Заработка на интернет (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата HaRdToGeT
  • Време на започнување Време на започнување
25 % (y)

Уживај дека некој доброволно ќе го пријави својот приход, во краен случај тоа ќе биде само ако го фатат како другарти.

Затоа не не бива како држава. Секаков можен проток на пари што може да ти стигнат се обидуваат да ти ги оданочат. Ама ако економијата нема долго да издржи вака, парични средства се потребни :)

Друже парите се вадат од фивер картичката преку банкомат мислиш они ништо не гледаат. Ипак се работи за преголема сума од 7 000 долари. И да не се пофалиш ке те фатат сигурно. Шо мислиш ти ке го скриеш приходот што изнесува поише од 5 илјади евра и плус е дојден од друга држава ? Епа мисли си.
позз
 
Бев во УЈП сабајле. Тешко да се разбереш со тие таму.

1.Накратко кажано, за се си должен да платиш персонален данок. И тоа се пријавува максимум 15 дена по легнувањето на парите на сметка. 100 пати ако примаш пари, 100 пати треба да пријавуваш во УЈП. И на почеток на година се собира све на купче и си праиш математики за годишна даночна пријава.

2. За Пајонир и слично, секоја трансакција од банкомат се следи и доколку сумите кои се вадат станат доволно озбилни за некој да почне да се замара со нив, некој ќе ти чукне на врата еден ден и ќе те праша за потекло на парите.

3. Сметка во странска банка е забрането со закон.

4.Не знаеше да ми обајсни тој за самостојна дејност, и што спаѓа во тоа... ја му кажувам дека според нивниот закон на веб страната на ујп ако вршиш само самостојна дејност, без други приходи, тогаш не треба да поднесуваш годишна даночна пријава.... он ми вика не е така.

Значи исто ко до сеа, за мали суми као демек не се замараат, ама ако некој реши да се замара со тебе, си наебал.
Со некој адвокат исто планирам да контактирам.
 
Друже парите се вадат од фивер картичката преку банкомат мислиш они ништо не гледаат. Ипак се работи за преголема сума од 7 000 долари. И да не се пофалиш ке те фатат сигурно. Шо мислиш ти ке го скриеш приходот што изнесува поише од 5 илјади евра и плус е дојден од друга држава ? Епа мисли си.
позз

Аиии... Тоа сопствениците на станови колку пари земаат не пријавуваат ти ќе си пријавувал.. Што да ти кажам пријавувај :tapp:
 
Море со држава да си немаш работа, а каму ли со оваа. Вадам по неколку стотки и нема шанси да пријавувам, а не верувам дека ни они ќе направат проблем, е сега со огромни суми веќе со илјадарки не знам, се е можно, не ме чуди ако направат проверка и да ти стаса некој на врата, од тука очекувај се, нека не те чуди.
 
Не ме фаќајте за збор ама како што разбрав ако те фатат за прикривање данок (а не пријавување се класифицира како прикривање) 70% од сумата мораш да ја платиш.
 
Море со држава да си немаш работа, а каму ли со оваа. Вадам по неколку стотки и нема шанси да пријавувам, а не верувам дека ни они ќе направат проблем, е сега со огромни суми веќе со илјадарки не знам, се е можно, не ме чуди ако направат проверка и да ти стаса некој на врата, од тука очекувај се, нека не те чуди.

за долари прајш муабет или денари?
 
За неколку стотки, работам на PTC сајтови...:ROFLMAO: Се зезам, за долари викам :)

Хехе добро :)
Вака, генерално, сум за да си платиме поштено. Ама зошто бе не е ништо јасно и гласно решено законски? Ги има некаде интернет заработките и плаќањата регулирани во закон. Колку шо знам јас не. И како што кажа некој погоре, треба ваквите примања да се ослободени од данок, кај сме нашле некој динар да вадиме да го крпиме и онака слабиот животен стандард, тие уште данок ќе ни бараат. Нека кажат официјално што, кога и како, па и ние ќе се потрудиме од наша страна. А не вака, кога ништо не се знае, ќе одам сега јас, едина будала, ќе се мачам да дознавам како да сум плател данок. Non sense...да правиме илјадници евра месечно, верувам сами ќе не најдат. Се додека работиме со суми од 100-200 евра, мислам дека не им се исплаќа сеуште барем, да се замараат со нас.
 
Така е, ама ништо не е тука во ред не па ова да биде, исто и со царината е, не им се знае ни ред ни правила ништо, ти царинат производ како што ќе им текне, нема смисла ова. Иначе добро е што има луѓе кои што работат од страна за да придонесат огромен приход во Македонија, се подобрува економијата иако не се огромни цифри но има доста луѓе кои што внесуваат пари тука преку страни како fiverr и сл.
 
Ај да споделам некој вид на искуство со вас : )
Работам на еден сајт кој се вика Neobux еден од најстарите ако не и најстар PTC сајт со веќе 7 години историја и 100% сигурност.
Значи вака сигурно знаете што е финтата со овие РТС сајтови и слични работи .. а тоа е мал профит за нас а голем за администраторот на сајтот.
Вака стојат работите ... на овој сајт имате дневно околу 30 реклами кои се гледаат во 2-3 секунди .. се што треба да направите е да ја отворите почекате и гасите .. добро е тоа што доколку немате време некој ден да кликате на 30те реклами ( кои во просек зимаат 5 минути од вашето време) приоритетни се 4 реклами(портокалови) кои се водичи на вашиот профит .. од друга страна на сајтов има и опција AdPrize некој си вид на награди и тоа доста добри доколку се ангажирате .. нема потреба од должење следува линкот за бесплатна регистрација и уверете се сами

http://www.neobux.com/?rh=5033726B616E

Инаку имам разговарано се еден хрват кој е прв на ранг листа од балканот во освоени пари ... ликол планира да ја остави работата и да се посвети на оваа интернет заработувачка... поз и обратете ми се доколку имате нешто нејасно.
Она што морате да го направите е секојдневно да ги гледате рекламите и да бидете упорни и со сигурност по некое време ви гарантирам заработка од 20-30$ дневно..
Поздрав !
 
sloth-no.gif
 
Хехе добро :)
Вака, генерално, сум за да си платиме поштено. Ама зошто бе не е ништо јасно и гласно решено законски? Ги има некаде интернет заработките и плаќањата регулирани во закон. Колку шо знам јас не. И како што кажа некој погоре, треба ваквите примања да се ослободени од данок, кај сме нашле некој динар да вадиме да го крпиме и онака слабиот животен стандард, тие уште данок ќе ни бараат. Нека кажат официјално што, кога и како, па и ние ќе се потрудиме од наша страна. А не вака, кога ништо не се знае, ќе одам сега јас, едина будала, ќе се мачам да дознавам како да сум плател данок. Non sense...да правиме илјадници евра месечно, верувам сами ќе не најдат. Се додека работиме со суми од 100-200 евра, мислам дека не им се исплаќа сеуште барем, да се замараат со нас.

Пак истото го тврдите дека не било регулирано. Не е точно, регулирано е и треба да се плаќа. Што појасно треба од тоа дека се што заработуваш мора да биде пријавено?

Бев во УЈП сабајле. Тешко да се разбереш со тие таму.

4.Не знаеше да ми обајсни тој за самостојна дејност, и што спаѓа во тоа... ја му кажувам дека според нивниот закон на веб страната на ујп ако вршиш само самостојна дејност, без други приходи, тогаш не треба да поднесуваш годишна даночна пријава.... он ми вика не е така.

Со некој адвокат исто планирам да контактирам.

Каде тоа си го прочитал на нивниот сајт, може линк или да го ископираш текстот? И подобро советувај се со сметководител, зошто со адвокат? Но џабе дополнителни консултации ... да не плаќаш може да протолкува само некој кој не си ја знае работата. Оние кои си ја знаат јасно стојат на ставот дека треба да се плаќа, впрочем истиот став кој го има и УЈП.
 
Пак истото го тврдите дека не било регулирано. Не е точно, регулирано е и треба да се плаќа. Што појасно треба од тоа дека се што заработуваш мора да биде пријавено?

Каде тоа си го прочитал на нивниот сајт, може линк или да го ископираш текстот? И подобро советувај се со сметководител, зошто со адвокат? Но џабе дополнителни консултации ... да не плаќаш може да протолкува само некој кој не си ја знае работата. Оние кои си ја знаат јасно стојат на ставот дека треба да се плаќа, впрочем истиот став кој го има и УЈП.

Абе брат, нека се плаќа, ама по која основа? Како што ќе се пишиш таму, треба ли сметка/картичка да пријавиш кај шо ги примаш парите? Ти да си во таа ситуација кажи што ќе направиш? Делуваш како се да знаеш, точно и јасно, дај објасни ако не и за нас глупите тука шо појма немаме од правно-економски поими.
 
Море со држава да си немаш работа, а каму ли со оваа. Вадам по неколку стотки и нема шанси да пријавувам, а не верувам дека ни они ќе направат проблем, е сега со огромни суми веќе со илјадарки не знам, се е можно, не ме чуди ако направат проверка и да ти стаса некој на врата, од тука очекувај се, нека не те чуди.

Aко гледаме така тогаш незаконски е фирмите да вршат плаќање на рака, па пак го прават тоа. Јас викам терајте дур не ви кажат, сеуште не е толку стегнато пошто во Македонија како закон го има на хартија во пракса 70% од работите не се применуваат.

На пример има закон да не се плука, да не се фрла цигара, да се поминува само на пешачки. Кажи колку од народот ова го почитуваат? 2 %.

На крај краева ќе речеш роднини ми праќаат пари на овој начин, не сум знаел ова она.
 
Абе брат, нека се плаќа, ама по која основа? Како што ќе се пишиш таму, треба ли сметка/картичка да пријавиш кај шо ги примаш парите? Ти да си во таа ситуација кажи што ќе направиш? Делуваш како се да знаеш, точно и јасно, дај објасни ако не и за нас глупите тука шо појма немаме од правно-економски поими.

Плаќаш по пресметка на сите заработени пари по приемот, а пријава поднесуваш еднаш годишно. Нема потреба од пријавување сметки и картички туку во УЈП поднесуваш даночна пријава во кои износите кои ги имаш наведено треба да се поклопат со нивните проверки на твоите трансакциски сметки.
Сега е рано но ако сте на ум да пријавувате, февруари-март другата година ќе ви дадам примери и објаснувања како се пополнува пријавата, а за плаќање нема ништо посебно - еве моја уплатница чисто како инфо.

Untitled-1.png

Генерално го разбирам ставот дека немора да се плаќа на ситни заработки но ако газите над 500 или дај боже 1.000 месечно никако не би си играл со тоа. Јас не би, а вие како сакате.
Од друга страна ако заработувате навистина многу тогаш секако треба да размислите и за варијанта за регистрација на фирма во кој случај пошто се работи за извозна услуга немате ДДВ, а данокот на добивка ќе го намалувате со секојдневните трошоци кои дефакто ги правите. Нормално, ова како комбинација би прошло само ако сакате да плаќате пензиско и здравствено, ако не тогаш нема поента од пријавување односно регистрирање на фирма.
--- надополнето: 15 октомври 2013 во 23:51 ---
Aко гледаме така тогаш незаконски е фирмите да вршат плаќање на рака, па пак го прават тоа. Јас викам терајте дур не ви кажат, сеуште не е толку стегнато пошто во Македонија како закон го има на хартија во пракса 70% од работите не се применуваат.

На пример има закон да не се плука, да не се фрла цигара, да се поминува само на пешачки. Кажи колку од народот ова го почитуваат? 2 %.

На крај краева ќе речеш роднини ми праќаат пари на овој начин, не сум знаел ова она.

Муабетот у круг цело време ... па и да ти испраќаат роднини и тие пари треба да ги пријавиш. Но ти треба да ДОКАЖЕШ дека роднини ти испраќаат. Како ќе го докажеш тоа? А ако чекаш да ти кажат нема да ти шепнат на увце туку ќе те поканат на информативен разговор ... мој другар поканија и весело си помина со тарашкање на сметки за 5 години наназад па казни па камати ц.ц.ц.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom