Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.202
Поени од реакции
1.212
Ако не грешам, Напредно програмирање се вика старото Софтверско инженерство. Се учи STL - напредни податочни структури - vectors, queues, deques, maps, multimaps, etc.

Имам материјали од Софтверско инженерство, ако ти вршат работа.
Мислам дека е малку поразлично, бидејќи Маџаров ни рече дека немало сличен предмет на овој :(
Иначе се изучува : генеричко програмирање, апстрактни податочни типови, темплејт функции, темплејт класи, колекции со линеарен пристап, колекции со случаен пристап, рефакторирање,
основни концепти на шаблони за дизајн на софтвер, нитки и конкурентност.
Ако е нешто слично тогаш секаква литература би ми била од корист :)
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
845
Поени од реакции
447
Софтверско инжинерство е во C++, напредно програмирање е во java. Не знам колку ќе ти користат тие материјали. Најдобро извади си ја книга.
 

Toneh

is a turtle
Член од
21 август 2005
Мислења
5.510
Поени од реакции
907
Мислам дека е малку поразлично, бидејќи Маџаров ни рече дека немало сличен предмет на овој :(
Иначе се изучува : генеричко програмирање, апстрактни податочни типови, темплејт функции, темплејт класи, колекции со линеарен пристап, колекции со случаен пристап, рефакторирање,
основни концепти на шаблони за дизајн на софтвер, нитки и конкурентност.
Ако е нешто слично тогаш секаква литература би ми била од корист :)
Не знаев дека Јава се учи, иако тематиката е иста, нема да ти бидат од помош материјалите тогаш, убаво кажа genius.
 
Член од
20 јуни 2012
Мислења
147
Поени од реакции
40
Ај ако може некој да постави материјали за Веројатност и Статистика, и некои tips and triks за предметот
Слушнав дека ако си кај Бакева како потешко да било, но нели се исти тестови за сите, така да што е разликата ?
 

Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.202
Поени од реакции
1.212
Ај ако може некој да постави материјали за Веројатност и Статистика, и некои tips and triks за предметот
Слушнав дека ако си кај Бакева како потешко да било, но нели се исти тестови за сите, така да што е разликата ?
Јас не сум слушал кај Бакева, ама сите се жалат дека многу строго ја прегледувала теоријата и дека не давала поени на консултации. Ама кога ќе видиш и Смиле не дава поени, така да за сите вртат истите муабети. Материјалите за ВиС се ставени во групата на ФИНКИ, таа што е 2ра генерација, иначе дали е доволно да се учи од слајдовите како ДМ2 или треба и од книгата ?
 
Член од
14 септември 2013
Мислења
86
Поени од реакции
19
Дали некој ги чува колоквиумите по КРС - ФИНКИ(годинава) или некакви прашања од тестовите? Фала однапред :)
 

/МIRЧ3_МкД\

Временски патник
Член од
7 март 2012
Мислења
380
Поени од реакции
102
дали некој ги има презентациите по АСП, ако има таков нека ми ги прати по пп.. кај и да е ке ги постават на курсес, ама додека да не додат сите може да потрае и недела време.. не друго, да си почнам со време :D
 

Eva Molotow

Anti-social Engineer
Член од
6 јуни 2008
Мислења
532
Поени од реакции
392
Член од
22 јуни 2012
Мислења
116
Поени од реакции
60
Некој љубезен да сака да ми го објасни форот? :)
Прегледај го приврзокот 73000

for(A; B; C) D;
значи дека
1. на почеток задаваме дека е точно А
2. проверуваме дали е точно В
3. ако B e точно, го извршуваме D, ако не е циклусот завршува
4. го извршуваме C (ова најчесто е нешто што по конечен број на повторувања ќе го смени B во неточно, со што циклусот ќе престане)
5. повторувај почнувајќи од 2.

printf("Bilo kakov tekst") секогаш враќа true

Work your logic натака. Ако треба пак пиши, иако мислам имаше посебен форум за вакви работи.
 
Член од
14 септември 2013
Мислења
86
Поени од реакции
19
for(A; B; C) D;
значи дека
1. на почеток задаваме дека е точно А
2. проверуваме дали е точно В
3. ако B e точно, го извршуваме D, ако не е циклусот завршува
4. го извршуваме C (ова најчесто е нешто што по конечен број на повторувања ќе го смени B во неточно, со што циклусот ќе престане)
5. повторувај почнувајќи од 2.

printf("Bilo kakov tekst") секогаш враќа true

Work your logic натака. Ако треба пак пиши, иако мислам имаше посебен форум за вакви работи.
Да, видов дека има, ќе пишувам таму, од кога постирав веќе, го пронајдов. Фала :)
 

Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.202
Поени од реакции
1.212
Колеги, некој што полагал алгоритми, дали се полага со интернет и дали се дозволени материјали од аудиториски и предавања?
 
M

Mr.InF3ction

Гостин
Amaterasu

Немате асистенти да прашате тоа? :icon_lol:

Лани можеше да се користат само материјалите од courses. Нема интернет, печатени материјали со тебе итн..Предпоставувам сеуште е исто...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom