Зошто животот не е фер?

Messanger

Аскер
Член од
15 октомври 2011
Мислења
380
Поени од реакции
344
Немој така....
Ти постоиш не само за себе, туку и поради другите луѓе кои живеат сега, но и за тие кои ќе живеат во иднината.
Затоа заборави на црните мисли и стори нешто за другите луѓе

Ја сум реалист, мораме да живееме за да постигнеме некоја си цел, не живееме за другите луѓе. Ако јас утре умрам колку ќе потрае сеќавањето и поменувањетп за мене не повеќе од година 2...
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.841
Поени од реакции
11.492
A zosto mora da bide fer? Zarem postojat pravila na igra? Fakat ne.
Sto pobrzo se soocis so sam sebe, tolku polesno ke ti bide. Zivotot e takov, turbulenten, a tie sto gi sakas ke gi nema so se tebe eden den. Priroden proces, nisto strasno - da postoese besmrtnost ke postoea drugi principi.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ја сум реалист, мораме да живееме за да постигнеме некоја си цел, не живееме за другите луѓе. Ако јас утре умрам колку ќе потрае сеќавањето и поменувањетп за мене не повеќе од година 2...
Ќе потрае, ќе потрае, вечно...
Ова што ти ми го пишуваш, не е само твое дело тука дело и на твоите Родители кои те створиле, твојата Учителка која те научила да пишуваш и на сите други кои направиле да си ваков каков што си и на сите нивни родители и учители. Сите тие живеат во тебе
Јас не те познавам, не ги знам ниту нив, ниту нивните родители но нивното дело очигледно трае и вечно ќе трае.
Незнам дали бев јасен. Твоја е должност да живееш, а тоа е должност на секој човек
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
21
Поени од реакции
16
Животот не е фер е состојба на човековиот ум, во неможност на имагинација да ги гледа работите од сосема друг аспект на соочување на нештата што би биле возможни.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.906
Поени од реакции
11.247
Ќе пишам помал дел од нешто што сакав во друга тема да го пишам (Целта на животот или како и да беше).

Хмм, "не е фер" се зборови што ги сметам за лузерски повеќе би се изразил "е срање".
Да, живототот во оваа форма што ја познаваме е срање, секој што подразмислил малце повеќе ќе го заклучи и прифати ова без многу пимплање и нема да се прашува зошто животот не е фер/реален убав итн.

Некој ќе го смета постов за тотално песимистички, негативен или како и да е I don't fucking care, секогаш сум се сметал за реалист без разлика другиве што мислат за мене.

Како што пишав веќе животот го сметам за срање, НО срање кое треба да го направиме максимум што можеме подносливо и попозитивно, некој ќе успее во тоа повеќе некој помалку.
Па во овој 21ви век кога сеуште има војни и се убиваат луѓе со луѓе за територијални и било какви други предности некој ќе ми каже дека животов е убав и розев?

Судбината на 95 проценти од населението без разлика дали си македонец германец узбекистанец итн. е егзистенцијална, разликата е што некаде ќе се исплати тоа повеќе некаде помалку, во македонскиов случај секако помалку.
Па тие 95 проценти од населението го прави тоа што мора за да преживее а да добие многу малку. Работиш 40 години во кои тие што имаат среќа само третина од денот им е поминат во работа, оние другите пола ден го поминуваат во рмбање, а останатите активности, семејство пријатели партнер каде се сместуваат, во која временска рамка, постои ли воопшто таа рамка? Моменталната судбина човечка е рмбање цел живот за да добиеш во последните 10-15 години кога си со побелена коса и збрчкано лице некое блаженство, одмор и да донесеш заклучоци дали си живеел поубав или посрање живот.
Останатите пак 5 проценти, оние со милионски суми на контото ќе кажете како во секој романтичен филм дека не се среќни и покрај тоа што имаат толку пари и можат well, во моментов да прелетаат од која било до која било точка на планетава. Не, во случај на тешка болест тоа што ќе можат да си дозволат да ја направат потребната операција без проблеми ги прави помалце среќни од оние што мораат да пуштаат известувања по социјални мрежи, да одат од врата до врата, да отвараат банковни сметки за донации, за да ја направат нивната потребна операција за која доста често и не успева да се собере потребната сума на пари...
95% > 5%, што значи поголемата мизерија доминира во однос на помалата мизерија, па донесете и сами некој реален заклучок за животот па се надевам нема да се прашувате зошто животот е ваков каков што е.

Наше што останува е да тежнееме да го направиме тоа срање што ни е понудено најпозитивно што може, некој ќе успее некој не, некој со труд ќе влезе до тие 5 проценти некој не. Не се фаќајте одма за материјалната страна, не тежнеам кон тоа ако си без мозок џабе ти се материјални добра, но без тие добра не би можел да искусиш многу други добра што ги нуди животот, затоа рано е да се зборува, почекајте едно 40тина години (ако имате среќа да дотуркате до толку) па ќе донесете заклучок дали животот кон вас бил добар или не.

На крај е најбитна е борбата, некогаш ќе се исплати некогаш не, ако не пробаш ќе речеш можев а не направив. Борбата со животот секогаш ќе биде сурова, твое е дали ќе успееш да ја преживееш или не.
 

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Природата прави баланс за животот воопшто да егзистира. Нема тука фер, не фер.
Ние веруваме дека едно здраво дете полно со амбиција е голем губиток, наспроти фраерот со колата.. Но, не е баш така. Иако звучи сурово, но овај свет не би егзистирал доколку сите сме амбициозни и добри по душа...
Капитализмот и сите негови претходници се уствари уште еден вид хармонизација на вирусот што ја гризе планетава.
Човештвото не крепи 10+ милијарди.. факт.
Сите еден ден ќе не нема, некој побрзо, некој покасно. Ако не е така, тогаш нема ни да не има.
Е сега, сите ние жалиме кога животот е не фер, ама кој би можел да влијае на тоа?
Според мене, никој.
А вернициве одма ќе ти го објаснет то, стручно :)
Nikolco.....
Slucajnosta e za zaspani kako tebe...ovoj primer e samo dokaz za eden od 96te zakoni vo univerzumot.
Takvite kako tebe ne gi razbiraat zakonite na univerzumot..a za toa ste si sami krivi.
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Nikolco.....
Slucajnosta e za zaspani kako tebe...ovoj primer e samo dokaz za eden od 96te zakoni vo univerzumot.
Takvite kako tebe ne gi razbiraat zakonite na univerzumot..a za toa ste si sami krivi.

Случајноста може да исчезне ако еволуираме доволно за да ја пресметаме математички траекторијата и енергијата на секоја честитка.
Ама то е толку комплициран процес, што ни заспаните ко мене, ни еспресата ко тебе Џурџи, не можат уште милиони години да го разберат.
Ако е толку јасно за верниците - што се крие таму горе, тогаш зошто не го учиме тоа во учебници?
 

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Случајноста може да исчезне ако еволуираме доволно за да ја пресметаме математички траекторијата и енергијата на секоја честитка.
Ама то е толку комплициран процес, што ни заспаните ко мене, ни еспресата ко тебе Џурџи, не можат уште милиони години да го разберат.
Ако е толку јасно за верниците - што се крие таму горе, тогаш зошто не го учиме тоа во учебници?
Covekot e samo "masina" (mada nikoj toa nema da go priznae). Toj misli deka e "sloboden" i deka sam gi donesuva odlukite (svesno),a u stvari koga ima shansa da bira ne deka sam bira, nego najgolem del od tie odluki se prinudni.
Vo glavno covekot zivee pod 3 vrsti na vlijanija.
(A)Prviot tip se vlijanija sto se od sekojdnevniot zivot( podobri uslovi za zivot, hrana, kola, kuka itn).
(B)Vtoriot tip se vlijanija se determinirani od povisoki interesi kako na primer: religija, nauka, filozofija, umetnost itn...
(C)Postoi i tret tip koi se kombinacija na determinati interesi i na determinati emocii, ma za tie treba da se ima eden magneten centar sto ke te vodi vo eden precizen pravec.
Imas luge koi ziveat cel zivot samo pod vlijanie od prv tip, pogolemiot del zivet pod vlijanie od vtoriot tip a samo mal del ima shansi da se zapoznae i sretne so tretiot tip. Za eden skromen i normalen zivot dovolni se prvite dva tipa,se drugoto zavisi od samiot nego. Ako vo tekot na zivotot pocne da gi studira i da pokazuva interes za istite( zboram za od vtor tip) gi akomulira, kaj nego moze da se stvori grupa na ego (dosta shiroka tema) koja moze da stvori pogolem magneten centar i so toa da go usmeri vo odreden pravec svojot interes. Ako covek ne gi studira, ne gi akomulira tie nema da imaat nikakov efekt.Toj e i eden od pricinite zosto tolku lugeto se razlicni megju sebe.Mozes da bides i profesor po filozofija,ama ako nemas razvien magneten centar seto toa znaenje e nepotrebno, ne doveduva do nekoja povisoka cel i do pogolem stepen na razvoj.( ne doveduva do vnatresna promena kaj istiot).
Sega okolu zakonite. Covekot e pod vlijanie na 48 zakoni.( nekogas i ke ti objasnam kako se doagja do tocniot broj). Samo del od osnovnite zakoni:
1.Zakon na slucajnost
2.Zakon na pricina -efekt
3.Zakon na fakti
4.Zakon na voljata

Najgolem del na lugeto go ziveat zivotot pod dejstvo na prviot zakon.Toa e spojka na dve pravi linii koi vo odreden moment i vo odredeno mesto se presekuvaat.Vo toj momen nasata prava linija se prekrsuva i poagja vo drug pravec.Poradi toa covekot najcesto ne moze da stigne na celta, vo megjuvreme ke krene vo drug pravec i ke si postavi druga cel. Za da se izbegne od ovoj zakon treba mestoto i prostorot da bidat ispolneti so svesni akcii (svesni-isto dosta siroka tema),ili so namerni akcii.Za razlika od prviot, vo vtoriot zakon pricinata moze da bide od nasa strana. So samoto sozdavanje na intenzionalni pricini go namaluvame vlijanieto na prviot zakon.
Zakonot na fakti, se misli na samato ragjanje: roditeli, braka, sestri, fizicki sposobnosti, zdravje ...

Zakon na voljata. E tokmu na nea treba da se "raboti" mnogu, zatoa sto takvi kakvi sto sme,skoro i da nemame volja.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Затоа што човекот мисли дека реалноста е таа што треба да се прилагоди на неговите очекувања, желби и потреби, а всушност човекот е тој што треба да се прилагоди на реалноста или поточно - да ја открие природата на таа поврзаност помеѓу него и универзумот.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Точно е дека во одредени ситуации животот, сплетот на околности се далеку од фер. Меѓутоа се мисли на еден ситен дел од целокупниот живот на човекот, вклучувајќи ги животните настани во кои некогаш се изневерени очекувањата или се неисполнети желбите.

Како постојана форма, состојба на нефер нема, бидејќи не секогаш човекот е несреќен. Доаѓаат и ситуации во кои сме имале мали барања на кои било "одговорено" многу повеќе од очекуваното.

Затоа сметам дека животот не е фер во одредени ситуации, со одредени луѓе и задачи. Се` што е останато е делумно, односно фер, а дали нашиот умствен или физички влог бил во сооднос е друга тема.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.494
Поени од реакции
9.494
Дали бил фер или не онаму каде што и не е толку битно, како раскинување на врска, материјална ситуација споредена со друг или нешто вака слично не е ни достојно за дискутирање.
Релативна работа, денес е лошо утре ќе се подобри, башка имаш и шанса да смениш нешто, да влијаеш на тоа.
Ама, онаму каде што дефинитивно живото не е фер и каде можеш единствено да се чудиш како стварно не е фер, без да можеш да направиш ништо е кога ќе слушнеш вест за смрт на новороденче, смрт на мало дете од леукемија, од рак, убиства, војни, глад, умирања на недолжни луѓе, силувања, педофилија...
Е тогаш ќе ти текне дека дефинитивно животот воопшто не е фер!
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Зошто животот треба да биде фер?
Зошто мислите дека треба да бидете среќни?

Со кои космички закони ви е гарантирано тоа?

Единствено за што на природата и е гајле е да биде продолжена врстата. На природата не и е грижа за поединецот. Вашите среќи и несреќи, вашата идеја дека животот треба да биде фер се потполно неважни и илузорни.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom