Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Мислев дека ќе бидеме полошо место на ФИФА ранкингот. 86то и не е така лошо, најверојатно под 90 ќе паднеме следниот месец а не би се изненадил ако ја пробиеме и стотката.
 
Се сложувам до негде за ова за ФИФА шо го кажа, ама па ипак не може тотално да се занемарат ваквите листи. Нас барем ни кажуваат колку ни е мизерен фудбалот...

@Nicky Santoro ајде просветли ме со што те убедил пандев дека секогаш го дава максимумот ?
Пак ќе кажам не значи дека ако кажам сакам максимум да видам од него дека мислам да биде и стопер и деструктивец и крило и голман и напаѓач, туку да видам дека има го дава најдоброто од себе.
Иначе ако викаш дека од играчи до тренери не чинат значи по некоја логика викаш дека и пандев не чини :D

Пандев можеби не игра максимално пожртвувано, но најмал проблем е тој од тимов.Тој е последен на списоков што треба да се критикува.Од ффм па надолу треба да се бара виновникот.Играчите се најмал проблем во ситуацијава.Се почнува од погоре и кој и да игра исто ќе биде.
 
Среќа од наредни квалификации за ЕП во Франција ќе се натпреварува и Гибралтар, па ќе има со кого да се мериме.
 
Колку треба да си идиот и да сереш дека пандев не давал максимум !

Пандев можеби не игра максимално пожртвувано, но најмал проблем е тој од тимов.

Во првиот пост арогантно викаш дека пандев дава максимум, за после да ја свиткаш опашката...
Мислев ќе ме претрупаш со аргументи зошто грешам, ама...
Иначе не би рекол дека играчите се најмалку криви, особено не мислам дека пандев не е уопште крив. Човекот кој е капитен на репрезентацијата, игра со 15% од можностите, се става у позиција на жртва за да се оправда себе, бега како пи*ка, чека неговото интервју кај што збори дека е за греота да направи да го молат утре да се врати, е баш тој што треба да се критикува.
И Гечевски е стар, едвај се движи, игра со скршен нос на најбитни утакмици и секогаш дава се од себе, а никогаш не излегол со вакви муабети кога плукаа по него после ЕП.
Се дури зошто пандев и таквите како него, коа ќе излезат со вакви интервјуа дека се жртви, јавноста ги заштитува... чорба !
 
Во првиот пост арогантно викаш дека пандев дава максимум, за после да ја свиткаш опашката...
Мислев ќе ме претрупаш со аргументи зошто грешам, ама...
Иначе не би рекол дека играчите се најмалку криви, особено не мислам дека пандев не е уопште крив. Човекот кој е капитен на репрезентацијата, игра со 15% од можностите,
Како тоа тој арогантно и без аргументи вика дека Пандев дава максимум, а ти неарогантно и со аргументи викаш дека игра со 15%? Како измери дека се 15%? Има некаде некоја направа да се купи што мери со колку % играат играчите?

И немој сега со тоа: се гледа брат, не трча. Ете ти гледаш дека не трча, другите гледаат дека трча и сега што прајме? Се е субјективно.

Пандев е добар колку што му е добра екипата. И покрај вашите желби, Пандев не е класичен голгетер, аман разберете, човекот кариерата ја заврши уште не ви е јасно. Видете му ја само конституцијата. Пандев е технички поткован играч кој се вклопува во екипа и знае да проигра играчи и да искомбинира со нив ако имаат акал во главата да врзат неколку додавања. Имате еден куп примери за добри фудбалери во слаби репрезентации, за ташак нема да ја помрднат репрезентацијата. Ене Бејл кога ќе го одведе Велс на светско да ми пишете. Се сеќавам на една прес конференција кога игравме со Украина на градски кога новинарите наши го направија Шевченко супермен, па тој им кажа: не знам што очекувате од мене, правам колку што можам...

Кој си имал работа со нашите федерации во разни спортови знае како е, а во фудбалот е најлошо. Ова само што го прочитав ми се стемни http://goo.gl/XZ0ceR . Прочитајте го во интервјуто на Пандев само делот кога вика: одиме на натпревари со непознати луѓе (читај менаџери, профитери...). Која е само таа атмосфера за играње со леб и кашкавал и состав кој се прави на зелена маса? Кога 40 фудбалери ќе продефилираат во еден циклус, на што личи тоа? Фудбалерите не пијат масло, одамна знаат колку е саатот. Нема тука простор за мотивација држава, знаме, курци-палци... кога те работат на здрав памет. Ти треба да кршиш нозе и да го ризикуваш лебот а некои клошари што не си ги видел да го полнат џебот.

Се тоа треба да се избркаа на клоци. Не се криви ни фудбалерите, ни селекторите. Криви сме ние што да бидеме искрени, не боли Тасе и само на тастатура сме јаки. А никогаш не се организиравме за протести, бојкоти, прекини на натпревари или било каква форма на отпор кон лоповите кои 20 години профитираат од мизеријата во која што се наоѓаме.

И како нација не научивме да почитуваме величина. Јас сум малку постар и се сеќавам кога му свиреа на Панчев на пријателски натпревар со Естонија кој го добивме 2-0 и на кој човекот даде гол. Малку им било, сакале 5-0 да победиме, која била Естонија.

А кој кур сме ние?
 
Кој си имал работа со нашите федерации во разни спортови знае како е, а во фудбалот е најлошо. Ова само што го прочитав ми се стемни http://goo.gl/XZ0ceR . Прочитајте го во интервјуто на Пандев само делот кога вика: одиме на натпревари со непознати луѓе (читај менаџери, профитери...). Која е само таа атмосфера за играње со леб и кашкавал и состав кој се прави на зелена маса? Кога 40 фудбалери ќе продефилираат во еден циклус, на што личи тоа? Фудбалерите не пијат масло, одамна знаат колку е саатот. Нема тука простор за мотивација држава, знаме, курци-палци... кога те работат на здрав памет. Ти треба да кршиш нозе и да го ризикуваш лебот а некои клошари што не си ги видел да го полнат џебот.

Обврска на туристичката агенција што ги организира патувањата.

Туристичка агенција ни организира квалификациони натпревари на репрезентација. :notworthy:
 
Тоа да видиш. Со нискобуџетни компании и автобуси.
Репрезентација треба да има готвачи со себе, и луѓе кои ќе се грижат за секој аспект на патувањето и престојот и влакно да не им фали на играчите. Тие да мислат само на фудбал. Треба да имаме 25 фудбалери за циклус и тие да се тие. Чудо да направи некој фудбалер за да влезе во репрезентација, а не да ги менуваат како на хокеј. Не ми се пишува многу, ама жално е што многу луѓе што читам плукаат во коментари насекаде по интернет деновиве, навистина не знаат како е да се бавиш со спорт во Македонија. Еднаш патував со авион на кај Белград, пред да играме со Лихтенштајн (кога тепавме 11-1). Се случи така да е недела пред квалификации. Во авионот Мијатовиќ, Ковачевиќ и уште двајца репрезентативци на СРЈ тогаш ќе да беше, и Митко Стојковски. Тие во бизнис класа, Митко со нас во опашката. На разглас капетанот на летот им упатува посебен поздрав на репрезентативците и им посакува победа во претстојниот натпревар. Стјуардесите им носат шише виски, поклон од ЈАТ. Митко наш стуткан позади...

Да не ја промашите поентата, јасно е дека е нивна компанија. За односот зборувам. Ние сме истите, ништо не е променето кај нас.
 
Ние? Ние се смеевме кога Англичаните и Холанѓаните си дојдоа со готвачи, памтиш? Во Вест и Вечер уште ги памтам насловите, во стил на што се мислат тие дека се. Организирани репрезентации ете тоа се. Нас не ни изгледаат нормално тие работи, ако некој ги прави мислиме дека е кренат до небеса, како да си патиме од некоја фрустрација.
 
Да се сеќавам, некои тоа го сфатија како навреда, во смисла дека мислат дека немаме храна па си донесле. Тоа не е поентата знаат тие што имаме, но не препуштаат ништо на случајот. Затоа никогаш нема да јадат леб и кашкавал.
 
Да проблемот е во ффм...ама не е и само кај нив...проблемот е во менталитетот на играчите..баш имаше изјава сеа од мицевски, христво и уште еден поранеше капитен дека го разбираат пандев и дека они кога иделе да играат за репрезентација жртвувале со тоа што се двоеле од семејството....па добро бе да му ебам мајката толку им е тешко 2 дена да одвојат да изиграат за репрезентација ...еве и недела дена нека е...па на крај краева никој не ни ги тера да играат...за репрезентација треба со љубов да играш а не за лична слава...Тоа е и проблемот нашиве играат добро се дур не направат некој трансфер во појак клуб..понатаму нигде ги нема...и не го бранете пандев дека све давал кога играл...Не никогаш не играл со жар и срце....Сте видиле ли како игра Лестер бо Мекелеб ? со кој жар , со кое срце А не е македонец....сите така да се трудеа и жртвуваа спортот ќе ни цветаше...никој не бара инстат успеси од нив...бараат пожртвуваност и желба...Зарем Лестер не може да се повреди дур игра? Зарем ЛеСтер не е еден од најдобрите кошаркари во евролигата? но тој страв не го спречува да игра пожртвувано..додека пак нашиве се чуваат да не се изморат и повредат за со клубот да играат..едино детево Бабунски убаво објасни зашто игра за Македонија и дека стварно жртвува стартно место во Барса Б...што не е мала работа...е и другите да го следат тој пример добро ќе е..ама не ...не ги кочи само ФФМ...Ги кочи нивниот менталитет...затоа никогаш нема да имаме некаков успех на фудбалски план...ни на ниво на репрезентација ниту па ни клубско....
 
Жртвуваат шанса за повреда,веројатно и од клубовите им замеруваат и тн.Зарем мислиш дека пандев ти игра за лична слава за македонија,па освен резил друго ништо не добил:icon_lol:
А глеам дека споредувате Лазаров или Мекелјеб колку се труделе.Ако имате некој инструмент за глеање дали играч игра со жар и срце слободно покажете го.Тебе така ти изглеа бидејки во фудбал играат 11 играчи и 1 играч не може да смени нешто макар бил и меси.Плус као лупате парели на Лазаров и Меккелјеб со Пандев,па Пандев според квалитет можеш со Темелков да го споредиш.
Најглуп коментар ми е коа ќе кажеш не играле со срце,да сме тепале 10 по ред па да изгубиме од еремнија па ај да речеш не играле од срце,ама 20 години губиме од сите треба да се свестите дека у квалитетот е проблемот а не у срцето.
 
Па мекелеб нели жртвува шанса за повреда? или и лазаров кога ги спомна веќе? иначе се гледа кој колку се труди и 11 против 11 ...можеш да видиш кој колку придонесува а тоа квалитетот нема врска ....со упорна работа се надокнадува и квалитет..со пржртвуваност...а тоа никогаш го немаме видено од нашите фудбалери...играат се дур не направат некој јак трансфер ..и потоа нигде ги нема....
 
Сте видиле ли како игра Лестер бо Мекелеб ?
Мешаме баби и жаби ама ајде: Мекејлеб може.

Во фудбалски рамки да имаш играч како Мекејлеб е како да имаш напаѓач како Ето. Мекејлеб е во топ 5 во Европа, физички е перфектно подготвен и покажува се што знае, а знае многу. Срце-шмрце. Квалитет и форма.

Пандев е подготвен за 60 минути, години наназад. Не само во Македонија, така беше и во Интер и во Лацио. Затоа и не остана во Интер, зошто и покрај огромното знаење тој не може константно да прикажува добри игри. 2-3 натпревари и паѓа, па мора да го одмораш. Во силни екипи тоа не поминува. Потребни се физички подготвени фудбалери. Еве на пример моја споредба како фан на Интер: Пандев е класа за Дејан Станковиќ во смисла на разбирање фудбал, ама Дејан до последниот ден беше подготвен топ и затоа остана долги години во Интер и беше незаменлив. И во Наполи Пандев не може да биде прва постава, или ќе биде резерва или ќе го ваѓаат во второ полувреме. Повремено ќе одигрува цели натпревари поради ротации но не може да одигра неколку цели натпревари во низа. Никој не го спори квалитетот на Пандев но од некои причини тој си остана физички неподготвен цел живот, дали е до градбата или до некои други проблеми не знам.

Едноставно, тој не може да прикаже она што вие сакате, без одлични соиграчи покрај него. Во репрезентација тој е мета на противниците зошто е единствен играч на кого обраќаат внимание, само на дуелот со Хрватска Вукојебиќ го фаулираше 20 пати во прво полувреме а судијата се правеше на три и пол.

Да не разглабам повеќе, тоа е мое мислење за Пандев. Благодарност за тоа што ја трпеше оваа публика и сите срања во федерацијата за кои и не знаеме. Не направи ништо посебно а и не ни можеше. Слаби сме, неорганизирани сме, репрезентација за полнење нечии џепови. Тоа е...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom