Serie A 2013/14

  • Креатор на темата Креатор на темата Клипче
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе го освои скудетото во сезоната 2013/14?


  • Вкупно гласачи
    367
Статус
Затворена за нови мислења.
Рома ќе бидат шампиони, ќе видите газат момците а Лјаиќ влезе во игра и гол ако играше од почеток хет - трик ќе направеше.
 
Брат јас пробувам да објаснам дека во сите тие години (преку 15) Интер два-три пати беше во борба за титула а највеќе џева дигаа, како тие се покрадени и сл. И тоа Јуве во тој период освои 7 титули ,значи дека не ги освоил сите можни, па да се директен и единствен кривец за фијаското на Интер во тој период. Од овие 7 скудета, во директна борба со Интер биле освоени 2 од кои едното е да речеме спорно (ова кое ти го постира, од 1998) и другото е чисто како солза затоа што скоро цела сезона Интер ја имаше контролата над табелата и сами си се криви за испуштената предност (она од 2002). Значи Јуве повеќе пати бил во борба за титула со Милан, Рома или Лацио отколку со Интер и ми нема логика навивачите на Интер да скокаат повеќе од навивачите на другиве три клуба заедно, кои логично, со "местењето" на Јуве биле повеќе оштетени отколку Интер.
Море лажењеееееее :pos:
Ни срам ни перде :)

1. Имате освоено 7 титули од 1995 наваму. Последниве две никој не ви ги спори. Значи 5 тутули се од 90-те наваму, без тоа што ви го одземаа поради местење. Значи тие се спорни, а правиме муабет за спорни титули.
2. Од тие 5 викаш дека само 2 пати сте биле во трка со Интер. Бујрум: 1996–97, 1997–98, 2001–02, 2002–03 6 бода,5 бода, 2 бода, 7 бода. Со пенали и офсајди низ цела сезона што ви се пуштани овде безброј пати. Тоа што Интер изгуби титула во последно коло не значи дека вие не добивавте гратиси. Јавна тајна беше, затоа и го јадевте подоцна :)
3. Најчиста титула ви е онаа од 1994 што ја освоивте со допинг. :cool:
4. Кога сте биле во трка со Милан пред 2003, а да сте победиле? Затоа тие не мрчат, никогаш не изгубиле титула од вас пред гол Ди Мунтари. Нити па Лацио.

Прегледај ги табелите малку и не лажи ги децава :love:
 
Ти кажам право мислев дека грешка беше што го пуштија Ламела...али еве ги играат фантастично први 6 кола просек по 3 гола на натпревар и само 1 примен вкупно...е сеа знаејки како играат рома во изминативе сезона незнам колку можат да продолжат со ова темпо..секад на почекот се при врв и имаат добри резултати...али втор дел на сезона доста паѓаат исти случај беше и минатата сезона... Баш ме интересира како ќе се покажат годинава...А овие од фиорентина доста летаат во облаци али па на крај ќе ги спушти некој на земја...и искрено ми се повраќа коа глеам така некој кога губи добар играч и вика еј не го бива не ни треба...патетично е тоа...



Мала грешка ... секогаш на почетокот Рома играла слабо (доказ за тоа е што си рушиме клубски рекорд со освоени бодови на старт на сезона), а од средина на првенство прави серии. Од 2001/02 не котираме толку високо после првите 6 кола
 
@Io Sono Interista чим сме толку големи местачи, што не ја спомна и 1999/00 сезоната кога на последниот дуел игравме на ваков терен против Реџина(А беше важен за титулата)...?
collina-perugia-juventus_580x324.jpg


О да, тогаш Јувентус не освоија титула... не е важна таа сезона:pipi:.


Патем во 2002 во пресрет на последното коло во лигата, Недвед и Поборски имале разговор преку телефон, и вториов му ветил на првиот дека ќе се погрижи Интер да не стигне до титулата...
Краен резултат: Лацио 4-2 Интер, со два гола на семоќниот Чех, Карел Поборски

Сеуште жалам што не го земавме Маџо... добро ќе му стоеше дресот со бројот 5 :(


#JuvemestaciSudijaSerijaB :icon_lol:
 
чим сме толку големи местачи, што не ја спомна и 1999/00 сезоната кога на последниот дуел игравме на ваков терен против Реџина(А беше важен за титулата)...?
collina-perugia-juventus_580x324.jpg

Мислиш Перуџа. :)


Колина ја судеше таа утакмица, така? А кога ја заврши судиската кариера, он имаше кажано дека навивал за Лацио. :P
 
Оваа титула ама немате ич право да ја оспорувате, покрај тоа ова го судеше според мене најдобриот судија во Италија.

Никој не ви ја оспорува, честитки, завршивте тогаш на прво место... мене ми беше постот на Ио дека ја заборави оваа сезона, а сите предходни сезони сме местеле :coffee:
 
Никој не ви ја оспорува, честитки, завршивте тогаш на прво место... мене ми беше постот на Ио дека ја заборави оваа сезона, а сите предходни сезони сме местеле :coffee:

Ми се избриша мислењето по грешка, сакав да ве потсетам и дека ве исплескавме на Деле Алпи :P:D
 
Искрено незнам што да мислам, од една страна после калчополи раководството на Јуве трба да се тешки идиоти за пак да местат зошто ако ги фатат не им бега серија д, од друга страна судииве се целосна катастрофа, нема утакмица а да не направат грешка, и сега нормално Јуве е на тапет за секоја судиска одлука (дали намерна или ненамерна тоа незнам ,времето ќе покаже )што е во нивна корист, така да навикнете се на жестоки коментари и по некоја заебанција на ваша сметка на форумов:)
 
така да навикнете се на жестоки коментари и по некоја заебанција на ваша сметка на форумов:)

Ние се навикнавме на жестоките коментари,избувнувањата, и заебанциите... туку проблемот е во тоа што после 2006 тие сеуште не се навикнаа на судиските грешки во корист на Јувентус

Местачи :icon_lol:
 
У секоја лига има пропусти од судии и слично ама никој не го тупи вака ко вие тука.

Годинава лигата е доста интересна за гледање и има навистина добри екипи ама само судииве малце да бидат повнимателни и ќе биде добро.

Од последниве 3-4 сезона мислам дека оваа ќе биде најинтересна ама многу заостануваат жабариве со инфраструктура и други глупости позади Шпанија/Англија/Германија и други и уште не превземаат ништо.

Криво ми е Калчото со кое израснав да го глеам како е дојдено до ова дереџе е никој не превзема ништо за да го оправи тоа а колку повеќе се одложуваат некои работи толку потешко е да се средат во иднина.

Галијани изгледа нема толкава моќ да ги промени работите иако цело време збори и потенцира што треба да се промени ама треба сите да се свесни за тоа.

Треба да се промени од корен Серија Б и да се скрати бројот на екипи а може и Серија А да има 18 екипи ко швабите додека да се средат.

Секоја чест за Јувентус кој у последните 3 години се среди, си направи стадион и е на добар пат да освои трето скудето по ред.

Секоја чест и за ова што сезонава го прави Рома, тие отсекогаш го имаа составот ама никако да го погодат тренерот но изгледа сезонава и тоа го направија и баш би ми било кејф Тоти при залезот на својата кариера да крене едно скудето. Заслужува човекот и колку некогаш да е гнаса човекот ко фудбалер си е pure class.

Милан е ко човек што не знае да плива и фрлен во сред океан, ќе дојде едвај до воздух па ќе потоне и така во круг.
Се наоѓа во некој транзициски период после сезоната во која го изгуби скудетото од Јувентус и се праат огромни промени во тимот, се средуваат финансиите, се пробува да се дојде до решение за стадионот кој би донел огромни приходи кои се неопходни за Милан и се инвестира многу во младинските сектори ама лошиот систем на Калчото за младите фудбалери не помага многу во тоа а и резултати не може да се очекуваат одма.

Милан долго време беше финансиран лично од џебот на Берлускони и сите знаеме каков беше тогаш Милан и тука може да се види што Галијани може да направи кога има вистински трансфер буџет но дојде крај и на тоа и не поради тоа што Берлускони повеќе не го сака Милан туку поради тоа што голем клуб ко овој мора сам да се финансира а не да зависи од Берлускони.
Силвио еднаш го спаси Милан од банкрот а сигурно доколку тој замине истото би му се заканувало на Милан а таков клуб да и исчезне е срамота.

Ова е мое гледиште на работите за Милан и доволно долго сум нивни фан и доволно возрасен за да сфатам дека овие работи се случуваат во секој тим и кога тогаш се ќе се врати на старо.
Проблем на форумов горе доле е што има многу нови фанови што уште не ја имаат развиено таа љубов кон клубот и нон стоп се нешто разочарани, па има пцовки па се нешто не им одговара ама со клубот мора да си во добро и во лошо, клуб не се мења секое лето.

Да ги искоментирам уште неколкуте клуба што останаа и да привршувам..

Интер ко Интер после нивната најуспешна сезона патеа и тоа многу ама полека се оправаат и Мацари им беше ептен добар потег и знам дека беше многу хејтан човек од нивна страна ама еве со добри резултати полека го прифаќаат.

Морати Ругоба со тешко срце се одлучи да продаде дел од Интер и најверојатно тоа му е најдобар потег после доведувањето на Мурињо и очекувам се посилен и посилен Интер во иднина освен ако не им се десат пак некои пиздарии т.е ако го остаат тој Шеширџијата да им носи трансфери.

Фиорентина изненадувачки напраи многу добро тимче за Серија А и почна да се меша во врвот и молам да ги пофалам за одличните трансфери изминатите 2 лета.
Треба само да престанат со тоа Rigore per il Milan пошо не им доликува и Монтела да престане да го игра Амброзини секоја утакмица пошо чоекот ќе скине конци.
Се надевам дека озбилно ќе играат во Лига Европа како и секоја екипа што ќе игра таму во иднина(макар и Милан) бидејќи на Италија очајно и требаат бодовите од таму.

Наполи има солидно тимче ама мислам дека клупата им е многу слаба и се зависи од Бенитез.
Ако тој не почне да праи глупости Наполи може да стигне далеку и во Серија А и во ЛШ.
Очекувам од нив да го напраат тимот бомба следното лето со парите што очигледно со мерак ги вложува Лаурентис во Наполи.

Се надевам на подобра Серија А и многу плескање на екипи од другиве лиги поготово шпанциве. Пациенти се.

Serie A > Bundes, EPL, La Liga etc etc

Постарите знаат зошто :D
 
У секоја лига има пропусти од судии и слично ама никој не го тупи вака ко вие тука.

......

Се надевам на подобра Серија А и многу плескање на екипи од другиве лиги поготово шпанциве. Пациенти се.

Serie A > Bundes, EPL, La Liga etc etc

Постарите знаат зошто :D

(y)
Другиве лиги освен до некаде германската ми се вештачки.
 
Ја усраа темана за ПЛ, у право беше Syn.
Затоа у знак на револт овде кј вас ќе дремам, поинтересни сте и не фрчат банови за глупости.
 
Ѓубрентус пак местеле :tapp:

*нема казнени :icon_lol:

Рома ептен јак фудбал вчера. Уште Љајич да се уклопи у прва постава, таман ќе бидат. Не играат во ЛШ/ЛЕ, куп може рано да испаднат и да се фокусираат на топ 3 во лига. Само овој Кастан некако ептен боде во очи, немаат подобар?
 
Ја разбирам фрустрацијата на сите фанови на останатите екипи од Серија А ама ќе ве молам бидете објективни вашите екипи поготово Милан имаат победено или се имаат извлечено од пораз на многу сомнителни начини и сега и годините што поминаа...научете се судиите грешат(намерно или ненамерно)...незнам зошто не се осврнете на тоа што на Тевез не му скришија зглоб за малце или на чистиот пенал против Киево, не сакам со ова да се вадам само сакам да кажам дека треба да ги согледувате работите целосно а не да отварате очи само на постапките на судиите кои се во корист на Јуве.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom