Прашање за Христијанството III

Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Пак ќе кажам - фосилите не се никаква научна фантастика и тие се показател дека постоеле повеќе паралелни генетски типови, од кој денешниот се производ на оние што биле најуспешни во оставањето на потомство.
Немам намера да ти објаснувам и докажувам дека фосилите се доказ, ако сакаш да ја негираш науката - повели, биди трол.

И јас пак ќе ти кажам, никој не рече дека фосилите се научна фантастика. Научна фантастика е кога некој си прави филмови за минатото без никакви докази, филмови со кои што се обидува да го докаже спротивното од она што јасно го говорат доказите. Фосилите со нашава дискусија имаат врска колку што има и Питагоровата теорема. Слободно повели докажувај ми дека и Питагоровата теорема не е научна фантастика. Можеби ќе успееш да збуниш некој неупатен :)

Човечките фосили се различни колку што се различни и коските на денешните луѓе. А денешните луѓе се со различна боја на кожа, со различна големина, со различни вилици, карлици, со различна големина на черепи итн. но сепак сите тие споделуваат една иста митохондриска ДНК која јасно говори дека сите поттекнуваат од една иста жена. Тоа е науката, тоа се доказите, тоа се фактите. Во рамките на овие докази нема ни Д од доказ за некакви исчезнати мистериозни луѓе со различна митохондриска ДНК.

Не е “и толку“ Секој од тие научници ќе ти каже и дека таа жена настанала од примат, а тој примат од рептил а тој рептил од риба а таа риба од некој безрбетник а тој безрбетник од некој повеќеклеточен организам.... Зошто науката ја прекинуваш. Изоди ја до крај.

Само Дарвинист ќе го каже тоа. Дарвинизмот не е наука. Дарвинизмот е натуралистичка филозофија попратена со уметноста на креативните научници кои наместо научни помагала, во раката земаат четка и цртаат паради на мајмуни, стебла и сл.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
И јас пак ќе ти кажам, никој не рече дека фосилите се научна фантастика. Научна фантастика е кога некој си прави филмови за минатото без никакви докази, филмови со кои што се обидува да го докаже спротивното од она што јасно го говорат доказите. Фосилите со нашава дискусија имаат врска колку што има и Питагоровата теорема. Слободно повели докажувај ми дека и Питагоровата теорема не е научна фантастика. Можеби ќе успееш да збуниш некој неупатен :)

Човечките фосили се различни колку што се различни и коските на денешните луѓе. А денешните луѓе се со различна боја на кожа, со различна големина, со различни вилици, карлици, со различна големина на черепи итн. но сепак сите тие споделуваат една иста митохондриска ДНК која јасно говори дека сите поттекнуваат од една иста жена. Тоа е науката, тоа се доказите, тоа се фактите. Во рамките на овие докази нема ни Д од доказ за некакви исчезнати мистериозни луѓе со различна митохондриска ДНК.
Значи научна фантастика е да кажеш дека врз основа на различните фосилни остатоци постоеле различни генетски типови, ама не е научна фантастика да веруваш дека целото човештво потекнува од еден маж и една жена, а жената дека потекнува од реброто на мажот?! И уште во одбрана на оваа "вистина" да мешаш митохондриска ДНА, генетики и научни методи?!
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Значи научна фантастика е да кажеш дека врз основа на различните фосилни остатоци постоеле различни генетски типови,
Да, затоа човечките фосили се исто толку различни колку што се различни и денешните луѓе - кои пак имаат иста митохондриска ДНК.

ама не е научна фантастика да веруваш дека целото човештво потекнува од еден маж и една жена,
Не е, бидејќи митохондриската ДНК токму тоа научно го докажува.

а жената дека потекнува од реброто на мажот?! И уште во одбрана на оваа "вистина" да мешаш митохондриска ДНА, генетики и научни методи?!

Е сега претера. Овде, во оваа дискусија, никој не спомна дека научно е докажано дека жената поттекнува од реброто на мажот. Исто така никој во одбрана на оваа вистина (која не беше ни нападната за да биде бранена) не мешаше митохондриска ДНК, генетики и научни методи. Некој да ми ставаш твоите зборови во моја уста. Не е етички тоа и покажува незрелост во дискутирањето. Овие работи јас ги вмешав за да ти покажам дека современата наука, современата генетика јасно покажува дека сите луѓе поттекнуваат од една жена и еден маж. До тука оди науката. А како настанале тие маж и жена, тука постојат само хипотези (претпоставки), кои по убедувањето на луѓето можат да бидат атеистички или теистички или политеистички и сл.
 
Член од
9 септември 2013
Мислења
159
Поени од реакции
73

Уште како дете ги имам прочитано книгите за Тарзан и Могли,од нив,секако се книги за деца и се невозможни во контекст на зборот,може да се извади јасна порака и поука за поврзаноста на човекот и горилата,кои спаѓа во групата човеколики мајмуни.Мислам книгите не се напишани без врска иако повторно ќе споменам се книги за деца.
Има едно правило кое гласи дека од нешто неможе да настане ништо,односно ако нема никаква материја не може да настане тоа нешто.Во случајот со Адам имало материја која сите знаеме дека е невозможно да настане човек па и најголемиот бог да му вметне душа,тоа ќе биде безтелесно суштество , секако земјата ќе се распадне со тек на време.
Секако размислив и за она правило,,од прав сме настанати во прав ќе се претвориме,,-ова е една религиозна порака или поука.Затоа што сите знаеме како сме настанале ,а тоа е утврдено по пат на научни истрашувања,или знаеме барем отприлика.Тоа се однесува до мојот став за настанувањето на човекот и е лесно забележлив иако малку вртев;)
А за митохондринската ДНК напишав веќе дека постои и кај животните и не сакам да се повторувам :)
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Не е, бидејќи митохондриската ДНК токму тоа научно го докажува.
Дали ако ти имаш 5 ќерки и само една од нив остави потомство, наредните поколенија треба да го сметаат за научен доказ непостоењето на друга митохондриска ДНА, со што би заклучиле дека ти си имал всушност само една ќерка?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Дали ако ти имаш 5 ќерки и само една од нив остави потомство, наредните поколенија треба да го сметаат за научен доказ непостоењето на друга митохондриска ДНА, со што би заклучиле дека ти си имал всушност само една ќерка?

Абе они можат да си претпоставуваат дека јас сум имал ќерки, можат да си претпоставуваат дека сум имал и синови, можат да си претпоставуваат дека сум имал посвоено вонземјани, дека сум се клонирал самиот себе итн. на човечката фантазија и нема крај од претпоставки. Сепак, моите внуки ако се објективни научници, имајќи го денешното познавање, научно ќе можат да тврдат само дека тие потекнуваат од една мајка, а се останато ќе биде во доменот на претпоставките.

А од друга страна, ако веќе ја споредуваме плаузабилноста на претпоставките, тогаш многу поверојатно е дека, на основа на заедничката митохондриска ДНК, сите луѓе потекнуваат од еден маж и жена, отколку да се верува дека постоеле и други генетски групи луѓе кои мистериозно исчезнале (сите до една група, до последниот човек), а ние, горилите, шимпанзата и сите останати животни сме преживеале.
А уште почудна работа е што немало ни еден мешан брак, на пример некој од нашиот генетски тип да силувал некоја жена од другиот генетски тип, па таа да родила деца со различна митохондриска ДНК чии потомци би преживеале до денес. Ова е многу чудно, затоа што се знае дека кога има војна мажите се убиваат, жените се силуваат, богатството се краде.

А за митохондринската ДНК напишав веќе дека постои и кај животните и не сакам да се повторувам :)

Постои, но не е иста како кај човекот. Ние тука праиме муабет на основа на неодамнешното откритие дека сите луѓе споделуваат иста митохондриска ДНК (со незначителни разлики заради генетски мутации)
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.581
Дали сметате дека ви личи на тие години да верувате дека постои невидлив човек горе на облаците кој гледа се, слуша се и казнува ако си непослушен?
Дали сметате дека сте недораснати, со пречки во развој?
Зошто лошите луѓе би биле испраќани во пеколот (а не во рајот) каде владее ѓаволот ( а каде господ нема никаква контрола), кој ке ги казнува поради сторените лоши дела со тоа што ке ги стави во огин да горат бесконечно?
Дали сметате дека лошите луѓе всушност, гаволот би ги сакал и баш поради сторените лоши дела би ги наградувал наместо да ги казнува, од причина што тој е токму она спротивното на бог (ако бог е доброто тогаш ѓаволот е лошото), па оттука нели тој би се поистоветувал и би ги сакал луѓето, кои ги прават неговите дела?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
@damon, христијаните не веруваат во ништо до тоа што пиша. Христијаните не веруваат дека горе на облаците постои невидлив чичко, не веруваат дека се недораснати со пречки во развој, не веруваат дека ѓаволот владее со пеколот, ниту дека ѓаволот ги казнува луѓето во пеколот.
 
Член од
7 мај 2013
Мислења
1.581
Поени од реакции
387
Прашање до Чорбаџи теодос :)
Бидејќи барата со библијата повеќе од Мики.
Што подразбира под Свето Писмо односно библија? Дали е тоа Божја објава?
И дали може да продолжи да биде Божја објава ако има грешки/контрадикции?
 
Mj

Маестро
Член од
25 јануари 2008
Мислења
754
Поени од реакции
212
Православни vs Католици vs Протестанти итн, итн, who is right?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Дали сметате дека ви личи на тие години да верувате дека постои невидлив човек горе на облаците кој гледа се, слуша се и казнува ако си непослушен?
На облаците нема невидлив човек кој гледа се‘ и слуша се‘ и кој казнува автоматски...
Подобро да (по)верувам сега отколку да не поверувам никогаш, а животот да ми помине напразно и во неверие.
--- надополнето: 22 октомври 2013 во 09:09 ---
Дали сметате дека сте недораснати, со пречки во развој?
Таквите случаи се нарекуваат „симнати од умот„ и не се во состојба да веруваат.
--- надополнето: 22 октомври 2013 во 09:10 ---
Зошто лошите луѓе би биле испраќани во пеколот (а не во рајот) каде владее ѓаволот ( а каде господ нема никаква контрола), кој ке ги казнува поради сторените лоши дела со тоа што ке ги стави во огин да горат бесконечно?
Лошковците самоте одлучиле да бидат лоши: ним злото им омилело па затоа и „одат таму„ каде што самите одбрале.
--- надополнето: 22 октомври 2013 во 09:13 ---
Дали сметате дека лошите луѓе всушност, гаволот би ги сакал и баш поради сторените лоши дела би ги наградувал наместо да ги казнува, од причина што тој е токму она спротивното на бог (ако бог е доброто тогаш ѓаволот е лошото), па оттука нели тој би се поистоветувал и би ги сакал луѓето, кои ги прават неговите дела?
Лошите луѓе се лоши по нивен личен избор, но и под ѓаволското влијание врз нив. Ѓаволот сам од себе нема ништо па така не може ни да ги наградува лошите луѓе, но (ѓаволот) може да ги повлече (луѓето) со себе во пеколните маки, за кои самиот ѓавол е свесен дека му следат.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
А од друга страна, ако веќе ја споредуваме плаузабилноста на претпоставките, тогаш многу поверојатно е дека, на основа на заедничката митохондриска ДНК, сите луѓе потекнуваат од еден маж и жена, отколку да се верува дека постоеле и други генетски групи луѓе кои мистериозно исчезнале (сите до една група, до последниот човек), а ние, горилите, шимпанзата и сите останати животни сме преживеале.
А уште почудна работа е што немало ни еден мешан брак, на пример некој од нашиот генетски тип да силувал некоја жена од другиот генетски тип, па таа да родила деца со различна митохондриска ДНК чии потомци би преживеале до денес. Ова е многу чудно, затоа што се знае дека кога има војна мажите се убиваат, жените се силуваат, богатството се краде.
Кој глупости ги изнатреска човече.....
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
@damon, христијаните не веруваат во ништо до тоа што пиша. Христијаните не веруваат дека горе на облаците постои невидлив чичко, не веруваат дека се недораснати со пречки во развој, не веруваат дека ѓаволот владее со пеколот, ниту дека ѓаволот ги казнува луѓето во пеколот.

1. Христијаните веруваат дека горе на облаците постои невидлив дедо со бела брада што се одзива на името „Боже“. Така и му се обраќаат.... „О, Боже, ти што си на небесата...“

2. Истите веруваат дека се недораснати (не би рекол „со пречки во развој“) да преземат потполна одговорност за своите мисли и постапки, па токму затоа суд за истите очекуваат од дедо-божето горе на небето,

3. Истите веруваат дека ѓаволот владее со пеколот, и

4. Сите христијани (кои јас ги познавам, вклучително и ти) веруваат дека ѓаволот ги казнува луѓето во пеколот.

Што ти текна вака да се самооспоруваш, Чорба?!?
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Не се самооспорувам, туку ти немаш доволно познавања од христијанската вера.
Јок. Ти имаш... Од петок до недела 3 дена и три ноќи. Чудесна христијанска вера твојава. Пробај пак да ни објсниш христијанство.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom