Тоа дека имаат многу школи значи дека и шуто и сакато тренира таму, а не дека ќе искочи некој којзнае каков играч

Истото е и во Вардар во моментов. Си ги поделија децата меѓусебе. Тоа школските лиги се смејурија жива. Синот на колешка на татко ми во некоја од тие школите го играле прво пикер (со метро 50 и 40 кила во осмо одделение), после крило, за на крај голман да го стават. Сега во Вардар отишол и таму крило пак го ставиле

Какви се фаци од мое маало тренираат во тие школите на Металург. Тоа ти е само добра заработка на пари

Сепак како замисла им е океј тоа, и онака нема лиги кај што би можеле да играат децата.
Колку се добри тие од Металург Јуниор се гледа од тоа што изгубија од Текстилец на пример. Везе немаат тие муабети, да беа добри немаше да купуваат други играчи.
Правев муабет со дечко од генерацијата што последна им стана младински шампион и сите до еден беа избркани. Ми вика освен Неловски и Мартин Манасков од другиве немало леб. Ќе висдиме колку е во право.
Мартин го фали дека бил доста брз, Неловски дека имал добар шут. За Пешевски кога го прашав, се утепа од смеење. Мада овој може со многу работа да биде добар за пикер
Од школиве во Скопје им нема ќар (освен финансиски), ама добри ракометари наоѓаат воглавно во Струшките и Битолските школи. Тие на 15-6 госдини доаѓаат овде и после само се усовршуваат.