Прашање за Христијанството III

Член од
9 септември 2013
Мислења
159
Поени од реакции
73
Зошто се обидуваш да ги разубедуваш верниците,нека си веруваат како сакаат и во кого сакаат.И илјадници докази и откритија да им презентираш тие ќе останат на својот тврд став.
Целите мои не се оние за тоа да го намалам бројот на верници од христијанска вероисповест,туку за тоа што сакам да кажам зошто јас верувам во нешто сосема различно од она во кое они веруваат.Со секој контракоментар или реплика се напаѓа мојот став,треба ли да користам аргументи да го одбранам или туку така да го предадам мечот!?
Ајде и ние да започнеме да создаваме живи суштества од кал,или пак од тие праисториски коски,да ги уништиме со тоа што ќе создадеме луѓе или живи суштества,така ќе нема докази дека некогаш постоеле различни форми додека дојдеме до овој хомо сапиенс.Но прашањето е како од кал да направиме човек,ни со оваа напредна технологија неможе,а не пак некоја невидлива сила(и непостоечка) тоа да го изведе.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Зошто баш таму,
А зошто па на друго место? :) Па каде и да ја создал Бог Едемската градина, секој би можел да праша: „Е зошто баш таму“, нели?

Имињата се земени од хебрејскиот јазик,значи имињата се измислени.
Не сфаќам како доаѓаш до заклучокот дека ако имињата се земени од хебрејскиот јазик, тогаш се измислени. А според тебе, од кој јазик би требало да се земени за да не бидат измислени? И каква врска има јазикот со „измислувањето на имињата“?

(Јас мислам дека приказната беше(за имињата и нивното потекло)друга,но нема врска)
Не е друга. Изгуглај и ќе видиш дека тоа значат имињата.

Значи господ бог шивее во небесата ама се спуштил на земјата да го создаде човекот исто како што го скина плакатот!?
Не го разбирам прашањево.

Дајте ве молам па има материјални докази(пр.коски) дека човекот постоел односно евоулирал,како што евоулирале сите живи суштество во тоа време да дојдат во ваква форма во која што се денес.

Напротив, сите материјални докази (фосили) покажуваат дека човекот не еволуирал, како што не еволуирале и сите останати животни. Дарвинизмот не е научна теорија, туку натуралистичка идеологија, натуралистичко објаснување за постанокот на животот во отсуство на Создател.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Тоа што е кажано од Св. Ефрем, никој во Црквата не го негира. Ако внимателно го прочиташ Постанокот, ќе видиш дека Мојсеј запишал оти еден ден трае така што почнува ноќта а се завршува со наредниот ден, односно еден ден од Постанокот изнесува колку и едно ноќодение, она кое денес го броиме како деноноќие, согласно астроносмското сметање на денот. Во Црквата, според начинот на кој се уредени молитвите и според начинот на кој живеат манастирите, денот се‘уште почнува со ноќ а завршува со наредниот ден, така да денес веќе сме вторник, оти ноќта веќе е падната а црковниот вторник ќе трае до утре попладне, до вечерната молитва, некаде кај 16.00-17.00 ч.
A шо прат православните на и околу северниот пол каде деноноќијата се сменуваат и до 6 месеци?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
A шо прат православните на и околу северниот пол каде деноноќијата се сменуваат и до 6 месеци?
Бог не ги гледа нештата како човекот-субјект: од Земјава кон небото. Кога Он одредувал дека Сонцето и Месечината ќе бидат граничници за денот и ноќта, таа и таква одредба се однесува за целата Земја и за се‘ на Земјава. Плус, времето во кое Он ги одредувал улогите од Сонцето и Месечината е време во кое се‘уште нема(ло) луѓе на Земјава. Плус, првичната Земја била битно поинаква во денешнава: на тогашната Земја, климата била воедначена по целата земјина површина.

Просто кажано, 6 мес. ден или 6 нес.ноќ, гледани од земјините полови, не менуваат ништо битно во Божјото уредување на Светов и животов. Потенцијалните православни жители на половите би го мереле денот и ноќта на вообичаениот начин, како што е уредено во Црквата.
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192

Да така пишувале Црковните Отци:pos: ,тогаш била земјата плоча,ама при крај на светот ќе дојдат неверниците и ќе шират ерес дека Земјата е топка и дека се врти околу Сонцето заедно со својот сателит Месечината и останатите планети.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Да така пишувале Црковните Отци:pos: ,тогаш била земјата плоча,ама при крај на светот ќе дојдат неверниците и ќе шират ерес дека Земјата е топка и дека се врти околу Сонцето заедно со својот сателит Месечината и останатите планети.
Наведи барем едно име од некој од Светиите, кој учел дека Земјава е плоча...
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Наведи барем едно име од некој од Светиите, кој учел дека Земјава е плоча...
Наведи дека не е така,дека Црквата учела здрава наука :facepalm: а додека мислителите како Коперник,Галилеј верувале дека Земјата е плоча:confused: .Залудно ли умреа за време на инквизицијата прогласувајќи ги за вештери и соработници на ѓаволот.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Наведи дека не е така,дека Црквата учела здрава наука :facepalm: а додека мислителите како Коперник,Галилеј верувале дека Земјата е плоча:confused: .Залудно ли умреа за време на инквизицијата прогласувајќи ги за вештери и соработници на ѓаволот.
Реков: наведи ми име од некој од Светиите, во чие учење е наведено дека Земјава била плоча. Што кажал Галилеј, што кажале Коперник или Бруно или што правела инквизицијата од римската Црква, тоа е друга тема.
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Реков: наведи ми име од некој од Светиите, во чие учење е наведено дека Земјава била плоча. Што кажал Галилеј, што кажале Коперник или Бруно или што правела инквизицијата од римската Црква, тоа е друга тема.
Еве ти линкови на делата на Црковните Отци за рамната земја,кои официјалната Црква ги прифатила и заради нив настанал сукоб со Џордано Бруно и останатите кои докажувале за сферичната Земја http://www.ccel.org/ccel/schaff/anf07.iii.ii.iii.xxiv.html http://www.ccel.org/ccel/schaff/npnf204.vi.ii.i.xxvii.html http://books.google.co.uk/books?id=BTI9AAAAIAAJ&lpg=PA211&vq=severianus&dq="History of the Planetary Systems from Thales to Kepler"&pg=PA211#v=snippet&q=severianus&f=false Верувам дека ти се доволно тројца.
 
Член од
9 септември 2013
Мислења
159
Поени од реакции
73
А зошто па на друго место? :) Па каде и да ја создал Бог Едемската градина, секој би можел да праша: „Е зошто баш таму“, нели?
Не сфаќам како доаѓаш до заклучокот дека ако имињата се земени од хебрејскиот јазик, тогаш се измислени. А според тебе, од кој јазик би требало да се земени за да не бидат измислени? И каква врска има јазикот со „измислувањето на имињата“?
Не е друга. Изгуглај и ќе видиш дека тоа значат имињата.
Не го разбирам прашањево.
Напротив, сите материјални докази (фосили) покажуваат дека човекот не еволуирал, како што не еволуирале и сите останати животни. Дарвинизмот не е научна теорија, туку натуралистичка идеологија, натуралистичко објаснување за постанокот на животот во отсуство на Создател.
Гледам дека спроти мене стои човек кои има голема интелектуална способност и е многу приврзан со религијата и таа поврзаност не би ни помислил да ја растурам.
Потоа прашање како од сите 2 бели особи-Адам и Ева настанале и црнците и жолтите луѓе односно лугето кои немаат бела кожа?Како тие со црвена боја на кожа(индијанците)биле сместени скроз на другиот крај на светот каде што само преку морски пат можело да се дојде на тоа копно,секако наете каде настанале првите цивилизации,а една од тие е и во латинска америка.Постоле повеќе групи на човеколики мајмуни,како што и денес постојат,ако не се лажам тоа се шимпанзото,горилата и орангутанот,но ние како луѓе не сме настанале од нив,затоа што и ден денес постојат секако,туку од други групи на човеколики мајмуни кои денес се дојдени во ваква состојба во која што сме ние дојдени односно современи луѓе.
Ако воопшто некаде постоела таа едемска градина,мислам дека се наоѓала во денешна европа затоа што преку тие студени зими доаѓало до замрзнување на слатководните води и луѓето можеле да потуваат по континентите односно преку замрзнатите водни површини до некоја копнена,мислам дека ќе ме сфатите.
За приказната нема да коментирам затоа што веќе кажав дека мислам Адам значи или земја или нашиот создавател,а Ева би значела другото,секако ако Адам би значело едното,не сум сигурен во моите извори на информирање во контекст на ова прашање.
Ако сте расположени некогаш за детална дискусија слободно затоа што би сакал да ги согледам вашите ставови и мислења,бидејќи ми дадовте одговори какви што не очекував искрено :)
 
Член од
28 август 2008
Мислења
2.321
Поени од реакции
538
Наведи барем едно име од некој од Светиите, кој учел дека Земјава е плоча...
Daniel 4, 7-8 - "Pogledam, kad evo jedno stablo usred zemlje vrlo veliko. Stablo poraste, postade snažno, visina mu doseže nebo, vidjelo se s krajeva zemlje."

Po Mateju 4, 8 - "Đavao ga onda povede na goru vrlo visoku i pokaza mu sva kraljevstva svijeta i slavu njihovu."

Job 38, 12
Zar si ikad zapovjedio jutru, zar si kazao zori mjesto njeno, da poduhvati zemlju za rubove i da iz nje sve bezbožnike strese; da je pretvori u glinu pečatnu i oboji je k'o kakvu haljinu.

Mozda se ovie tie citati.

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Daniel 4, 7-8 - "Pogledam, kad evo jedno stablo usred zemlje vrlo veliko. Stablo poraste, postade snažno, visina mu doseže nebo, vidjelo se s krajeva zemlje."

Po Mateju 4, 8 - "Đavao ga onda povede na goru vrlo visoku i pokaza mu sva kraljevstva svijeta i slavu njihovu."

Job 38, 12
Zar si ikad zapovjedio jutru, zar si kazao zori mjesto njeno, da poduhvati zemlju za rubove i da iz nje sve bezbožnike strese; da je pretvori u glinu pečatnu i oboji je k'o kakvu haljinu.

Mozda se ovie tie citati.
Наведените стихови воопшто не се однесуваат на плочеста земја: поимот „земја„ од стиховите не се однесува на Земјата како небесно тело/планета, туку на одреден предел, наведен во контекст на главите од кои се извадени цитатите.

Ѓаволот не ги покажал навистина сите царства на Земјава, туку само покажал дека има влијание врз нивните владетели.

Поимот „рабови„ не се однесува на рабовите од некоја површина, туку рабовите ја покажуваат ограниченоста од земјината површина.
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.701
Поени од реакции
34.239
Постои ли и кај нас танц за скротување на временски непогодби?
У журба сум.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Еве ти линкови на делата на Црковните Отци за рамната земја,кои официјалната Црква ги прифатила и заради нив настанал сукоб со Џордано Бруно и останатите кои докажувале за сферичната Земја http://www.ccel.org/ccel/schaff/anf07.iii.ii.iii.xxiv.html http://www.ccel.org/ccel/schaff/npnf204.vi.ii.i.xxvii.html http://books.google.co.uk/books?id=BTI9AAAAIAAJ&lpg=PA211&vq=severianus&dq="History of the Planetary Systems from Thales to Kepler"&pg=PA211#v=snippet&q=severianus&f=false Верувам дека ти се доволно тројца.
1. Посочените линкови се прецизни: ги наведуваат Оците од раните векови, поточно Оците до 4-от век, кои го превзеле учењето за Земјава согласно тогашниот геоцентричен светоглед, што значи дека Оците не измислиле ништо нови, туку ради нивното световно образование, само го превзеле она учење кое во нивното време (доцна антика) веќе били општо прифатен начин на гледање на Светов. Со завршетокот на 5-от век, како крај на антиката, подоцнежните Свети Оци го напуштаат влијанието од световните учењата од античкиот период и нивните учења се насочени кон човековата духовност. Треба да имаме на ум дека раните Свети Оци го гледале Светов само од Земјава, исто како што тоа го чинам и јас денес: јас ги гледам нештата како субјект од Земјава е не од некое небесно тело. Или, како што вели еден од Учителите на Црквата од 20-от век, блажениот Серафим: „...Ние не можеме да разлислуваме апстрактно...„. Хелиоцентирчниот светоглед е модел од тоа апстрактно гледање на сончевиот систем, кој не може да се објасни сетилно и разумно, туку само со доза од апстрахирање и објективизирање.

2. Приказната за Бруно ја наведуваш во погрешен контекст: Бруно не е суден и осуден заради неговиот хелиоцентризам и „топчестата„ Земја, туку заради неговиот нео-паганизам.
Према томе, не дошол Бруно во судир со учењето од раните Свети Оци, туку се работи за судир на два светогледи: геоцентричниот, кој му е припишан на Птоломеите а не на Светите Оци, кои само го превзеле геоцентричното учење, и хелиоцнетричниот, кој е припишан на Галилеј и Коперник.

Патем кажано, хелиоцентризмот веќе е надминат така да е повеќе од јасно дека Земјава не се „врти„ околу Сонцето по кружна патека, туку дека и Земјава и Сонцето кружат околу центарот од Млечниот Пат по просторно-спирална патека.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Kajgana Shop

На врв Bottom