Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Шо ти е јасно бе Дејв? Демек гледам само блокбастери и овде имало дискутабилно ефекти за сајфај и го хејтам? Елаборирај ајде.

Па јас си прашав прееска што е фрката.....ти не ми одговори, на волеј овде ме дочека....а вчера ми викаш - не го гледај филмот.....ј
 
Па јас си прашав прееска што е фрката.....ти не ми одговори, на волеј овде ме дочека....а вчера ми викаш - не го гледај филмот.....ј


Па ти оставив линк до рецензијата зошто не ми се допаѓа, а со Ио ова ни е како хоби. Еве 2-3 години го вергламе филмот, кога снемува дискусии. :D
Вистината е што ни фали LOST, ништо друго.

Neli, love?

Edit: Poso skorpi e seljak ide na ignore, iako sum moderator. Dzimay, vnimavaj na deckovo. Duri koga spies. :D
 
Не почнувај сега со „толку слични а толку различни“ фори, не ме фаќаш веќе на емоции.

Speaking of emotions:
6x15-Across-The-Sea-HD-lost-12127325-1280-720.jpg

Пацифик Рим е меѓу најдобрите филмови кои се снимени ко да нема ден. Повеќе ноќни сцени има од сите Петок 13-ти филмови заедно. И она синото што требаше да биде као крв нешто, многу чудно срање од ефект.

И не, не е ова хејт. Имаше барем малку хумор во филмот, за разлика од повеќето денешни блокбастери. Можеби затоа си му дал 8ка, од радости... :coffee:
 

"Another Shit Рецензија" more like it.

Филмот не мора никој да го импресионира. Тоа што мене ми оставил впечаток нити е потребно да ти објаснувам зошто нити е потребно да разбереш. Тоа што се обидуваш тролаџиски да се извлечеш секаде каде што ти фали макар грам аргумент на твоја страна повеќе говори колку го почитуваш форумот како член (подфорумов не е ЧДА), и твојата фунцкија овде како модератор. Исмевањето нечии импресии за филм е прениска реакција за еден модератор на Филм и ТВ. Јас лично барем, не сум видел останатите модератори така да се однесуваат. Што ме става во ситуација да го ставам под знак прашање фактот што воопшто бараш на таа функција, таман си беа старите модератори.

За твојата таканаречена рецензија - Проблемот е што го продаваш филмот како да е најголемото срање кое си го гледал до сега (јебига, твој вкус за филмови, не сме сите исти) а филмот е далеку од тоа со оглед на реакциите на сите до сега со кои сум го дискутирал филмов (а различни жанрови и типови филмови им се омилени). Филмот во најмала рака ќе пројде како просечен кај било кого (дали е фан на драми, на мистика, или sci-fi). Баш дека е инди филм, не требаше толку глупости да трескаш под изговор како твои критики, како филмот да целел да биде следниот Господар-на-Прстените-тип-на-блокбастер. Целосно ти е промашена поентата на рецензијата, и нема плодна причина зошто би ја нудел на некој кој се уште не го гледал филмот демек да им заштедиш време и нерви. Да беше некоја B-класа хорор, па да разберам, ама овој филм? Претеруваш.

Инаку фала за игнорот, и така не можам тебе да те ставам на игнор Ваше модераторско Височество, па ви благодарам што ми ја завршивте таа работа и на мене.
 
"Рецензијата" на wot уствари не е рецензија на филмот, повеќе е рецензија на амбалажата, трејлерот, маркетингот, категоризацијата... Влезница да платеше за кино немаше да плаче толку. :cautious:
 
Туку можеби ќе навлезам во спојлери, па you know.. на ваш ризик и слично. Минимални сепак, ништо повеќе од обичен трејлер што содржи. Oдкај да почнам.. А, му се допаднал на Иосоно.
Во три десетини од постов уствари пишуваш за филмов....другото класично хејтање од други икс причини, што не викам дека е лошо (понекогаш и јас си играм така), ама не е објективно. Го болдирав делот кој е клучен во целава рецензија....мислам дека се должи на некакви нерасчистени должничко-доверителски односи меѓу првото лице и второто лице (во стилот на Иво Котевски) и поради тоа оценката е немеродавна...единствено делот кој ти е посветен на научната страна на филмов мислам дека е коректен - што не мора ништо да значи (приказната во Терминатор на пример би се одвивала безброј пати и во голема мерка, на страна машини и слични срања, од физички аспект е нон-сенс, ама двојката е брилијантен филм)....другото мислам дека ти е некоректно, посебно она што се однесува до сценографиите исл. - сепак се работи за ниско-ниско-буџетен филм....
 
Јес да и јас сум буцкало, и знам да делувам арогатно понекогаш, иако повеќето ми е терање сеир - интерен хумор со активните членови...ама вие малце забегавте или мене така ми се чини?

Тука барем во овој подфорум никад немало до волку натегање. Мада еве како пример, Хоуп, иако имавме дискусија по пп во која и појаснив зошто ја "напнаднав" во постот каде што го изгруга Кјубрик, вчера пак ме пецна и ми префрли како не сум требал така да се понашам, мислам ептен далеку идете. Од првиот мој пост во дискусијата со неа, па се досега осеќам некое натегање, и мала поделеност на форумов.....префрлање за дискусија која претходно ни беше сосема нормална и не се зимаше све здраво за готово, ајде малце опуштено, да не беше филм подфорумот немаше да делува лошо, вака тапа сме ептен....

Eве нешто да ве расположи малце :)

 
Може торент од Еlysium оти од замунда тој го чекам 10 минути connecting to peers -.-
 
Despicable Me двојката-комедија на годината. Дури гордо ќе кажам дека до сега за мене е најомилен филм годинава.
 
Само шо се вратив од Гравитацијата у Милениум. Нема да отиде 10-че од мене, далеку од тоа, но има цврста и зацементирана јака осумка за прекрасната кинематографија, одличните ефекти, музиката квалитетна и интересното сценарио. Ќе лапа Оскари :cool:

Крајот ептен онака ме бендиса :D
 
Ај и јас да ви направам гужва, не дека не си терате муабети де :) во контекст сум.

Синедејс објавува конкурс за филмска критика


12-то издание на фестивалот на европски филм CINEDAYS,ќе се одржи во периодот од 14 – 23 ноември, 2013 година.

Во информацијата за најавата на фестивалот се вели: „Питорескна филмска програма, музички концерти, изложби, работилници, предавања, презентации, гости…,импрегнираното и препознатливото за CINEDAYS… оваа, 2013-та,го надополнуваме со конкурс за најдобра филмска критика наменет за сите љубители на филмот кои би сакале да придонесат со својот личен критички осврт кон најновите европски филмски остварувања.
Конкурсот е од отворен карактер, добредојдени се сите кои би сакале да го прикажат својот неокриен потенцијал и талент за пишување во овој специфичен новинарски израз.
Текстовите не би требало да се подолги од една односно повеќе од 70тина реда текст.
Наградата за најдобрата филмска критика ќе изнесува 20.000 денари, а ќе ја додели тричлено жири. Конкурсот важи за филмовите во натпреварувачките програми на фестивалот, Официјалната селекција како и селекцијата Cine Balkan.

За пријавување, ве охрабруваме да испратите електронска порака на нашата e-mail адреса: contact@cinedays.com.mkза што очекувајте скор одговор за вашето акредитирање“.
Рокот за пријавување е 10 ноември.
 
излезе торент на man of steel го има на 6.6 гига, и се мислам да го симнам, го видов sample-то снимката и аудиото е ок, ама на омотот вика дека е 3D, е сега дали ако се рипува од 3D на обичен видео формат од 6.6 гига ке има некои блур ефекти кои нетреба да ги има у најнормално HD - риповано?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom