HearthStone

HeRbEs

-WandereR-
Член од
21 јуни 2005
Мислења
766
Поени од реакции
272


За сите фанови на игри со картички топло би им ја препорачал новата игра од Blizzard,HearthStone: Heroes of Warcraft.Моментално играта е во closed beta,но може да се пријавите за клуч преку вашиот бателнет акаунт.Се шушка дека играва ќе иде во отоврена бета во скоро време поточно после Blizzcon кој би требало да биде мислам 8-9 Ноември.
Самата игра е значи како што напоменав погоре игра со картички,нешто во стилот на Magic the Gathering но ја нема таа сложеност како MtG и неможе да се класифицира во TCG пошо нема тредање со картчки.Така да играта е буквално лесна за сфаќање и е наменета за casual играчите.При започнувањето на самата игра одма ве пречекува туторијалот кој што објаснува све што треба да се знае за самата механика и начинот на играње.Туторијалот се состои од пет етапи каде што обработува буквално се колку мана кошта една картичка,колку атак и хеалт имаат самите картички.


Во играта по завршувањето на туторијалот имате на располагање само еден херој Mage.За понатаму да се отворат останатите херои мора да играте против нив било во Play mode или пак во Practice mode против Ai(computer),каде што може дополнително да се сетира тежината на ai-to (моментално Normal и Expert).Картичките(minions,spells итн) како и хероите сите се од lore-то на Warcraft.


Моментално на располагање се 9 херои:Warrior,Shaman,Rogue,Paladin,Hunter,Druid,Warlock,Mage,Priest.Сите имаат своие unique картички и спелови кој што може само таа класа да ги користи, како и неутрални картички кој што може да бидат користени од било кој херој.На почеток се игра со основните декови(basic) но понатамо како отклучувате картички и декови на располагање ќе ви стојат и помоќни картички, со кој може да се прават доста интересни комбоа.Опцијата за праваење и именување на ваш дек е добро спастрена со добра прегледност и супер скоцкан интерфејс.Во дек максимум може да сместите 30 картички каде максималниот број на иста карта е 2,што е исклучок во Arena mode.
За арена не би пишувал нешто поопширно бидејќи ме шина рака :D:D ќе го надополнам постов понатаму.
Играва искрено би ја преопрачал на сите што се по ваков тип на игри,па и на тие што не се,бидејќи лесно се сфаќа и е доста заразна(верувајте ми на ова :D ) Толку од мене се глеаме на Duel :D
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.794
Поени од реакции
24.057
Ако има некој нека пушти Beta Key :)
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.278
Не е TCG, туку е CCG.
И не личи на Меџик, туку е рип-оф на WoW TCG, само напраено да биде малку попросто за пошироките маси полесно да биде прифатливо.
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.097
Поени од реакции
5.767
Немам играно WoW TCG, ама од тоа што имам гледано, дефинитвно Hearthstone е поблиску до неа отколку до Magic. Голема разлика од тоа што можам да приметам е начинот на кој е решена маната во играта, која во HS секој играч секој круг добива +1, додека во WoW ако не се лажам треба да се спушти карта свртена надоле како мана.

Сеуште ја немам играно HS, ама од тие видеа што ги имам видено, ми се свиѓа играта. Партиите обично се релативно кратки, најчесто до 15 минути, што овозможува да ја играат и casual играчи. Друго нешто што овозможува да ја играат casual играчи се простите правила на игра. Секако тоа не значи дека играта нема да биде компетитивна и дека нема да има про играчи. Еве, иако е сеуште во closed beta, веќе има турнири. На BlizzCon ќе се одржи турнир на кој се поканети моментално 8те топ играчи.

Што се однесува до форматите на игра, constructed нешто не ми е интересно. Нешто ми вика дека секогаш ќе бидат најпопуларни дековите со херои кои се направени OP со последниот patch, како што моментално тоа е Priest. За разлика од тоа, Arena модот според мене е поинтересен, секогаш носи нешто ново и различно и никогаш не можеш да знаеш на што ќе налеташ, т.е. кои карти противникот ги има драфтувано. Голема разлика во однос на constructed прави и тоа што во constructed постои ограничување за 2 копии од една карта, додека во арена го нема тоа ограничување.

Ако сакате да знаете повеќе за Арена модот препорачувам да го гледате Total Biscuit. Не е нешто најдобар играч, ама интересен е за гледање и добро е како за почеток за запознавање со арена.

А доколку сакате да гледате многу добар играч, го препорачувам Trump, кој врши live streaming на неговиот Twitch канал.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.072
Поени од реакции
21.950
Blizzard нека не праат вакви игри за 0-3 год, нека извадат нова стратегија WarCraft IV зашто и со продолженијава од WOW преку петелов ми дојдоа ......Али секоја чест за причата со им текнало ;)
 

Ceci0

Captain
Член од
20 јануари 2011
Мислења
334
Поени од реакции
208
Blizzard нека не праат вакви игри за 0-3 год, нека извадат нова стратегија WarCraft IV зашто и со продолженијава од WOW преку петелов ми дојдоа ......Али секоја чест за причата со им текнало ;)

Како заклучи дека е за 0-3 год? Има и многу 25+ што ја играат играта...
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.072
Поени од реакции
21.950
Како заклучи дека е за 0-3 год? Има и многу 25+ што ја играат играта...
Така е муабетот.... нека не губат време у праење игри со редење картички туку нека напраат стратегија War Craft IV со графика и gameplay како Star Craft II ....
 

Ceci0

Captain
Член од
20 јануари 2011
Мислења
334
Поени од реакции
208
Ја сум од тие многуте што ја чекаат WC IV ама незнам дали ќе ја дочекам
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.072
Поени од реакции
21.950
Ја сум од тие многуте што ја чекаат WC IV ама незнам дали ќе ја дочекам
ке ја дочекаш не се секирај...фановите на стар крафт ја чекаа 13 години. Ние сме дојдени до 11 години (сега за сега ;)) од 2002 год. Играј ја тројката ..ја од 2002 до сега ја немам избришано (освен за формат) ...
 

Ceci0

Captain
Член од
20 јануари 2011
Мислења
334
Поени од реакции
208
Тројката ми е свртена преку 20 пати... Мислам дека е доволно :D
 

HeRbEs

-WandereR-
Член од
21 јуни 2005
Мислења
766
Поени од реакции
272
Така е муабетот.... нека не губат време у праење игри со редење картички туку нека напраат стратегија War Craft IV со графика и gameplay како Star Craft II ....
Дај бе озбилно ако немаш нешто корисно да кажеш за играва не ја тролај темава.Се кладам не си ја ни пробал играта, ама битно лупеташ глупости по форум.И ако не си доволно информиран на играва работи мал тим на близард,кој што се состои од 10-15 души(задолжен стрикно само за HeartStone).Така да не се секирај ќе ти напраат уште една WoW експанзија.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.072
Поени од реакции
21.950
Тројката ми е свртена преку 20 пати... Мислам дека е доволно :D
Јас ако ти кажам дека у 11 години само 2 пати сум ја свртел ке ми веруваш ????!?!!? :LOL: Има Custom maps кој се 1903902193 пати подобри и поинтересни од мисиите ;)
--- надополнето: 28 октомври 2013 во 01:41 ---
Дај бе озбилно ако немаш нешто корисно да кажеш за играва не ја тролај темава.Се кладам не си ја ни пробал играта, ама битно лупеташ глупости по форум.И ако не си доволно информиран на играва работи мал тим на близард,кој што се состои од 10-15 души(задолжен стрикно само за HeartStone).Така да не се секирај ќе ти напраат уште една WoW експанзија.
Пријателе ако почнам да зборам колку игри со карти имам и ограно и ако ти покажам колку игри со карти (НЕ ЗА ПЦ) имам дома ке треба да доагам со куфери од Magic,Wow itd itd...За играва пишав и предходно ``секоја чест `` за причата али редење карти и тоа пред ПЦ со е толку интересно !?!? А со последната реченица си тотално во заблуда......Јас ни најмалку не сакам експанзија на WoW туку продолжение на War Craft III (ако си играл ке знаеш дека WOW е ММОРПГ продолжение на стратегијата War Craft III)
А BTW причата со 9-те типа на херои е од WOW и тролањето е за Blizzard повеке наменето отколку за самата игра ;)
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.278
Играва не е слична на WoW TCG, туку е идентична (со минимални разлики).
Сликите во играва се превземени од WoW TCG.

Играм доста on-line CCG-a и TCG-a (MTGO, Kingdoms, SolForge и други). Али од пред два-три дена почнав со ова и прилично е ОК.

Интерфејсот е далеку бољи од оној кај конкуренцијата, играчката заедница е супериорно организирана (за ова closed beta ниво) и има голем OP* потенцијал. Ми се допаѓа, веројатно затоа што многу ми се допаѓаше WoW TCG.

Во спредба со останатите вакви игри, очигледно е дека големиот финансиски грб на Blizzard игра улога во проширувањето на можностите, кои ги имаат креаторите.

Можеби некогаш ќе има ист број на играчи како MTGO, но не верувам дека некогаш ќе заработува како MTGO (која е стварно сливник за пари).

Ако све биде у реду (сеа ќе излезе, после Blizzcon и open beta-та), имам намера да останам тука.


* - organized play (турнири, рејтинг...)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom