Национални цркви во 9 век
. Каде си бил ти кога некои работи се учеле дури во деветолетка?
Идејата за обновување на Охридската архиепископија е постара од Југославија, а истава архиепископија е постара од Пеќската, едно два века и тоа. Создавањето на МПЦ, како и многу други работи, е резултат на борбата на македонскиот народ за ослободување, на неговата потреба за сопствена, национална верска институција. Не е тоа комунистичка идеја, всушност и се коси со комунистичката идеологија. Во комунистичкиот пантеон место има за Маркс, Енгелс, Ленин и за локалното божество олицетворено во ликот и делото на партискиот лидер. Самостојна МПЦ добила поддршка од некои политичари кои во тој период и во таа држава би можеле да се наречат југословенска комунисти, но станува збор за поддршка на еден одамна започнат процес, а не за создавање, и станува збор за Македонци (Крсте Црвенковски и некои други) кои и покрај својата идеологија биле, барем донекаде, свесни за македонските национални интереси.
Знаеш, би можел дури и да те разберам, ако си некакво Србинче по националност, па некои работи ти сметаат. Ама дури и тогаш, нема оправдување за крајно идиотската бесмисла за „национални цркви дури во 9 век“. Забегано е, просто е, глупо. Да чува и брани...