Повраток на ДДВ за физички лица? (Мој ДДВ)

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
Ај да прашам хипотетички ако физички лица купуваат производи/услуги и го чува фискалната сметка заради поврат значи го чува сметката преку цела година и таман време е да оди да си подигне повратот ама проблемот е што фискалната сметка избледнее и станува нечитливо и шо прајме сега :D по се изгледа УЈП нас ни дупи у здрав мозок ,а не фирмите .
 
Ај да прашам

Може да се направи на квартално или месечно ниво.
А најдобро би било да биде континуирано штом се собере извесна сума (пример ќе собереш фискални во износ над x0.000 денари и одиш да си го земеш повратот).
 
365 dena * 3 fiskalni = 1095 fiskalni smetki na salter kaj tetkata vo ujp na kraj na godinata. I pocnuva racno pr-va fiskalna smetka ddv-5% tolku, ddv-18%-tolku, pa preminuva na vtora, taka do 1095-tata i gi sumira site vrednosti i presmetuva ovolku i ovlku treba da ti vratime ddv.
:vozbud:
 
Уште еден морков на крајот од стапот, ветувања што сите ги забораваат кога (ако) дојдат на власт. Иако како идеја е добра, но не невозмжни бројки како 15% туку да речеме 1%-3% би биле доволни за да се мотивираат луѓето да ги чуваат сметките.
--- надополнето: 8 октомври 2013 во 20:16 ---


365 dena * 3 fiskalni = 1095 fiskalni smetki na salter kaj tetkata vo ujp na kraj na godinata. I pocnuva racno pr-va fiskalna smetka ddv-5% tolku, ddv-18%-tolku, pa preminuva na vtora, taka do 1095-tata i gi sumira site vrednosti i presmetuva ovolku i ovlku treba da ti vratime ddv.
:vozbud:
На тетката во УЈП може да и се набави софтвер со OCR кој автоматски ќе може да го прави пребројувањето.
Иако во право си кога го укажуваш проблемот. Елегантно решение е да се плаќа исклучиво преку картички и некој платежен систем на државата, или на банката, да води сметка за вкупно платениот износ за ДДВ. Остварливо, ако се има намера за решавање на проблемот.
 
туку да речеме 1%-3% би биле доволни за да се мотивираат луѓето да ги чуваат сметките.

15% од 18% се 2,7% од вкупната сума ;)
 
нема да работи. никој нема да собира сметки. ќе зезаат и каснат, и народ ке се откаже. и на почеток нели имаше нешто такво па никој ништо не собра. само мавање во гради е ова
 
Чекај сега малку не го доловувам моментот... Да се враќаат парите од ДДВ на граѓаните, а преку тоа да се намали бројот на неплаќачи на данокот, што ќе ги компензира тие пари? Или така некако?

Де ако сака некој да ми објасни, оти не ја сфаќам баш идејата.

Па од каде државата ќе ги поврати тие средства во буџетот?
 
leandra нели едно време јас бев утопист? :D
Ти денес на две теми од крај во крај ставови. Ќе мора да си од школата на Трајко Славески :D
Сабајле со Швајцарија системи споредувавме, денес со Америка поврат на ДДВ на граѓани. Оф ме заболе главата од Македонскиве политичари. Нит ќе го исполни, нит ќе се оствари, џабе муабет.
 
Што си по професија? Чисто информативно, па ќе ти одговорам на ова
дополнето: данокот што го гледаш на фискалната е истиот данок што Веро треба да го плати на државата. Веро ќе го плати, ама со ТВОИ пари. Значи ти го плаќаш и тоа НЕ Е твој данок
Тоа е МОЈ данок, ДДВ-то е данок на физички лица, ние го плаќаме, а фирмите само го пренесуваат во УЈП. Така да ние исто така имаме право на поврат на крајниот производ при вака предложен закон/предлог.
--- надополнето: 8 октомври 2013 во 21:22 ---
Чекај сега малку не го доловувам моментот... Да се враќаат парите од ДДВ на граѓаните, а преку тоа да се намали бројот на неплаќачи на данокот, што ќе ги компензира тие пари? Или така некако?

Де ако сака некој да ми објасни, оти не ја сфаќам баш идејата.

Па од каде државата ќе ги поврати тие средства во буџетот?
Па ќе ги врати сивата економија. Односно, идеш ти на пример на Битпазар/Чаршија, купуваш одело од 4.000 денари, и не добиваш фискална. Вака ќе им бараш фискална, со тоа ќе платиш данок(а претходно данокот што ти си го "плаќал" влегувал во џебот на сопственикот наместо во буџетот). Е сега, да речеме, ако влезат нови 500 денари во буџетот, не би било проблем на тебе да ти вратат 20 денари... Е сега, се е тоа базирано на претпоставки и на пресметки, тешко остварливо во нашава земја...
 
Ти си тој што дрка поими, моментално држам во рака фискална од Веро на која пишува, цитирам:

Вкупно ДДВ А=18% 11.50
Вкупно ДДВ А=5% 16.00
Вкупно ДДВ 27.50

А јас сум замисли физичко лице. Значи постои.

Плавооката арно ти кажува:
ДДВ-то е данок кој го плаќа последниот. Во случајов јас или ти или кој било како физичко лице кое купува нешто од маркет на пр.
Додека тој производ да стигне до тебе, производителот на дистрибутерот му го фактурирал со ДДВ. По фактура тој го платил ДДВ-то, и го продал на маркетот. Маркетот го продава на нас со ДДВ.
Е, сега, за едно нешто имаме ситуација да се наплати данок трипати.
Бидејќи ДДВ го плаќа крајниот купувач, другите двајца имаат право на поврат.
Околу темата, некој погоре спомна популизам.
Спомна дека и Грујо на времето такво нешто предлагал, па ништо од тоа... И тоа е точно!
Ако државата го примени американскиот модел, т.е. да си собираме фискални и еднаш годишно, или тромесечно, не е битно како, да вршиме поврат на ДДВ како физички лица, тогаш ќе мора да се подигне стапката на персоналниот данок на доход, или, евентуално да се пребиваат двата данока, што е невозможно, бидејќи сите граѓани немаат персонален за плаќање, за разлика од ДДВ што скоро и да не постои граѓанин кој не купил нешто и не му дале фискална. Сето тоа заради намалените приходи во буџетот.
Неможе на се да се враќа ДДВ. Имаме артикли со повластена стапка од 5%. Ако се измисли поврат на ДДВ, тогаш тоа сигурно би било на некои строго определени продукти кои и не се баш секојдневни за купување, бидејќи, во спротивно, државната каса ќе биде ептен зијан.
Најбитен елемент во приказната е тоа што ДДВ учествува со најголем, дури огромен процент во собирањето пари за буџетот. Персоналниот и данокот на добивка се многу помала ставка во собраните средства, дури смешна во однос на ДДВ.
 
Тоа е МОЈ данок, ДДВ-то е данок на физички лица, ние го плаќаме, а фирмите само го пренесуваат во УЈП. Така да ние исто така имаме право на поврат на крајниот производ при вака предложен закон/предлог.
--- надополнето: 8 октомври 2013 во 21:22 ---

Па ќе ги врати сивата економија. Односно, идеш ти на пример на Битпазар/Чаршија, купуваш одело од 4.000 денари, и не добиваш фискална. Вака ќе им бараш фискална, со тоа ќе платиш данок(а претходно данокот што ти си го "плаќал" влегувал во џебот на сопственикот наместо во буџетот). Е сега, да речеме, ако влезат нови 500 денари во буџетот, не би било проблем на тебе да ти вратат 20 денари... Е сега, се е тоа базирано на претпоставки и на пресметки, тешко остварливо во нашава земја...

Да да баш тоа прашав, дали намерата е намалувањето на бројот на неплаќачи да го компензира даниокот во буџетот. Него толку е висок процентот на оние кои не издаваат фискални сметки па дури со иницијатива за враќање да се влијае на тоа потрошувачите да бараат фискални сметки?
 
Плавооката арно ти кажува:
ДДВ-то е данок кој го плаќа последниот. Во случајов јас или ти или кој било како физичко лице кое купува нешто од маркет на пр.
Додека тој производ да стигне до тебе, производителот на дистрибутерот му го фактурирал со ДДВ. По фактура тој го платил ДДВ-то, и го продал на маркетот. Маркетот го продава на нас со ДДВ.

Знам како функционира моменталниот закон, работата е што се предлага промена на законот да на некој начин на последниот му се врати дел од сумата. Ти си правник знаеш дека секојдневно се менуваат закони, не знам што ви е толку апстрактно да се модифицира законот за ДДВ.

државната каса ќе биде ептен зијан.

Државната каса е зијан од џабелебарошите што ги примија во Македонски Дрва и од рамковните, а не од мене и тебе што поштено си плаќаме данок и бараме помал дел да ни се врати.
--- надополнето: 8 октомври 2013 во 21:43 ---
Него толку е висок процентот на оние кои не издаваат фискални сметки па дури со иницијатива за враќање да се влијае на тоа потрошувачите да бараат фискални сметки?

Прошетај низ Битпазар, ќе ти се разјасни.
 
Ако се промени законот, тогаш нема да се вика Данок на Додадена Вредност, туку Данок на Одземена Вредност. Кога имаш поврат, имаш намалување на вредноста. Наједноставно е да се укине, така парите ќе останат кај сите. Само проблемот е што токму тој данок го полни буџетот и ниеден друг
Струмикс знаеш која збрка ќе настане? Тоа бабите на шалтер одма на боледување ќе одат :ROFLMAO:
--- надополнето: 8 октомври 2013 во 23:08 ---
Ти денес на две теми од крај во крај ставови. Ќе мора да си од школата на Трајко Славески :D
Сабајле со Швајцарија системи споредувавме, денес со Америка поврат на ДДВ на граѓани. Оф ме заболе главата од Македонскиве политичари. Нит ќе го исполни, нит ќе се оствари, џабе муабет.

Кај го најде баш него...кое дрво е :( Да речеше Јане Миљовски....па да дигнам нос :D

Plavooka поради тебе и јас станав женско :confused:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom