Од денес во понудата Balkanika HD за оние кои го имаат HD пакетот и нормално нема никакво известување. Не е прв пат да пуштаат нов или да исклучат некој канал.
Оној ресивер ADB 2840 C си повлече софт, на место (2) МТВ2 стои SK Golf, на место (3) МТВ3 Собраниски е Balkanika HD. Сега во листата воопшто ги нема МТВ 2 и 3?
Токму заради неможноста на ADB да се направи сопствена листа, да се бришат канали (некои не сакам да им го видам името а не да ги гледам) или воопшто штуро мени. Затоа барав на интернет софт за овој ресивер, го има не бугарски форуми. Проблем е на оние што го смениле не можат потоа да ги најдат каналите, едноставно близу се заштитил и она што е сакале или не мора да го имаме.
Да се вратам, се јавив во тој кориснички центар, рече девојката исклучи од струја. Исклучив, почна да повлекува софт и повторно ги нема МТВ 2/3, рече околу 9:30 ќе се јават да видат дали е се во ред и јас како да немам друга работа освен да чекам да се јават. Да го знам само оној кој е задолжен за овие промени на каналите па да му го треснам ресиверот од глава. Мал милион ресивери поминале преку мои раце, но некој дебил кој едноставно нема познавање од оваа бранша, да си игра играчки не иде. Не е решение врати фабрички подесувања па прескенирај канали, едноставно не сакам да се замарам со тоа кога веќе така направиле тие да управуваат со листата на канали нека го направат тоа како треба.