Да, релативно често се “ бизниси“ каде за брзо време и малку труд се заработува пари.
Што е најинтересно не е секогаш превара, едноставно не се склопени сите коцки во приказната.
Беа чинчилите, да, за кои бев доста загреан, па едно време беа ( барем кај мене ) ноевите, па после полжавите итн..
Само добра анализа и барање искуства. Јас истражуваав доста и по форуми, барем во соседството, Србија, Хрватска ( пошто кај нас беа нови работи )
И така ќе дознаеш дека едно јајце од ној пример во Европа кошта 50 евра, што тебе не ти значи многу пошто немаш ти каде го продадеш тука. Или кгр месо од ној , ако не грешам 25 евра, ама во Мк не можеш да го продадеш толку, а за извоз едноставно дознаваш дека немаш регистрирана кланица.
Слишно беше и со другите работи.
Така да, окулу Пауловнијата, би требало да се анализа каде може да се продаде реално, понатаму како би се аклиматизирало дрвово во наши климатски услови....