Ме интересира како ќе препознаете ново верци?И кои се тие?
Под поимот „нововерци„ се подразбираат сите демонинации и тоталитарни секти, кои себе си се именуваат за „христијани„ и кои најчесто потекнуваат од САД, формирани во минативе 150-тина години.
Лесни се за препозанавање по нивното заедничко однесување:
- никогаш директно не зборуваат за својата припадност, а редовно се кријат за Светото Писмо,
- нивна основна задача е да го „проучуваат„ и „бранат„ Светото Писмо,
- себе си се сметаат за „веќе спасени„, за „свети„, за „непогрешливи„, за „исполнети со светиот дух„, за „покајани„ и сл.,
- себе си се гледаат за од Бога повикани да го проповедаат евангелието па приоѓаат јавно или по домови, некои повеќе а некои помалку агресивно, делејќи нивни брошурки,
- нивните здруженија се редовно малкубројни и речиси редовно непознати во пошироката јавност,
- редовно ја нагласуваат својата одвоеност од традиционалните Цркви (православната и римо-католичката),
- повеќето до тие заеднции имаат непријателски став кон власта,
- редонво имаат критички однос кон домицилната религија или држава, во која самите делуваат,
- својата верска убеденост ја засноваат само на Светото Писмо, сметајќи дека се‘ што Бог имал да каже, запишано е во Писмото,
- не познаваат никакви преданија, иако и самите ги имаат,
- повеќето од нив немаат Свети Тајни,
- нивните молитви се чист произволен индивидуален израз и став,
- повеќето од нив немаат и не признаваат хиерархиска поставеност во своите заедници (немаат „свештеници„),
- секој член од некоја од тие заедници може слободно да го чита и толкува Светото Писмо, без референтни авторитети за неговото правилно толкување,
- секој член од заедницата е црква сам за себе,
- користат проверени трикови и финти за да привлечат нови челнови,
- нивните заедници се строго пираmидално поставени па членовите од „дното„ од пирамидата се должни даприбираат нови членови а со тоа прибирање, расте нивната позиција во пирамидата „од долу кон горе„,
- секоја заедница за себе смета дека ја има „поточната„ вистина во однос на другите слични заедници,
- тешко се излегува од нивните заедници, а да е тоа излегување без последици,
- припадноста се чува со страв и со закани доколку некој се обиде за излезе „од таму„,
- спонзорирани се од најпознатите денешни „филантропи„, и масони, кои се проверени непријатели на Црквата Христова, иако тоа не го признаваат па велат дека се одржуваат со самофинансирање (членарина),
- инфилтрирани се во сите можни разно-разни „невладини„ и „не-вакви„ и „не-такви„ организации, кои најчесто делуваат како „петта колона„ и како „пералница за пари„, во домицилната држава или како поединци-шпиуни за туѓи влади и агенции.
Има уште многу нешта за пишување на ова прашање, но наведеново е повеќе од доволна основа за лесно препознавање на оваа сорта луѓе.