Бременоста како повод за стапување во брак?

Zatoa sto rekov deka po greska bea zatrudneti,so niedna od niv ne planirav nisto ozbilno ama ete se sluci sto se sluci fala mu na boga sve se sredi kako treba.
Све се среди како што треба надвор од твоето тело и здравје фала богу. И опишуваш ефикасен тест за бременост подоцна. Интересен е човечкиот мозок.
 
Све се среди како што треба надвор од твоето тело и здравје фала богу. И опишуваш ефикасен тест за бременост подоцна. Интересен е човечкиот мозок.
I sto ti e tuka nejasno,,,da sum sakal ne sum sakal,da bilo namerno ne bilo namerno...a da se plasam da zemam neplodna zena itekako se plasam..TOLKU.
--- надополнето: 17 октомври 2013 во 18:12 ---
Фала му на бога? Со молитви абортираа?

:eek:
Toa moze kaj tebe so molitvi,ama kaj mene so kesh druze i toa ne kaj kasapite tuku vo najdobra mozna vo gradot.
 
Toa moze kaj tebe so molitvi,ama kaj mene so kesh druze i toa ne kaj kasapite tuku vo najdobra mozna vo gradot.

Да, може, ја еднаш абортирав со молитви, фала му на бога.
Ти од оние со црно бмв шизици си или со сиво?
 
Да, може, ја еднаш абортирав со молитви, фала му на бога.
Ти од оние со црно бмв шизици си или со сиво?
Bi ti preporacal vaka na najkulturen mozen nacin da ne zabeguvas so muabetot ok,,fala ti mnogu.
 
Навистина не можам да ги разберам ти е кои што се обидуваат преку бременост некого да задржат навистина ли мислат дека преку бременост дека тоа е возможно? колку јас што знам ова најмногу го прават оние девојки кои што се спонзоруши кои имаат богат маж па преку тоа да си ја осигураат иднината... Но реално гледано има и многу често бракови кои се склучуваат само поради детето што тоа е многу погрешна работа барем според мене бидејќи ако бракот биде склучен само поради детето кое веќе сеуште не е родено во иднина тоа дете на кој начин ќе биде одгледувано? Зарем би било во ред детето уште од мало да слуша караници помеѓу родителите и тн.? Брак само од заеднички интереси не е брак. Затоа се почесто имаме во МАкедонија бракови кои после некои 4-5 години се оставаат и детето најчесто завршува со трауми и сл. После тоа дете во животот понатака веројатноста да има успешен брак е премногу мала.

Порано се осеќав и ја дужен да се произнесам на секоја тема што ќе се отвори, особено љубов и секс. Сега се смеам на моите постови, изгледам како мало дете кое се труди да се произнесе аргументирано и сериозно на тема недостојна за него. Во твојов пост се пронајдов, и мојот совет ти е да си читкаш, не реплицирај, и собирај мислења и ставови од постари членови ко леандра, Луки, Суси и многу други. Нити имаш/ме доволно искуство нити познавање како навистина стојат работиве.
Муабетот ми е дека не го прават ова спонзорушиве, ќе се зачудиш кога ќе сфатиш дека е прилично честа работа кај подолги врски и постари партнери, само ги читај што пишуваат на темава. Ја ја читам секоја можна тема на форумов, ама за разлика од порано ко мислев дека сум паметен и се мавав од земја, сега си викам, луѓево се паметни, читај и ќути и гради став и мислење врз основа на нивно искуство, може утре у иста ситуација ќе си.
Пис. Лав. <3
 
Прочитај го уште еднаш мојот пост. Јас наведов дека најчесто тоа го прават спонзорушите. А потенцирав
Но реално гледано има и многу често бракови кои се склучуваат само поради детето
Значи тоа не значи за спонзорушите туку за останатите е тоа наменето.
 
Прочитај го уште еднаш мојот пост. Јас наведов дека најчесто тоа го прават спонзорушите. А потенцирав

Значи тоа не значи за спонзорушите туку за останатите е тоа наменето.

Нвм, не ми ја сфаќаш поентата. Уживај си;)
 
I sto ti e tuka nejasno,,,da sum sakal ne sum sakal,da bilo namerno ne bilo namerno...a da se plasam da zemam neplodna zena itekako se plasam..TOLKU.
--- надополнето: 17 октомври 2013 во 18:12 ---

Toa moze kaj tebe so molitvi,ama kaj mene so kesh druze i toa ne kaj kasapite tuku vo najdobra mozna vo gradot.

Кај касапите ?! o_O Што пишуваш човече?:facepalm:

он: Против, ако само бременоста е повод. :)
 
И нема да ти текне дека ти си можеби неплоден?
Не бе, он е машина со 100 % гаранција за плодност. Пошо две женски сјебал за следната е сигурен дека ќе ја оплоди.
 
Bi ti preporacal vaka na najkulturen mozen nacin da ne zabeguvas so muabetot ok,,fala ti mnogu.

Само колку за информација, можеш да станеш неплоден и подоцна во животот. (п.р заушки, висока температура, рак...) Би било во ред девојката да не те земе за сопруг ако ете на пример поради заушки си станел неплоден а одите да речам подолго време (5- 6 год)?

Се извинувам на офф топик
 
Не би сакала да влезам во брак трудна. Но ако се случи, нема бегање од тоа. Сепак и да останам трудна од партнерот, не би ми значел тој потпис во матично нешто посебно. Повеќе тоа би го направила за моето идно дете, од колку за мене. Ако со партнерот се слагаме и добро ни оди во врската, не ни е потребен баш тој потпис. И без него можеме да имаме неформален брак. И онака кај нас правно гледано, после две години заедничко живеење, ваквите партнерите имаат исти права и третман од државата, како и тие кои официјално стапиле во брак. Не знам ова колку е применливо во пракса, но законски е така.

На примериве околу мене најчесто тоа им се случува. Трудна е, па се земаат. Без разлика колку долго биле заедно, дали со години, дали со недели. Ај тие со години што се заедно, некако и можам да ги разберам, ама овие кои се само неколку недели заедно, како се одлучуваат за овој чекор, со некој кој не го ни познаваат добро, да треба да делат еден цел живот со него? Само затоа што е трудна?

Измамата на девојките кои кажуваат дека се трудни, само да се омажат, исто така не можам да ја разберам. Доколку нивниот партнер не сака да стапи во брак со нив, само поради нив самите, нели им е доволен доказ тоа оти тој не ги цени и почитува доволно? Не ги љуби доволно? Каков заеднички живот ќе треба да градат понатаму? Со лаги и измами цел живот ќе го поминат? Некој погоре спомна, на што ќе ги учат сопствените деца? Вистина, кои и какви примери ќе им даваат? Или пак можеби главна амбиција во животот им е да се омажат, па на „нормалниот“ начин никој не сака да ги земе, па ајде ќе лажираме бременост? Не е фер спрема партнерот таквиот однос. Кога со некој сакаш да стапиш во брак, тоа се прави од почит спрема истиот тој, меѓусебна доверба, разбирање, коректен однос, љубов. Таквиот потег покажува крајно непочитување кон тој човек, па и спрема целата негова фамилија. Па и спрема својата, не само неговата.

Сепак најмногу ми е жал за двојките кои стапиле во брак поради тоа што самите така одлучиле, но со години не можат да добијат деца. Жал ми е поради траумите, малтретирањата и стресовите кои ги доживуваат, додека се обидуваат, природно или вештачки да добијат дете. Уште повеќе ми е жал кога ќе се одлучат да посвојат дете, поднесуваат документи за посвојување, а чекаат со години и години да им се оствари желбата за чедо. Жал ми е кога ги гледам како им завидуваат на нивните најблиски кои уживаат во смеата на соствените деца, а тие не можат да го доживеат тоа. Навистина ми е жал...
 
I sto ti e tuka nejasno,,,da sum sakal ne sum sakal,da bilo namerno ne bilo namerno...a da se plasam da zemam neplodna zena itekako se plasam..TOLKU.

Значи од произнесеново тебе ти е битна само јајце клетката од цел комплексен организам. Јас си викам воопшто да не се малтретираш ни ти ни некоја да ја земаш на душа однесувајќи се кон неа како потенцијал за размножување, туку да си посвоиш дете - тоа ти е сигурна карта, нема промашај... мислам стварно.

Луѓе, ова со плодноста не е заебанција. Познавам два блиски случаи, а не знам колку не познавам каде жената е омаловажена (а во темнината на ноќта верувам и со ќотек) на страшен и чуден начин затоа што не можела да роди а и во двата случаи проблемот се испоставило дека е во мажот. Едниот заврши со развод, а во другиов случај жената очајно и на било каков начин, макар и со надри-алтернативен покушај сака дете, ама е попречена од големината на машкото его врз бројот на сперматозоиди на квадрат...
 
Најчесто е така. Мажот е крив, а жената го јаде стапот. Во буквална смисла.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom