уште на почеток мачката, ќе си се изначитате, изналајката, изнасмеете за потоа кога истите не ве читаат да се пла4ете како тоа некој како во бондаж порно нивните проблеми ви ги вгурале в грло. И ете, 5 страни луѓе ќе ве потапкаат исто толку и вас по рамо, и ќе се осеќате возрасно затоа што и сами сте поверувале дека вие вашите проблеми си ги решавате дома, интимно и сте поим за децава бе, уште по цигари да ги пуштате..

Мене ми е слатко, лајкот е гушкање непознати личности. Јас би и' ставил лајк на Adele - Someone like you. Coping is hard, copying is easier. Зашо да не и лајкнам некоја фотки и песни кои се во тренд, нека позира - сите знаеме дека не е он/а - тој/таа. Башка, сите не сме емоционалн зреени толку, јебига. Некогаш и не се бира баш, дали е јавно, фејсбук или незнам. А и за кукавици не серете, посебно женскиот кворум, ако она ме изварала зашо сум јас дужен мушки у очи да и раскинам? Имам раскинувано преку смс, искрено кур ме боли онака. Јас незнам како ова на Кајгана сите успешно ги избегнувате сите феномени, ко некоја утописка заедница сте, загарантираната репродукција на квалитетната македонска крв! Koга ќе собереме колку вие ги тангирате нив, а колку они вас, ми доаѓа вас да ве сожалувам. Вас и вашите пагани усти. Да финиширам а и во контекст на сите ваши вкусни придавки..

Skinny, socially privileged white people get to draw this neat little circle. And everyone inside the circle is "normal". Anyone outside the circle needs to be beaten, broken and reset so that they can be brought into the circle. Failing that, they should be institutionalized. Or even worse - Pitied.

;)
 
^Wot4е за раскинување во лице треба да имаш муда. Најлесно е преку смс или фб. Твоите кај се сонце? Кај ги изгуби? Или никогаш не си ни ги имал?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Имам раскинувано преку смс, искрено кур ме боли онака.

Tи куќа нема да направиш.
Трошиш СМС за раскинување!?
Ќе и титнеш, таа да ти се јави па ќе и раскинеш на нејзин кредит.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom