Бестселери! Навистина добри книги или добра реклама?

Бестселери!Навистина добри книги или пак добро рекламирани?


  • Вкупно гласачи
    30
Член од
9 септември 2013
Мислења
159
Поени од реакции
73
Дали мислите дека бестселерите се навистина добри книги или само се добро рекламирани?Дали мислите дека секоја книга која е означена како бестселер е посебна и вреди да се купи и прочита?Имаат ли нешто овие книги што го немаат оние кој не се означени како бестселери?А што мислите за до пред 20-тина години кога немало вакви бестселери,како лугето ги читале книгите кој и до ден денес се едни од најчитаните,а пред нивниот наслов не стои поимот бестселер?Пример библијата или пак дневникот на Ана Франк како едни од постарите,а се сметаат за едни од најчитаните книги во светот!?
 
Бестселери - најдобро продавани книги имало од секогаш.
Чарл Дикенс, бил најчитан писател на своето време
Виктор Иго исто така
Но интересно е дека имало писатели кои биле многу читани од современиците а подоцна биле заборавени
А има и обратни примери, за време на животот биле слабо читани а подоцна станале популарни. Типичен пример е Франц Кафка. За време на неговиот живот се печатени само неколку раскази кои поминале скоро незапазени, а највредните дела се издадени постхумно кога и станал славен
 
Тоа што сега поминува како бестселер, ми е срам и да го купам, камоли да го читам.

Се знае, пропагандата и економската машинерија си го прави своето (особено американската), па така како бестселери се протураат книги кои врска си немаат со нашиот менталитет и интелект.

Што да кажам за книга насловена како "Шопингохоличарка во Париз", или слични т.н. женски романчиња кои според содржината воопшто не се разликуваат од оние кои порано ги даваа гратис со весници, за да имаат и домаќинките забава (своевиден предвесник на турски и латиноамерикански серии).

Никаков репер не ми е дали е книгата бестселер. Ако не ме интересира тематиката, нема шанси да ја купам. На крајот на краиштата, кога станува збор за квалитетот на една книга, најдобар показател за истиот е времето.
 
Бестселери - најдобро продавани книги имало од секогаш.
Чарл Дикенс, бил најчитан писател на своето време
Виктор Иго исто така
Но интересно е дека имало писатели кои биле многу читани од современиците а подоцна биле заборавени
А има и обратни примери, за време на животот биле слабо читани а подоцна станале популарни. Типичен пример е Франц Кафка. За време на неговиот живот се печатени само неколку раскази кои поминале скоро незапазени, а највредните дела се издадени постхумно кога и станал славен

Секако најпродавани книги постоеле од секогаш и затоа пишаниот збор е најпопуларен дури и денеска кога постојат и е-книги.Но немислев на тие книги кој биле најмногу продавани туку на тој систем кој се појави пред околу 20 години во Америка познат како рекламирање на книгата дека книгата е најпродавана односно бестселер.Со самото тоа ем медиумот зема пари,а владата тоа го дозволува затоа што во нејзиниот буџет ќе влезат дел или пак сите пари од авторските права.Значи мислев на тој систем на рекламирање на книгата.И без овој систем на рекламирање книгите се продавале успешно,а со овој систем уште повеќе и кога делото ќе застари пак ќе му остане наставката бестселер и секој поединец кој ќе ја купи книгата ќе мисли кузнае колку е добра и читана.Но и навистина постојат одлични бестселери.
 
Празен е тој термин, Bestseller, нема некоја важност денеска. Bestseller, но bestseller според кого, според никого очигледно, денеска можеш да ставиш bestseller титула и со помалку од 10 000 копии продадено.
Самата титула нема вредност, многу луѓе и даваат важност на The New York Times Best Sellers, но и таа листа не е баш нај нај. Листата на Амазон е некако порелевантна затоа што директно можат да го следат бројот на продадени копии.

Кај мене често знае да има и контра ефект, ако некоја книга се форсира како bestseller не очекувам многу од неа. Долго време не ја читав The Hunger Games трилогијата затоа што ја форсираа толку, никаде не успеав до прочитам објективно ривју. И дадов шанса од кога излезе филмот, и види чудо, испадна ОК приказна со еден од најслабите и најнерелевантните главни ликови во својата приказна.
 
The Hunger Games книгата ја имам на англиски во е-форма и не се ни осмелувам да ја прочитам,а филмот е навистина многу добар.
И всушност заради таквата политика помеѓу писателот или печатницата и медиумот ја започнав дискусијава.Америка несака да ги објави тие скандали затоа што си има профит како што објаснив малку погоре.
Еден ден можеби ќе пропадне ,,The New York Times,,луѓето ќе се сеќаваат на него како ние што се сеќаваме на ,,Време,, и ,,Шпиц,,но придавката бестселер ќе остане и кога ќе се направи листа на бестселери и тие ќе се најдат таму,а и најмногу бестселери се објавиле во Америка и Велика британија.Зошто не се објавени во Русија или Кина.Пример Ана Каренина,лугето ја читаат со години и на исток оваа книга е и лектира всушност и ја има во секоја библиотека по неколку пати!
И уште нешто сакам да објаснам во Америка.Канада и во Британија има сугурно 10.000 библиотеки.Секоја библиотека ако ја има таа книга,а градот или некој ја подарил на неа ,ќе ги добиеме тие 10.000 копии(а плус и сите библиотеки ширум светот ако ја имаат ќе добиеме над 10.000 копии)Медиумот мора од нешто да живее ,а добива големи пари само за објава на еден бестселер.
 
Како што и името кажува, бестселер е најдобро продавана книга. Никаде не станува збор за квалитетот на насловот. Најпродавано не значи и најдобро. А додека не ја купиш или прочиташ, незнаеш каква е. Јас сум сигурен дека добар дел од купените бестселери книги, остануваат дома по полици непрочитани. Денеска сето тоа е голем маркетинг. Па само листата на Њујорк тајмс на бестселери не е само една листа, туку се едно дваесетина листи. Книги со тврди корици, со меки корици, за деца, за млади, вакви книги, онакви книги. Што значи 20 книги оваа недела се на прво место на бестселер листата. 100 книги се во листата на првите пет најпродавани.
Постои уште еден феномен, што со самото појавување на некој наслов на листата, автоматски значи зголемување на неговата продажба. Баш скоро читав за тоа, како луѓе ангажирани од издавачот ја купувале книгата по книжарници, само за да се појави книгата на листата на најпродавани, за да после истите тие книги ги вратат пак во книжарите, да се продаваат, овојпат на купци кои ја купуваат затоа што е на листата на најпродавани.
А нормално е кога некој ќе влезе во книжарница со повеќе стотини наслови, без некоја конкретна идеја што го интересира, да го привлечат оние кои што се најпродавани, воден од логиката дека чим толку се купува мора да е подобро од она што не се купува.
 
moongoses
Па баш претежно е за тоа, да се зголеми продажбата на една книга, затоа го форсираат тој бестселер статус. Во времето додека Опра уште ја имаше нејзината емисија, било која книга што ќе се појавеше во нејзиниот book club добиваше масивен број на продадени копии, сигурно во милиони била бројката.

Но тој ефект на зголемување на продажбата работи само со нови автори, на автори како Ден Браун или Роулинг не им прави никаква разлика, тие веќе имаат етаблирано име и ќе продадат милиони копии со самото тоа што ќе ажат дека имаат нова книга.
 
  1. THE CUCKOO'S CALLING by Robert Galbraith
  2. INFERNO by Dan Brown
  3. GONE GIRL by Gillian Flynn (Ејми ја нема)
  4. AND THE MOUNTAINS ECHOED by Khaled Hosseini (И планините одекнаа)
  5. THE ENGLISH GIRL by Daniel Silva
  6. THE OCEAN AT THE END OF THE LANE by Neil Gaiman
  7. THE HUSBAND'S SECRET by Liane Moriarty
  8. A DANCE WITH DRAGONS by George R. R. Martin
  9. THE CASUAL VACANCY by J. K. Rowling
  10. BEAUTIFUL RUINS by Jess Walter
  11. JOYLAND by Stephen King
  12. FIFTY SHADES OF GREY by E. L. James (Педесет нијанси на сиво)
  13. THE ALCHEMIST by Paulo Coelho (Алхемичарот)
  14. WHERE’D YOU GO, BERNADETTE by Maria Semple
  15. THE LIGHT BETWEEN OCEANS by M. L. Stedman

Where'd you go Bernadette ја имам читано, прекрасна е. Inferno и The casual vacancy се на листава само ради авторите кои стојат позади нив, не дека ги бива. 50 shades of grey сите знаеме какво срање е. The cuckoo's calling и And the mountains echoed исто така се наоѓаат на листава ради авторите, ама јас лично ги немам чотано, така да може и да ги бива, за двете имам високи очекувања. The ocean at the end of the lane исто, со таа разлика што не планирам да ја читам. Gone girl е многу добар трилер, напнат а книга. The light between oceans ја немам читано ама е одбрана за најдобра историска фикција на goodreads за 2012, така да верувам дека е добра.
 
Ниту сум следел, ниту ме интересирале листи на најпродавани книги, „книги кои што го потресле светот“ или што ги откриле „најголемите тајни и завери“, односно „претставуваат неверојатно сведоштво за сексуалните излети на некоја шопинг-маченичка“.
Но, не е невозможно меѓу сите тие „бестселери“ да се открие нешто вредно за читање како на пример напишаното од Дитас, или од Мирјам.
 
Бестселер е збор за привлекување внимание за да прочиташ една книга, што значи дека е една многу добра реклама.

Постојат многу книги кои не се бестселери, а се сепак почитани и поинтересни одколку бестселерите :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom