Прашање за Христијанството III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Во Христијанството не е битно нити телото ниту разумот,туку духовното Богаство и благотата на светиот дух што е единствената разумна.
Не е за чудо секој ден паѓаат многу Христијани на искушенијата на Сатаната кој ги одалечува од тесниот пат кон малата врата.

Изгледа ќе да е тоа.
 
А од каде ќе знаеме дека Исус мислел на третиот испостас а не човечката душа како дар од единствениот Бог без испостаси туку чистиот моно Бог?

Исус сигурно не мислел на човековата душа, туку токму Ти мислиш на човековата душа, затоа што се обидуваш да разбереш туѓа вера, а поаѓаш од предрасудите од Твојата вера, во која Бог Е еден, како осамена единка, за разлика од мојата вера, која вели дека Бог не Е сам, туку Е Троедин и неразделив.
--- надополнето: 18 септември 2013 во 21:51 ---
без разлика, Исламот и Христијанството се косат во врска со тоа кој бил Исус,

Исус бил, Е и ќе биде, а околу ликот Христов се косат сите нерисјански религии, затоа што не можат (не сакаат) да Го прифатат Христа, оти Он не Е од овој Свет...
 
MIKI1
Што значи ова мајсторе....некако делува збунувачки :)

18 Слуги, покорувајте им се со страхопочит на вашите господари, не само на оние што се добри и кротки, туку и на оние што се сурови.
19 Вредно е во Божјите очи ако од обѕири спрема Него трпеливо поднесувате страдања на кои сте неправедно изложени.
20 Инаку, зар би било за пофалба, ако трпите заслужена казна!? Но ако правите добро, а сепак страдате, тоа е вредно во Божјите очи.
21 Токму заради ова Бог и ве одбра. Христос страдаше за вас и ви даде пример што треба да го следите.
 
Соопштение во сите активни теми на подфорумот Религија

Доколку забележите мислење кое е надвор од форумската етика на однесување, навреда, оф-топик или слично, користете ја опцијата "Пријави" што се наоѓа во менито на долниот дел од секој пост.
Со тоа си помагате себе, на модераторот.. и пред се, придонесувате во квалитетна дискусија за која сите ние сме овде.
 
Ме интересира како ќе препознаете ново верци?И кои се тие?
 
Ме интересира како ќе препознаете ново верци?И кои се тие?

Под поимот „нововерци„ се подразбираат сите демонинации и тоталитарни секти, кои себе си се именуваат за „христијани„ и кои најчесто потекнуваат од САД, формирани во минативе 150-тина години.

Лесни се за препозанавање по нивното заедничко однесување:
- никогаш директно не зборуваат за својата припадност, а редовно се кријат за Светото Писмо,
- нивна основна задача е да го „проучуваат„ и „бранат„ Светото Писмо,
- себе си се сметаат за „веќе спасени„, за „свети„, за „непогрешливи„, за „исполнети со светиот дух„, за „покајани„ и сл.,
- себе си се гледаат за од Бога повикани да го проповедаат евангелието па приоѓаат јавно или по домови, некои повеќе а некои помалку агресивно, делејќи нивни брошурки,
- нивните здруженија се редовно малкубројни и речиси редовно непознати во пошироката јавност,
- редовно ја нагласуваат својата одвоеност од традиционалните Цркви (православната и римо-католичката),
- повеќето до тие заеднции имаат непријателски став кон власта,
- редонво имаат критички однос кон домицилната религија или држава, во која самите делуваат,
- својата верска убеденост ја засноваат само на Светото Писмо, сметајќи дека се‘ што Бог имал да каже, запишано е во Писмото,
- не познаваат никакви преданија, иако и самите ги имаат,
- повеќето од нив немаат Свети Тајни,
- нивните молитви се чист произволен индивидуален израз и став,
- повеќето од нив немаат и не признаваат хиерархиска поставеност во своите заедници (немаат „свештеници„),
- секој член од некоја од тие заедници може слободно да го чита и толкува Светото Писмо, без референтни авторитети за неговото правилно толкување,
- секој член од заедницата е црква сам за себе,
- користат проверени трикови и финти за да привлечат нови челнови,
- нивните заедници се строго пираmидално поставени па членовите од „дното„ од пирамидата се должни даприбираат нови членови а со тоа прибирање, расте нивната позиција во пирамидата „од долу кон горе„,
- секоја заедница за себе смета дека ја има „поточната„ вистина во однос на другите слични заедници,
- тешко се излегува од нивните заедници, а да е тоа излегување без последици,
- припадноста се чува со страв и со закани доколку некој се обиде за излезе „од таму„,
- спонзорирани се од најпознатите денешни „филантропи„, и масони, кои се проверени непријатели на Црквата Христова, иако тоа не го признаваат па велат дека се одржуваат со самофинансирање (членарина),
- инфилтрирани се во сите можни разно-разни „невладини„ и „не-вакви„ и „не-такви„ организации, кои најчесто делуваат како „петта колона„ и како „пералница за пари„, во домицилната држава или како поединци-шпиуни за туѓи влади и агенции.

Има уште многу нешта за пишување на ова прашање, но наведеново е повеќе од доволна основа за лесно препознавање на оваа сорта луѓе.
 
- повеќето од нив немаат и не признаваат хиерархиска поставеност во своите заедници (немаат „свештеници„),
- нивните заедници се строго пирадимално поставени па членовите од „дното„ од пирамодата се должни д априбраат нови членови а со тоа прибирање, расте нивната позиција во пирамидата „од долу кон горе„,
?
 
- секој член од некоја од тие заедници може слободно да го чита и толкува Светото Писмо, без референтни авторитети за неговото правилно толкување,
Се се, ама кога ќе го пишеш ова... :)

Кои се тие „референтни авторитети“ кои умеат „правилно да го толкуваат писмото“?
 

Ми забележуваш за „печатните„ грешки?...:icon_lol:
--- надополнето: 30 септември 2013 во 22:57 ---
Се се, ама кога ќе го пишеш ова... :)

Кои се тие „референтни авторитети“ кои умеат „правилно да го толкуваат писмото“?

Не знам кои се, (лажам, нормално...), ама знам кои не се...:sneaky:
 
Ми забележуваш за „печатните„ грешки?...:icon_lol:
Не, прво велиш дека не се хиерархиски поставени, потоа велиш дека се базирани на пирамидална структура.
Која е таа пирамидална структура која нема хиерархија?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom