Одгледување на печурки (буковка, шиитаке и др.)

E

emission

Гостин
http://manatarka.org/yadlivi/ Види тука дали ќе ја најдеш. Јас мислам дека е ливадарка т.е. еден вид шампињон и дека е јадлива.

Секако во никој случај не ти препорачувам да ја јадеш :)

Коментар Отлична јадлива г'ба. (Източници: №1,2,5,7,8,9,10) Употребјава се в свежо с'стојание, сушена и консервирана.

Мислам дека е истата.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.836
Поени од реакции
36.874
Ај некој што има познавање во печуркиве нека не просветли зашто се отровни (која состојка) и зашто толку често тоа радикално завршува со смрт?
 
Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935
Ај некој што има познавање во печуркиве нека не просветли зашто се отровни (која состојка) и зашто толку често тоа радикално завршува со смрт?
Има цела група на микотоксини, глукопротеини, не е само една супстанца, туку повеќе. Најчесто отровот удара на јетрата па смртта е неизбежна.

И не се дрзнувајте да класифицирате некоја печурка во отровна или безопасна и најдобрите миколози и еколози грешат.
 
blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Има цела група на микотоксини, глукопротеини, не е само една супстанца, туку повеќе. Најчесто отровот удара на јетрата па смртта е неизбежна.

И не се дрзнувајте да класифицирате некоја печурка во отровна или безопасна и најдобрите миколози и еколози грешат.
:cuc:

Грегор за модератор во наука!:D:P
 
MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Дечки од слика не собирајте печурка. Лично јас ги познавам следниве: вргањ, неколку двојници негови, боров вргањ, рујница, двојник на рујницата али незнам како се вика а расте во даб, за разлика од рујницата која расте во бор, 3 видови на смрчак (смрчки), ливадарка или шајче ја викаат кај нас, ливадарка (шампињони), лисичарка, срндач, буковка, значи овие печурки не ги знам како му е латинско име туку по народски како што ме научиле. Знаат да бидат доста тешки за препознавање и покрај тоа што сум одел долго време по печурки, многу варираат од местото на растење и имаат подвидови. Смрчакот кај нас расте во 3 различни видови (барем јас толку знам), сите имаат различен квалитет, различна цена и различен изглед. Вргањот се разликува многу (во зависност од тоа дали го собирате во дабова, букова, габрова шума, дали е на пролет или есен знае да се разликува многу.), рујницата ја има (оригиналната млечка рујница ние така ја викаме која кога ја пресечете тече од неа како млеко портокалово и ги вапцува рацете, втората врста која многу малку пушта млеко и третата која е популарно наречена крвава која има црвенкаста боја за разлика од останатите кои се портокалови таа е со најслаб квалитет и не се купува, покрај овие видови сите три во зависност од местото може да се начекаат позеленети или со кафенка боја зависи дали биле на влага или северна страна ова она), шампињоните имаат двојници кои се доста зезнати за препознавање, шајчето има двојник кој е страшно отровен и претежно го газат луѓето а покрај него и овие кои не се отровни, срндачот преубава за јадење печурка особено ако се вари во 2-3 води барем да го изгуби карактеристичниот мирис кој го има но има страшен двојник по кој се разликува по прстените на стебленцето.....значи морате прво да одите со некој кој и препознава и тоа добро. Лично јас одев со татко ми кој ги знаеше сите и тоа премногу добро и знаеше страшни рецепти од нив, дел научив а останатото знаење негово не стигна да ми го пренесе. Така да од слики и телевизија не се истрчувајте оти може да одите курбан многу лесно. Исто сакав да ви пишам НЕМОЈТЕ да ги газите било кои печурки бидејќи ако вие не ги познавате друг ги знае, исто и отровните се јадат само ако знаете да ги приготвите. Имам јадено една од попознтите отровни печурки но со многу поинаква обработка, повкусна беше од било која друга што сум ја пробал затоа еве како љубител на природата ве замолувам да не ги уништувате доколку не ги знаете, одбегнете ги, пречекорете ги само не ги газете и кршете.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.836
Поени од реакции
36.874
Исто сакав да ви пишам НЕМОЈТЕ да ги газите било кои печурки бидејќи ако вие не ги познавате друг ги знае, исто и отровните се јадат само ако знаете да ги приготвите. Имам јадено една од попознтите отровни печурки но со многу поинаква обработка, повкусна беше од било која друга што сум ја пробал затоа еве како љубител на природата ве замолувам да не ги уништувате доколку не ги знаете, одбегнете ги, пречекорете ги само не ги газете и кршете.
Како ти се ставало отровна печурка во уста, алал ти вера.. :sick:
 
MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Како ти се ставало отровна печурка во уста, алал ти вера.. :sick:
ти кажав дел од отровните печурки со добра термичка подготовка, со варење во повеќе води, со различни додатоци знаат да бидат најубавите и највкусните затоа не ги газете ако не ги распознавате.
--- надополнето: 11 октомври 2013 во 00:35 ---
http://www.mzsv.gov.mk/files/Priracnik_i_monografija_za_sobiranje_pecurki_i_lisai.pdf еве едно книжуле читнете го и научте нешто за нив.
 
E

emission

Гостин
Вргањот се разликува многу (во зависност од тоа дали го собирате во дабова, букова, габрова шума, дали е на пролет или есен знае да се разликува многу.),
Само да те надополнам.Се разликува затоа што има барем 3 главни вида на вргањ а не затоа што расте во различна шума или дали е пролет или есен, иако секако дека има и тоа некое влијание. Поентата ми е дека со твоето објаснување некој ќе добие впечаток дека е скоро невозможно да ги препознае печурките штом толку се разликуваат.
 
MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Само да те надополнам.Се разликува затоа што има барем 3 главни вида на вргањ а не затоа што расте во различна шума или дали е пролет или есен, иако секако дека има и тоа некое влијание. Поентата ми е дека со твоето објаснување некој ќе добие впечаток дека е скоро невозможно да ги препознае печурките штом толку се разликуваат.
Не напротив се препознаваат, но за тоа си треба колку толку стаж и да те упати некој кој ги познава добро. Не ретки се случаеви каде гинат цели фамилии од непознавање на печурки, си берат, ги готват и сите каде што не треба поради незнаењето. Инаку да ги има повеќе видови и вргањот, ете во прирачникот ги има некои од печурките кои ги набројав, таму гледам се со поинакви имиња.
 
MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
дали знае некој дали е излезена Рујницата и која е цената ?
Другар информација од најпрва рака :)
бев вчера цел ден по рујница, малку влага уште не е излезена добро се отепав од шетање поминав терен друг пат во 2 дена што го поминувам. Јас собрав 3.400 грама и тоа мешана од три различни видови. Рујница портокалова млечка (Lactarius deliciosus) околу 2 и пол кг, смрчина рујница“ Lactarius deterrimus, Lactarius sanguifl uus: од овие две беа останатите мешавина. Портокаловата млечка веднаш ја пробав (салата си направив свежа како што е), а другите ги оставив за саламура да ги прават.
Слабо, бев излезен за рујница да соберам, али уште не е почната нема влага доволно. Али не е за жалење пак си собрав уште 9 кг други печурки. Околу 8кг си собрав ВОЛЧЈО ЛЕПЧЕ, ЗРНЕСТА МАСЛОВКА, Лигавка или како и да се вика -оваа (Suillus granulatus) неа ја исчистивме од лушпата горе и ја спакував во замрзнувач за пржење ќе биде, 6 парчиња срндач (СОНЧАРКА, СРНСКА ПЕЧУРКА( Macrolepiota procera), нив планирам да ги пржам утре оти така ми се најубави (но прво ги варам во 3-4 води), САМОВИЛСКО КАРАНФИЛЧЕ, Шајче, ливадарка-(Marasmius oreades) околу 300 грама и таа планирам да ја пржам оти инаку ја немам готвено (прво варење после пржење). Ако знаеш некој рецепт за овие видови како да ги зготвам би ти бил благодарен ако напишеш :)
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.309
Поени од реакции
7.041

така и мислев - нема доволно влага за да излезе како таа што знае(рујницата), нема абер од врнење изгледа нема да ја има баш годинава.........

не,не знам рецепти,кај мене дома се готви исклучиво купечка печурка(шо е сигурно - сигурно е :)),инаку еве тоа што си запознаен со приготвување - значи секој вид на обработка кој му е потребен на видот на печурката која сакаш да ја приготвиш за јадење (миење/плакнење,обарување,варење,сушење,пржење,па и сушење итн)

еве јас на пример сакам да пробам нешто со рујницата,начин приготвување и дали може да стои замрзната......
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Обично на темава коментиравме за печурките ... http://forum.kajgana.com/threads/Сте-спремале-ли-некогаш-печурки.2261/
--- надополнето: 14 октомври 2013 во 10:39 ---
од овие кукличките јајчарките колку се само слатки,ама ризик
Имаат разлика, и може да се разликуваат... Само треба да знаеш, бидејќи навистина многу е лесно да се залеташ и поради невнимание да ги помешаш.
Не се опасни се додека не ги ставиш во тавата.ь

Инаку годинава нешто слабо печурки... Есенскиот врган уште го нема, барем овде.
 
Член од
23 март 2011
Мислења
1.166
Поени од реакции
1.043
Обично на темава коментиравме за печурките ... http://forum.kajgana.com/threads/Сте-спремале-ли-некогаш-печурки.2261/
--- надополнето: 14 октомври 2013 во 10:39 ---

Имаат разлика, и може да се разликуваат... Само треба да знаеш, бидејќи навистина многу е лесно да се залеташ и поради невнимание да ги помешаш.
Не се опасни се додека не ги ставиш во тавата.ь

Инаку годинава нешто слабо печурки... Есенскиот врган уште го нема, барем овде.
сега ке има дождови ,и ке излезат полно печурки.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.884
Поени од реакции
23.283
срндачот преубава за јадење печурка особено ако се вари во 2-3 води барем да го изгуби карактеристичниот мирис кој го има но има страшен двојник по кој се разликува по прстените на стебленцето.....
Ај кога ке начекаш отровен срндач( сончарка ) сликај го и исто сликај и неотровен за да ја видиме разликата од прва рака.
Од сите печурки што ги наброј тука само сончарката ја берам и досега ама нити еднаш немам забележано нити пак знам за некој да знае дека има двојник на неа нити дека има најдено. Имам и книга за печурки каде се сликани сите видови и подвидови што виреат на ова подрачје и таму ама баш никаде не се споменува дека има отровен двојник на сончарката. Искрено за почетници таа е воедно и најлесна за препознавање баш поради нејзината специфична форма и големина, воедно и според мене и најбезбедна. Едноставно неможиш да ја помешаш со никоја друга. Друга работа е што е поприлично вкусна( јас не ја варам во три води , искрено нема ни потреба ама тоа се веќе вкусови) , лесна е да ја најдиш и е поприлично голема така да и со неколку се прави одлична софра. И кога сме кај тоа баш сега е моментот за берење на оваа печурка. Претходната недела имаше обилни врнежи а сега времето е сончево и многу влажно. Така да следната недела( обично по 12 дена од обилните врнежи ако после се стопли) би требало да ја има во голем број. Обично расти во багрем ама ја имам сретнато скоро секаде. Ако ми дозволи слободното време следната недела ке направам една мала прошетка па ако најдам нешто ке сликам и ке постирам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom