Дискутабилен пенал во најмала рака и црвен картон паднат од небото. Како што забележав судијата кога му извади црвен на Киелини покажа со раката кон голот на Јуве. Обично ваков гест значи дека го исклучил поради тоа што фаулот наводно спречил чиста шанса за гол. Е сега од каде извади дека Роналдо имаше чиста шанса за гол, кога Киелини речиси ја имаше веќе топката, тоа е друг муабет. На прва јас помислив дека го удрил со лактот, а тој дали и го допре со раката. Најмногу што можеше да свирне фаул и жолт. Дури и тоа е дискутабилно, ама ајде ќе кажеш за намерата.
Во секој случај можеше подобар резултат да извади Јуве, посебно во првото полувреме. Првиот гол кој го примивме е гол што не смее никогаш да се случи, а не во 4та мин. кога концентрацијата треба да биде на највисоко ниво. Отворено влезе во натпреварот Конте, што според мене беше добар потег, ама требаше малку поумерено. Тоа значи дека на почетокот Јуве мораше да биде поагресивен кога Реал ја имаше топката, а не да ги чекаат.
По реваншот може се да се случи. Не смееме да загубиме пак, пред се од психолошки аспект. Реков уште после нерешеното со Галата дека клучен натпревар ќе ни биде гостувањето во Турција, со единствен услов да не победи Галата во Мадрид. Шансите ни најмалку не се загубени, ама ги плаќаме киксовите од првите две кола.
Во однос на колово можам да кажам дека Баерн е уште поголем фаворит, отколку што ми беше пред почетокот на сезоната. Објективно овие Реал и Барса што ги видов ова коло, не можат нерешено да му извадат на Баерн, а камоли победа. Освен ако не се појави друг конкурент од некој посреден тим и се разбира факторот среќа ако не им се испречи, Баерн има досега најголеми шанси да го повтори освојувањето на ЛШ.