Што да дообјаснам и за кои недоразбирање прајме муабет?
Еве на кратко: со самото создавање од Творецот, човекот (како род и како поединец) има(л) зададено одредени потенцијални, способности и енергии, кои првиот човек, онака како Бог го створи, требало тие способности и енергии да ги арчи на она за кое Бог го створи човекот: за добри дела.
Отпаѓањето на човекот, со тек од време, значи и речиси целосно свртување на човекот: од Бога Творецот кон од Бога створениов Свет, па така, денешниот човек целото свое вминание и потенцијал ги арчи не ради Бога, туку ради овосветовни нешта. Времево во кое живееме има неколку основно насоки на делување. тоа се рационализмот, прагматизмот, конформизмот и сл. и токму тоа се насоките во кои денешнито човек го арчи она кое Бог му го дал (на човекот) како потенцијал и како енергија. Сите технички новотарии не се случаен производ, туку се произод кој во својата суштина значи стреме на човекот (како род) кон воспопставување на она кое е веќе изгубено: а тоа е трворење на техничко-технолошки „рај„ нза Земјава, каде човекот целосно би се одвоил од она за кое е веќе казнет од Бога, а тоа е работата, потта и тешкото живеење на Земјава. Плус, сите тие технички новотарии не се створени од „ништо„, туку од „нешто„; односно од она кое Бог веќе го створил како материјална подлога за човекот, така да човекот не би можел ништо да створи, ако при тоа нема дар од Бога за тоа творење и ако нема материјална подлога за тоа творење.Плус, сите тие технички новотарии се само изговор, зад кој се крие желбата за бесконечно материјално богатење, каде Бог Творецот е заменет со богто Мамон, богот на среброљубието. Плус, сите тие технички новотарии само ги атомизираат и одвојуваат луѓето едни од други, иако Бог ги створи луѓето да живеат во заедница, како што е тоа Троичноста Божја.
Како и да „вртиш„, ако Бог нешто не створил, човекот не би ни имал од што да твори и каде да го троши својот дар и енергија.
--- надополнето: 24 октомври 2013 во 13:00 ---