Одгледување на печурки (буковка, шиитаке и др.)

ако можеш да ги распознаеш.лисичарка,буковка,борово шајче,вргањ,шампињонка,борово шајче,срндок,и јајчарка тогаш бери си ги само нив (ги заборавив латинските имиња)
 
Овие се отровни, не се за јадење.
Купи си печурки во тегла, сигурно си е сигурно :);)

некаде многу одамна имам читано дека во да речам „скопско поле“,
поточно по скопскиве паркови па и околина или ливади немало отровни габи-печурки.
 
некаде многу одамна имам читано дека во да речам „скопско поле“,
поточно по скопскиве паркови па и околина или ливади немало отровни габи-печурки.
Има има. Баш оваа на сликава е отровна. Или расте по стеблото на дрвото или на некои ливади :)
 
Дали некој знае која е печурката на сликата, и дали се јаде? Печурката ја најдов на ливада, во околината на Скопје. :)

Абе остај ги овие....дали начека вакви куклички :D
images
 
од овие кукличките јајчарките колку се само слатки,ама ризик
 
И печурките се наука, да сме начисто луѓе. Е сеа ние сме научени на бренд-печурките како врган, лисичарки.. и хибридите од типот на шампињони.
Рандом печурка во природа е опасна работа. Од око може да се види многу, но потребни се 100% сигурност.
Е сеа кога печурката ќе се пресече, тогаш настануваат повеќето хемиски реакции кои ја утврдуваат нејзината употребливост.
Промената на бојата, вкусот и мирисот.. се вистинските показатели.
И друго.. има печурки јадливи и нејадливи, но тоа не значи дека вторите се отровни.
Е сеа јас не сум експерт со диплома, но љубител сум на печурки, и ги знам повеќето што растат на нашиве простори.
Оваа на сликата, не сум сигурен што е, но нема ниеден показател на отровна печурка. (таква каква што е на сликата)
До сега сигурно има оксидирано, и многу повеќе може да се каже ако би била до мене.
Посебно треба да се стави акцент, на пресекот од стеблото и капата.
Ако менал боја во лесно црвеникав тон... тогаш 99% е јадлива.

Али како што кажа лејди, не сакам да носам никој на душа.. па заклучокот би бил дека најсигурна опција е - да се избегава јадење на печурки што не поминале низ контролните системи во прехрамбената индустрија.
 
дали знае некој дали е излезена Рујницата и која е цената ?
 
дали знае некој дали е излезена Рујницата и која е цената ?

Несум информиран уште, утре си одам за прилеп и во сабота тргнувам да проверам дали има или не. Последните 3 години рујницата беше ко златни јајцина да собираш :)
 
Несум информиран уште, утре си одам за прилеп и во сабота тргнувам да проверам дали има или не. Последните 3 години рујницата беше ко златни јајцина да собираш :)

немам одено сигурно 5-6 години,ме фати ќеиф да пробам годинава,да не лутам џабе ако не е излезена уште,а времето е тука некаде,треба да ја има
 
Сите видови печурки имаат близнаци.
Едните се јадат повеќе пати другите еднаш.
Без стручно лице не одам по печурки,а најсигурни ми се од маркет во тегла или свежи
 
Што му фали на тие.... послатки се одколку свежите шампињони :):D
Да знаеш само низ кои процеси поминуваат печурките кои се во тегла, во живот нема да касниш повеќе од нив...
 
остај не јади печурки фрли ги у контењери нека ги земат некој цигани нека ги изедат нека се отрујат подобро
 
Постојат различни начини да дојдете до печурка. Пешки и со разни возила. Ги имате во тегли, што е најмалку вкусната варијанта. Од свежите и пакувани, можете да бирате меѓу шампињони, буковка, шитаке и лисичарка. Имате и сушени - одличниот вргањ, а гледам дека продаваат и сушена буковка. Предноста кај сушените е долгиот рок на траење.
Секако, можете да се впуштите во возбудлива и неизвесна авантура и да започнете собирање и конзумација на разно-разни габи со разновидни форми, бои и мириси кои ги има во природата. Тоа искуство може да ви ги прошири хоризонтите и да ви го смени начинот на живот. Или пак да ви ги стесни истите хоризонти на еден брз и мошне непријатен начин. Собирањето печурки е доста евтина варијанта да се дојде до храна, посебно ако не ги вкалкулирате тука погребните трошоци, или пак ако имате доволно среќа, трошоците за лечење.
Глупост е без одлично познавање и повеќегодишно искуство да се збираат печурки. Не е мал и бројот на добри познавачи што се зафркнале.
Обожавам печурки и сакам сам да си ги готвам, па често експериментирам со комбинирање различни видови, со додатоци како месо, разновиден зеленчук, јајца, вино. Обично сум задоволен од вкусот на зготвеното.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom