Плаќаш по пресметка на сите заработени пари по приемот, а пријава поднесуваш еднаш годишно. Нема потреба од пријавување сметки и картички туку во УЈП поднесуваш даночна пријава во кои износите кои ги имаш наведено треба да се поклопат со нивните проверки на твоите трансакциски сметки.
Сега е рано но ако сте на ум да пријавувате, февруари-март другата година ќе ви дадам примери и објаснувања како се пополнува пријавата, а за плаќање нема ништо посебно - еве моја уплатница чисто како инфо.
Прегледај го приврзокот 74695
Генерално го разбирам ставот дека немора да се плаќа на ситни заработки но ако газите над 500 или дај боже 1.000 месечно никако не би си играл со тоа. Јас не би, а вие како сакате.
Од друга страна ако заработувате навистина многу тогаш секако треба да размислите и за варијанта за регистрација на фирма во кој случај пошто се работи за извозна услуга немате ДДВ, а данокот на добивка ќе го намалувате со секојдневните трошоци кои дефакто ги правите. Нормално, ова како комбинација би прошло само ако сакате да плаќате пензиско и здравствено, ако не тогаш нема поента од пријавување односно регистрирање на фирма.
--- надополнето: 15 октомври 2013 во 23:51 ---
Муабетот у круг цело време ... па и да ти испраќаат роднини и тие пари треба да ги пријавиш. Но ти треба да ДОКАЖЕШ дека роднини ти испраќаат. Како ќе го докажеш тоа? А ако чекаш да ти кажат нема да ти шепнат на увце туку ќе те поканат на информативен разговор ... мој другар поканија и весело си помина со тарашкање на сметки за 5 години наназад па казни па камати ц.ц.ц.