Дечки абе гледам многу самоуверени сте станале ?
Кај виде такви жити се?
Со Фиорентина ќе биде вистински тест, очекувам крајно неизвесен натпревар и некој резултат во рамки на 2 до 3 гола. Се надевам 2-1 за нас.
Што е за нас значајно покрај тоа што Мацари ја подигна екипата:
-
Кампањаро е невиден ѕвер, што и даде на одбраната голема самодоверба. Ранокија и Хуан си го играат нивното и набиваат искуство, ова им е втора сезона. Добиваме одбрана за долги стази, што е клучно за Италијанско првенство.
- Рики е 200% подобар играч, значи она што го играше пред повредата + самодоверба и решителност да се докаже. Мацари му даде слобода а тоа е тоа што им треба на овој тип играчи.
- Џони е на некакви стероиди, ретко кога влегува во блам ситуации, практичен е и ретко греши.
- Переира не игра.
- Милито се врати.
- Тајдер е изненадување на годината.
Погоре наведените според мене ја прават разликата помеѓу сегашниот Интер и ланските патетики. Има дури и простор за напредок, ако Мацари направи човек од Гуарин и се разбира Кова да експлодира, тогаш ќе биде што не било. Но за тоа има време.
Она што најмногу ме плаши е повреда во одбранбената и бековската линија. Ако не се наруши составот во делот
Нага-Хуан-Ранокија-Кампањаро-Џони, мислам дека ќе ја одржиме формата долго време. Тенки сме со замени и принудно менување формација може да не чини многу.
Исто така потребно е да видиме што карактер имаме, бркање резултат, пресврти и слично...
Важно е дека сезонава ќе ни трае подолго овојпат.