HeRbEs
-WandereR-
- Член од
- 21 јуни 2005
- Мислења
- 766
- Поени од реакции
- 272
За сите фанови на игри со картички топло би им ја препорачал новата игра од Blizzard,HearthStone: Heroes of Warcraft.Моментално играта е во closed beta,но може да се пријавите за клуч преку вашиот бателнет акаунт.Се шушка дека играва ќе иде во отоврена бета во скоро време поточно после Blizzcon кој би требало да биде мислам 8-9 Ноември.
Самата игра е значи како што напоменав погоре игра со картички,нешто во стилот на Magic the Gathering но ја нема таа сложеност како MtG и неможе да се класифицира во TCG пошо нема тредање со картчки.Така да играта е буквално лесна за сфаќање и е наменета за casual играчите.При започнувањето на самата игра одма ве пречекува туторијалот кој што објаснува све што треба да се знае за самата механика и начинот на играње.Туторијалот се состои од пет етапи каде што обработува буквално се колку мана кошта една картичка,колку атак и хеалт имаат самите картички.
Во играта по завршувањето на туторијалот имате на располагање само еден херој Mage.За понатаму да се отворат останатите херои мора да играте против нив било во Play mode или пак во Practice mode против Ai(computer),каде што може дополнително да се сетира тежината на ai-to (моментално Normal и Expert).Картичките(minions,spells итн) како и хероите сите се од lore-то на Warcraft.
Моментално на располагање се 9 херои:Warrior,Shaman,Rogue,Paladin,Hunter,Druid,Warlock,Mage,Priest.Сите имаат своие unique картички и спелови кој што може само таа класа да ги користи, како и неутрални картички кој што може да бидат користени од било кој херој.На почеток се игра со основните декови(basic) но понатамо како отклучувате картички и декови на располагање ќе ви стојат и помоќни картички, со кој може да се прават доста интересни комбоа.Опцијата за праваење и именување на ваш дек е добро спастрена со добра прегледност и супер скоцкан интерфејс.Во дек максимум може да сместите 30 картички каде максималниот број на иста карта е 2,што е исклучок во Arena mode.
За арена не би пишувал нешто поопширно бидејќи ме шина рака ќе го надополнам постов понатаму.
Играва искрено би ја преопрачал на сите што се по ваков тип на игри,па и на тие што не се,бидејќи лесно се сфаќа и е доста заразна(верувајте ми на ова ) Толку од мене се глеаме на Duel