За човекот, животот никогаш нема да биде фер. Ретко кој ќе каже "среќен сум, ништо не ми фали" затоа што секогаш се гледа негативната страна т.е. што фали.
Човекот е такво алчно суштество што никогаш нема да се задоволи со тоа што го има. Од една страна тоа е добро затоа што секогаш треба да се турка напред кон поголеми успеси, меѓутоа не смее да се заборави на постигнатото и придобивките од него во ниеден момент (а тоа најчесто се случува).
Ако можеш да преземеш нешто во врска со одреден проблем - преземи, не седи со скрстени раце самосожалувајќи се. Најлесно е да гледаш во туѓиот двор и да јадеш трици или да кукаш. Ако не можеш, соочи се со тоа и пренасочи го интересот кон нешто друго што е дофатливо и во склоп на твоите капацитети. Настаните кои се случуваат надвор од нашата контрола а кои сепак ни влијаат ние бираме како ќе ги перцепираме, дали позитивно или негативно. Дали ќе извлечам поука или ќе си ја копам сопствената дупка од мене зависи.
Секој избор кој го правиме е меч со две острици. Пример аплицираш за работа и има две опции, или ќе те одбијат или ќе те примат. И во двете ситуации треба да останеш сконцетриран на целта(работата) - ако те примат, изложи ги своите способности и надогради ги, ако те одбијат - не се жали туку аплицирај одново.
Животот се состои од падни-стани. Така човек се ојачува, така човек учи да цени и почитува, учи за себе и за луѓето околу него. Никој не се родил учен, со изградена личност. Богаташот без разлика колку пари има во џебот ако не ја цени парата и тоа што го постигнал нема да биде среќен и задоволен, истото важи и за сиромавиот како во примерот на
The_Red1 .