Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
25 март 2012
Мислења
8.577
Поени од реакции
5.168
Pacific Rim

Неверојатен, со акција и ефекти, можеби сум јас што паднам под овие параметри но за мене е филма за добра 9/10...
Сигурно приказната ја знаете веќе, интересно беше тоа што дава тероија за потеклото на диносаурисите, нас, нешто на лик на Преметеус, но само што овде намерно не креираат за да ја успособиме атмосферата за нив...
Како многу филмови со алиени, и овде се промовира заедништвото меѓу нациите и расите, мислам со години се култивира ова во холивудските филмови...

Впечаток ми остави тоа што го употребуваат бродот како стап за тепање, а според структурата на бродот нема теоретски шанси да се држи самата себеси како конзола, камоли да се удира со неа и да не се скрши
 

Daniel.

Juventino per sempre
Член од
18 август 2009
Мислења
620
Поени од реакции
356
The Game (1997)



За сите љубители на трилери. Филм од режисерот на Se7en, со Мајкл Даглас и Шон Пен во главните улоги, кој нема да ве остави рамнодушни.
Николас Ван Ортон (Мајкл Даглас) е богат човек кој е посветен единствено на својата работа и не се грижи за ништо друго. На својот 48-ми роденден, Николас ќе добие чуден подарок од својот брат - Конард Ван Ортон (Шон Пен). Се работи за картичка која му овозможува пристап до една игра...
Нема да коментирам ништо понатаму, да не ви го расипам искуството кога го гледате филмот. Филм што дефинтивно треба да се погледне.
A true 10.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
The Animal


Го најавија дека ќе го даваат на Сител пред некој ден, па си реков ќе го гледам по незнам кој пат. Филмовите со Роб ми биле секогаш најомилени, а особено оваа.

Дали има комедија во филмов не треба да се прашува, уште кога ќе видиш дека глуми Роб и самиот знаеш дека ќе пукнеш од смеа, барем за мене е така. :pipi:

Марвин сака да стане полицаец како неговиот татко, но не успеува во тоа бидејќи е многу несмасен, наскоро има несреќа и му местат животински органи. Доста е оваа рецензија, верувам повеќето од вас го имате гледано филмов.

Моја отценка 7/10
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.485
Не ми беше во план да го гледам, ама пошто немав нет па ми се најде при рака само тој и го изгледав, ама стварно не ми беше ич јасно што сакаше да каже авторот на
Очи широко затворени
Ок, мачката ја уби љубопитноста да речеме да извадев некоја поука, да личеше филмов на нешто, ама не знам што беше поентата, освен еден заклучок (како кратка рецензија) џабе губење време!
Боље порнич да изгледав ко човек не да се срамев за џабе секој пат кога ќе влезеше некој баш на тоа изопачените сцени.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.454
Поени од реакции
87.200
The Last Stand



Група платени криминалци му помагаат на еден криминалец да побегне во Мексико. И се иде по планот... го крадат од пред нос на ФБИ, му даваат кола ( :drk: ), зема жена за заложник и почнува потерата. Арно ама овие од ФБИ по пат му ја губат трагата, па така да патот до Мексико му е отворен. Попат треба да поминат уште едно помало градче блиску мексиканската граница, но никој не знае дека шерифот на тоа место е Шварци :cool:.
Доволна е рецензијава, не е ништо посебно филмчево, ама добро е за тепање време.


П.С.

Арни > ФБИ
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
Филмот се вика
Pan's labyrinth

Opis:
Ofelija, koja je fascinirana bajkama, otkriva lavirint iza mlina gde su stacionirani vojnici koje vodi njen očuh.
U srcu lavirinta sreće Pana, drevno mitsko biće, koje tvrdi da zna tajnu njenog pravog identiteta i njenu sudbinu. Pan joj otkriva da je ona princeza, davno izgubljena ćerka kralja bajki. On joj nudi da je povede pod zemlju, da vlada očevim magičnim kraljevstvom. Međutim, da bi je odveo u kraljevstvo, ona mora da izvrši tri zadatka na zemlji pre nego što izađe pun mesec.
Кој го нема гледано филмов, искрено му го препорачувам. Закон е, плус Шпански.
Моја оценка 9,5/10
 
Член од
23 јуни 2013
Мислења
132
Поени од реакции
244
Before midnight


Прекрасен филм по долго време. На имдб со висока, заслужена оцена 8.3. Не сум некој фан на романтичните комедии, ама овој е must see!

Нема ни фабула ни дејство. Целиот филм е одлични дијалози меѓу двајца среќно вљубени и нивните пријатели уметници на одмор. Модерните сфаќања на темата на партнерски релации, љубовта, неверството, бракот...
Не знам како би рецензирал. Филмот ме држеше насмеан цело време, како ретко кој!
Наликува на Вуди Ален филмче, ама доза посилен!
Уживајте!
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.915
Поени од реакции
41.878
Prisioners (2013)

Hugh-Jackman-in-Prisoners-2013-Movie-Poster.jpg

Келер Довер столар кој со своето семејство оди на ручек кај соседите за да го прослават денот на благодарноста. Тој дождлив ден им станува кошмар кога по ручекот нејзините мали ќерки исчезнуваат.

Детективот не може да му помогне, па Келер е принуден сам да продолжи со потрагата по киднаперите на неговата ќерка и нејзината другарка.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.130
Поени од реакции
30.226
Vertigo


Се стокмив по толку туфкање да го изгледам Вертиго на Хичкок.
Што да кажам освен тоа ако го немате гледано веднаш да го симнете. Ова е трилерот што служи како основа за сите денешни трилери.
Атмосферата е одлична, филмот е преполн со сомнеж, со тензија, одлична глума, и сцени што ќе ве натераат да мислите на нив со часови.
Јас мислам дека не е доволно 1 гледање, па наскоро ќе го погледнам уште еднаш.
10/10
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Gravity (2013)


Рано е да креваме прашина а претпоставувам дека на повеќето не им е изгледан па така ќе бидам краток. Филмот е многу добар во повеќе аспекти но не е мастерпис како што го опишуваат некои и преголеми очекувања од истиот ќе ве фрлат во хејт. Во принцип не само што немам ништо против едноставни филмови туку и ги сакам, но овој филм не допре до мене онака како што се надевав.

Пред да се вратам на моите импресии од филмот, кратко запознавање со содржината и со ликовите: дејствието се случува во главно на меѓународна вселенска станица а покрај радио гласот на Ед Харис постојат само два лика, Мет Ковалски (Џорџ Клуни) и Рајан Стоун (Сандра Булок). Нивната вселенска мисија е загрозена откако Русите ќе дигнат свој сателит во воздух а остатоците од истиот ќе почнат да орбитираат околу земјата со брзина на куршум и да уништуваат се пред себе. Двајцата астронаути остануваат препуштени сами на себе во вселената и се обидуваат да пронајдат пат до дома...

Сега, моите импресии се вакви: филмот визуелно е мастерпис. Бидејќи го гледав во 3D неколку пати бев убиен од парчиња вселенски отпад. Не ми се допадна чувството. За камерата капата долу! :cuc: Изведено скоро до перфекција, мислам дека ова е најреалниот филм со дејство во вселената кој било кога е направен. Иако, не знам дали ова може да се смета за Sci-fi и дали воопшто го декларираат за таков. Нема никаква фантастика, се работи за драма која се случува во вселената. Конкретната случка со отпадот колку што прочитав теоретски може да се случи онака како што е опишана.

Филмот трае 90 минути, колку што му е потребно на бродот да заврти еден круг околу земјата. Убаво е што си направиле симболика ама филмот е прекраток. Ова е можеби прв пат да се жалам дека филм е прекраток. Не е тоа заради оние 90 минути, сосема е во ред филм да трае 90 минути. Но имаше простор за многу повеќе, посебно затоа што филмот во главно е психолошка драма. Овие два лика можеа многу повеќе да се развијат со дополнителни приказни и да допрат посилно до публиката. Посебно ликот на Ковалски. Дијалозите можеа да бидат посилни, мораа да бидат посилни, позначајни.

Можам да набројам еден куп актерки кои ќе беа подобар избор од Сандра Булок. Со она што и беше дадено како текст направи доволно, но ништо натпросечно. Клуни беше Клуни. Буквално.

Би можел да пишам повеќе но ќе скратам. Моето чувство после филмот е дека сум задоволен, ок е, лесен, едноставен филм, визуелно прекрасен, добар саундтрак, но фали содржина, текст и глума за да биде топ доживување. 7.5/10 ако морам да го оценам, и секако препорака да не се глупирате и да си го изгледате на кино или на што поквалитетна снимка.
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
The East [2013]



http://www.imdb.com/title/tt1869716/

Невообичаен филм за американски стандарди. Мене ми беше интересен, па затоа го ставам овде.
Приказната е околу таен агент, жена, која добива задача да се вклучи во анархистичка група во некое американско гратче. Групата живее изолирано и организира специфични диверзии. Нема класичен „бам-бум“ или „амерички“ фазон, ама па и не е класична драма, туку има и некои напнати ситуации, шпионски....и малку се бави со моралот - не знам колку успешно, обично американците тоа во втор план го ставаат, ама се работи за режисер со иранско потекло. Да не откривам многу - само препорака дека не е за луѓе што гледаат боза-филмови...
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.750
Поени од реакции
5.003
Death at a Funeral (2007)


Шо ли ќе беше филмов ако не беа апчињата од сликата...

Now everything goes on next level.:D
Alan Tudyk со неговото fear and loathing е појава ипол во целиот црн хумор,пофални зборови и за другите од екипата кои си ја вршат работата и изгледаат погодени ко за улогите.
Сценариото лизга со повремени бизарни дијалози. :pos:
Повеќе пресврти од трилер филм и хаос на погреб бетер од Викенд на мртовци.
Препорачана комедија.

Имало и нигерска верзија од ова со куп лоши критики.:coffee:
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.808
Поени од реакции
1.560
The Joneses
Филмов ти е за група на љуѓе кои се собрани да глумат семејство. Всушност промовирајќи некој стил на живот тие рекламират производи и така заработуваат. Другото се е некоја калсика романса помеѓу мажот и жената разбирањето дека така нетреба да се живее и слични клишеа. За тепање време е добар ама ништо посебно.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Gravity
http://www.imdb.com/title/tt1454468/
Ремек дело.
Вистинско ремек дело.
Филмов означува нова ера на филмови, филм кој за првпат ја покажува човечката беспомошност и ‘инфантилност‘ во суровата вселена. За филм од 1967 година е навистина иновативен и оригинален.
Освен што филмов искочи во 2013-та.

Малку посериозно мислење - филм од 1968-ма година на преалистичен и подобар начин го прикажа истото што и овој филм сакаше да го прикаже.
Ако се изземат визуелните ефекти и добриот саундтрек, добиваме просечен филм со тапа глумци, срање скрипта и поента стара 45 години.

Филмов ја продолжува ерата на означување просеци како ремек дела.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
32.jpg

Го гледав вчера навистина интересен филм според мене ако би го оценувал би го оценил со 8/10 Филмов не дека има некоја голема акција и да биде во секоја минута возбудлив и сл. Но сепак има интересна приказна, на почетокот не е толку нешто премногу возбудлив туку само едноставно диалози и сл. Интересно е тоа што во филмов овој пат Американците не го спасуваат светот туку Русите. Би бил одличен да имаше и делови каде што ќе има поголема акција и сл. но што е тука е се на се интересен филм и добар за гледање кој сака вакви филмчиња со подморници нека го погледне.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom