Христијанството, бидејќи зачетокот го имало нешто појужно од србија (во Израел, и тоа долго време пред да се роди растко, најпознатиот турбо-фолк светец на Балканот и пред неканонски да се издвојат српските цркви од Охридската архиепископија, во првата половина на 13 век) и бидејќи тогаш немало авиони и др. летала Павле морал прво да ги посети меѓу другите, и оние простори на Балканот кои се нарекувале Македонија и таму да шири христијанство. Мислам дека во посланијата на апостолов нема ништо за Србија, за Срби или за светосавље, ниту пак, замисли, за Видовдан (не беше ли овој денот кога си го пративте, како добри Срби и големи патриоти, Милошевиќ на одмор во Хаг?). Значи и да не сте биле вие, овде ќе имало христијанство, зошто го имало и пред да бидете.
Тоа што едно време српските владетели воспоставиле контрола врз дел од Македонија, не значи дека нивното влијание било нешто на што мора да се придава голема важност.Тука била и Византија, многу подолго, чие културно влијание, многукратно го натфрла српското во секоја смисла на зборот. Бил и Самуил, кој патем имал поголема држава од онаа на Душан. Напротив, Охридската патријаршија (подоцна архиепископија) се до нејзиното неканонско укинување имала поголем углед од српската црква, чие влијание се засилува нешто подоцна, во 16 век чинам, кога еден мошне познат јаничар и турски везир, како резултат на молбите на неговиот непотурчен брат (не е баш канонски нели), направил да се обнови црковната организација во Пеќ (сега во Косово, ептен во срцето на Србија), која пак неканонски се одвоила од Охридската архиепископија (која тогаш, по втор пат го вратила своето црковно влијание на српските простори-интересно е како некогашната не баш примерна ќерка си ја укорува мајката).
Веројатно треба да се запраша човек, кога овде ние би „верувале“ во Ѕевс, во што би верувале вие, оти христијанството сепак сте го добиле преку овие простори. Можеби и вие би верувале во Ѕевс, или поверојатно би биле добри католици (и уште подобри Хрвати)