Најекономично греење и ладење

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.359
Замислете само колку енергија ( а со тоа и струја) му е потребно да ја доведе водата на пример од 14 до 50 степени, а колку му е потребно да ја одржава на 50 степени, посебно кога нема никој дома и нема влези излези од собата каде се грее.
Едно од погодностите со изборот на подно греење како грејно тело, наспроти стандарните радијатори, е во тоа што кошулицата од подот станува термо-акумулациона маса. Така да во случаите кога никој нема дома, и системот се подеси на 6-7с пониска температура (на пример од 25с на 17-18с), подот ќе се излади и потоа попладне му треба време за пак да се загрее. Ова ваљда зависи од изолацијата под подното греење и од дебелината на кошулицата каде се наоѓаат цевките за хидропонскиот систем.

Наспроти тоа, радијаторите или фен којлерите не се така инертни, и за релативно кратко време можат да ги загреат назад тие неколку степени, од 17-18с до некои 24-25с.

Сепак со ова намалување од неколку степени, не со целосно исклучување, би требало да се остваруваат одредени заштеди, во теорија...
Нормално, целиот овој муабет е ако претпладне нема никој дома. Во спротивно нема поента муабетов.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.067
Поени од реакции
23.511
Проблемот во изборот на подно греење како грејно тело, наспроти стандарните радијатори, е во тоа што кошулицата од подот станува термо-акумулациона маса. Така да во случаите кога никој нема дома, и системот се подеси на 6-7с пониска температура (на пример од 25с на 17-18с), подот ќе се излади и потоа попладне му треба време за пак да се загрее. Ова ваљда зависи од изолацијата под подното греење и од дебелината на кошулицата каде се наоѓаат цевките за хидропонскиот систем.

Наспроти тоа, радијаторите или фен којлерите не се така инертни, и за релативно кратко време можат да ги загреат назад тие неколку степени, од 17-18с до некои 24-25с.

Сепак со ова намалување од неколку степени, не со целосно исклучување, би требало да се остваруваат одредени заштеди, во теорија...
Нормално, целиот овој муабет е ако претпладне нема никој дома. Во спротивно нема поента муабетов.
Зошто воопшто би го намалил, која е поентата на сето тоа.
како што рече подот е термоакомулациона маса. Зошто би ја ладеле за неколку степени само затоа што нема да бидете дома неколку сати. Што планирате да постигнете со тоа што ке ја намалите температурата на собата неколку степени. Подобро е за цвеќињата, на мачето да не му биди жешко, папагалот се поти ?
Што?
 
Член од
15 јануари 2013
Мислења
89
Поени од реакции
50

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.359
http://energija.com.mk/mkd/kalkulator.php

Se prashuvam zoshto tuka vika deka energetskata efikasnost na drvo e 65% a vo pdf-ot e 30%
Bi bilo bash fino ako ima vakva tela posvetena samo na elektrichni grejni tela
Зошто во најголемиот дел од печки на пазарот ефикасноста е тука некаде, накај 30%. Другото се реклами и чисто лажење. За поголема ефикасност е потребно секундарно согорување, прогуглај малку за wood stoves efficiency и прочитај си и сам.
--- надополнето: 7 октомври 2013 во 15:45 ---
Зошто воопшто би го намалил, која е поентата на сето тоа.
како што рече подот е термоакомулациона маса. Зошто би ја ладеле за неколку степени само затоа што нема да бидете дома неколку сати. Што планирате да постигнете со тоа што ке ја намалите температурата на собата неколку степени. Подобро е за цвеќињата, на мачето да не му биди жешко, папагалот се поти ?
Што?
Ma jaс секогаш имам некој дома и кај мене никогаш не се гаси греење.

Само велам дека во тој случај кога во домот секое претпладне нема никој, можно е да се оствари некаква заштеда со намалување на температурата (не со исклучување). Мене лично поубаво ми е за спиење на нешто пониска температура, накај 18с, така да спиење + претпладне излегуваат 16тина саати со намалена потрошувачка дневно, а тие 6-7 степени не се толку тешки за постигнување (се мести системот да се вклучи еден саат пред да се вратат дома домаќините). Значи не заради цвеќињата, папагалот или мачето, туку заради парите... :)
Во тој случај класични радијатори би биле посоодветни од подно греење.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
http://energija.com.mk/mkd/kalkulator.php

Se prashuvam zoshto tuka vika deka energetskata efikasnost na drvo e 65% a vo pdf-ot e 30%
Bi bilo bash fino ako ima vakva tela posvetena samo na elektrichni grejni tela
Дрвото во обичните печки согорува со голем вишок на воздух, ложењето не е контунирано и постојано треба да се следи согорувањето и постојано треба да се регулира дотокот на воздухот, промајата во ложиштето е природна и тешко се регулира
Подобри резултати можат да се добијат при согорување на дрво во поголеми печки на пример за централно греење на згради, ако се постави вентилатор и цело време се контролира согорувањето.
Така да сосема е коректна проценката од 30% искористување. Ако успеете да искористите повеќе тоа е супер.
 
Fala za odgovorite momci, ja se istripav deka merkava oznachuva kolku od kalorimetriskata vrednost na drvoto zavrshuva kako toplinska energija (shto sega gledam deka nema smisla)

Samo edno prashanje okolu merenjeto na efikasnosta: ako klima so 300% efikasnost zagree soba do 25c i kjumbe so efikasnost 30% zagree na ista temperatura - dali vremeto na opagjanjeto na temperaturata (do nefkoja referentna vrednost) posle gasnenjeto vleguva vo presmetkata?
Pr:
1. Gasish klima i posle 20 minuti sobata ti e kamen
2. Se gasi ognot vo kjumbeto i posle 2 chasa sobata ti e kamen
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.359
Samo edno prashanje okolu merenjeto na efikasnosta: ako klima so 300% efikasnost zagree soba do 25c i kjumbe so efikasnost 30% zagree na ista temperatura - dali vremeto na opagjanjeto na temperaturata (do nefkoja referentna vrednost) posle gasnenjeto vleguva vo presmetkata?
Pr:
1. Gasish klima i posle 20 minuti sobata ti e kamen
2. Se gasi ognot vo kjumbeto i posle 2 chasa sobata ti e kamen
Ги мешаш поимите.
Ефикасноста се однесува на тоа колкав процент од... да го наречеме почетниот енергенс, го добиваш како топлинска енергија. Поконкретно, во стандардна печка за дрва, температурата на согорување е премала за целосно согорување и тоа е фактор за лошата ефикасност. Потоа принципот на функционирање на оџаците (во комбинација со немањето на термална акумулација на таа печка или на објектот/собата) доведува до излегување на голем дел од топлинската енергија надвор низ оџакот.
„Трајно жаречките„ печки се најнефикасни од сите: се намалува дотокот на кислород за да се успори согорувањето -но со тоа пропорционално се намалува и ефикасноста на согорувањето. За илустрација, „намаленото„ согорување во таквите трајно-жаречи печки, има ефикасност од некои ~10% и подолу.
Во контраст на стандардните печки за дрва, кај климите кои се всушност топлотни пумпи воздух-воздух, во одредени ситуации ефикасноста е и над 400%. Поточно за 1kw струја добиваш 4kw+ топлинска енергија.

Тоа е за ефикасноста, а ти прашуваш и за задржување на топлината во објектот -што се две различни работи. Тука факторот е ИЗОЛАЦИЈАТА НА ОБЈЕКТОТ, колку подобра е изолацијата толку поспоро објектот ја губи топлината (или за толку помалку енергија се троши за да се одржи температурата).
Примерот со печката која „подолго„ држи топлина по гаснењето, објаснувањето е во тоа што материјалот (да кажеме 100-200 кила метал) во таа печка има одреден (мал) термо-акумулациски капацитет. Тоа е инерција, не ефикасност, на печката по палењето и требало некое време за да се затопли, и по гаснењето и треба некое време да се излади (со што греее уште некое време).

Попатен совет е, да не исклучува целосно греењето, нема голема заштеда пошто потоа треба повеќе енергија за пак да се загрее просторијата. Но може донекаде да се намали температурата, на некои 19-18с на пример.
Ова (негасењето) посебно се однесува на климите.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Еден ми се чини квалитетен уред: Made in Korea http://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&product_id=201920
клима уред: SamsungAQ12TSBN/TSBX ...Од 22,000 намалена на 16,990 (во Нептун), сосема пристојна цена за квалитетот кој го нуди.... повеќе податоци за климата на http://tvcentardjecevic.me/klima-samsung-aq-12-tsbntsbx/ во енергетска класа А/А класа COP 3.61, (лади/грее) 3.5/3.8kW, за загревање на 20-30 м2 12,000 BTU.... и тн и тн... сакав да кажам со цената опасно се доближи на кинеските no name kako NEO, Quart, Midea..... па и на Vivax, Hunday, Beko....
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.359
Цената е пристојна, ама на бугарските форуми читав плачења од Самсунг. Чудно пошто брендот општо гледано е повеќе од солиден, ама од климиве имаше прилично полаки.
Летово можев по дилерска цена да земам и да ја фатам акцијата со бесплатна монтажа, ама не загризав.

Дел од спецификациите: Raspon radne temperature - hlađenje 15~43°C / grejanje -5~24°C
 
Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.653
Поени од реакции
7.498
Да прашам шо пари зимаат монтериве по огласиве(не брендираните) за монтажа на 12ка и дали има логика да е поскапа монтажата за 18ка од таа за 12ка.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.029
Поени од реакции
954
Да прашам шо пари зимаат монтериве по огласиве(не брендираните) за монтажа на 12ка и дали има логика да е поскапа монтажата за 18ка од таа за 12ка.
За цената зависи од кој град прашуваш,инаку да поскапо е за 18 - ка
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.359
Да прашам шо пари зимаат монтериве по огласиве(не брендираните) за монтажа на 12ка и дали има логика да е поскапа монтажата за 18ка од таа за 12ка.
Некаква логика е поголемата тежина, пред се на надворешната единица.
Иако искрено, за еден ист уред кога зборуваме еве 12ка на пример, нема логика иста цена да биде монтажа на еден метар висина наспрема монтажа на 13ти спрат од зграда... Ама вака им е поедноставно изгледа.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.029
Поени од реакции
954
Некаква логика е поголемата тежина, пред се на надворешната единица.
Иако искрено, за еден ист уред кога зборуваме еве 12ка на пример, нема логика иста цена да биде монтажа на еден метар висина наспрема монтажа на 13ти спрат од зграда... Ама вака им е поедноставно изгледа.
Kaj нас е фиксно 2500 денара за 12-ка, без разлика на која висина и колку оддалечена од внатрешната единица, а 3000 платив за 24-ка...професионално, без милиметар да стрчи мислам дека и годинава се тие цени, зошто бев да прашувам пред некој ден сакам да земам 12-ка за во детските.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
За Дојче Веле на Македонски, Ленче Карпузовска, шармантната представничка на ЕВН наводно изјавила
Неофицијалните податоци се дека дури 75% од граѓаните во земјата се греат на струја што за познавачите е загрижувачки многу и скапо: „Ние постојано апелираме на енергетска ефикасност. Трендот на потрошувачка на струја расте и неопходно е максимално да се штеди. Не е проблем што се зголемува потрошувачката, бидејќи струјата ќе се увезе, но спорно е што никаде во светот струјата не се користи за греење. Ако не се сметаат околу 50 илјади жители на Скопје корисници на парно греење и мал број на оние што користат дрво како огрев. Нон сенс е тоа што се случува, од една топлана да правиме електрична енергија и таа електрична енергија повторно ја враќаме во топлинска енергија“, коментира за Дојче веле Ленче Карпузовска, портпарол на ЕВН Македонија.
http://www.dw.de/македонците-најмногу-се-греат-на-струја/a-17151275?maca=maz-rss-maz-pol_makedonija_timemk-4727-xml-mrss

Еве нејзина фотографија:
Lenche-Karpuzovska.JPG

Според мое мислење шармантната Ленче не е во право, во мометов најефтино затоплување е на струја со користење на клима. Тоа го покажуваат сите пресметки.
 
Член од
15 мај 2012
Мислења
653
Поени од реакции
576
Pa ako ne se greeme na struja na sto ke se greeme.
Ili da se vratime vo 19vek na drva ili toplifikacija pa da se mrzneme do noemvri ili kako i koga ke im tekna da pustat parno.
Vo normalna drzava vakvi raboti ne se slucuvaat ama so vakvi talenti kako kaj nas ke se greeme na struja ne deka e najeftino (osven topl. pumpa) tuku nemame druga normalna opcija.
--- надополнето: 12 октомври 2013 во 17:49 ---
Pa ako ne se greeme na struja na sto ke se greeme.
Ili da se vratime vo 19vek na drva ili toplifikacija pa da se mrzneme do noemvri ili kako i koga ke im tekna da pustat parno.
Vo normalna drzava vakvi raboti ne se slucuvaat ama so vakvi talenti kako kaj nas ke se greeme na struja ne deka e najeftino (osven topl. pumpa) tuku nemame druga normalna opcija.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom