Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.603
Поени од реакции
13.301
Ова ми е 3 недела трчање, досега трчав 3 пати неделно а од денеска почнувам да трчам од понеделник до петок, со одмор за викенди. Тотален почетник сум, цигарите ги откажав пред 4 месеци но преслабата кондиција и состојба ми останаа, што значи последно ниво ми е трчање на патека од 400 метри 5 пати со паузи со пешачење измеѓу.

Еве мал апдејт за трчањево. Денеска истрчав 3КМ, со мала пауза за вода помеѓу вториот и последниот километар. Jeeej. :свиркам:

Ви го послушав советот за трчање пон-сре-пет и другите денови склекови и раздвижување така малку колку да не се седи дома цел ден. :)
 
Член од
22 октомври 2007
Мислења
32
Поени од реакции
3
Имали маратонци на форумов?
Се повеке има тркачи на кеј, од нив малку се маратонци.
Кој сака да истрча барем полумаратон, другиот месец во Скопје ке има две трки, па може да се проба. Ке има и неколку маратони во наша близина, можеме да се организираме на некој од нив.
Конкретно кој сака да оди на Љубљански маратон кој важи за еден од најдобрите и најпосетените во регионов, ќе има организирано идење на него.
--- надополнето: 21 септември 2013 во 17:45 ---
Кај да најдам повеќе инфо за тркиве што се наредниот месец во Скопје ? инаку за трчање тука имаат доста пишувано сепак рекреативци се сите повеќето (освен mr white) :)
Ова ме праша Атомска мравка, еве за него одговор и за сите што се заинтересирани.
Прва трка ке биде во Прилеп на 11 октомври.

Датум на одржување : 11 октомври 2013
Делење на стартни броеви : 10 часот, Центар
Време на старт : 11 часот
Старт : Прилеп - Центар
Цел : Варош - Слонче
Контролна точка : Пред ман. Трескавец
Патека : до манастирот и назад - по истата патека
Должина : 14 km
Поз.висинска разлика : 800 m
Просечен успон : 11,2 %
Максимален успон : 44,5 %
Прогласување на победници : 14 часот
Ќе има и шатор за пресоблекување и оставање на ранците кои потоа ќе ви бидат однесени на целта.
Право на учество - од 14 години па нагоре.
Категории (женска и машка) и по старост :
1. Јуниори - до 19 години (родени помеѓу 1994 и 1999)
2. Сениори - од 20 до 39 години (помеѓу 1993 и 1974)
3. Ветерани - 40 год. и постари (од 1973 натаму)
Сениорската категорија е всушност се смета и како апсолутна. Но ако некој јуниор - на пример - заврши на второ место апсолутна конкуренција, ќе си биде наведен како втор во апсолутна, и како прв во јуниорска конкуренција.
За пријвување : краен рок - 6-ти октомври
по email кај мене - trajkoandroid@gmail.com
Потребни податоци :
- Име и Презиме
- датум на раѓање
- пол
- град / држава
- телефон (мобилен)
- e-mail
- големина на маица (S, M, L, XL) - доколку има средства
Доколку има доволно заинтересирани - може да се договориме да ангажираме автобус од Скопје. За тоа - потоа.
Благодарност до сите добронамерни кои дадоа иницијатива и поддршка и минатата и оваа година.



Пријавувањето и учеството е бесплатно. Сепак, имаме желба овој настан да има и ХУМАНИТАРЕН карактер - ќе има кутија за собирање на прилог за ЗОРАН ДИМОВ - за да му овозможиме соодветна рехабилитација (бања, физиотерапија) за што поскоро да се врати и трча со нас. Предлагам секој натпреварувач да донира по 100 ден. Секако прилози можат да дадат и посетителите.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.906
Поени од реакции
11.247
Дечки, Nike+ почна да ме зеза и да паѓа цело време, некои 30тина километри во минус сум. Планирам да сменам апликација и се мислам помеѓу Endomondo и RunKeeper. Ако има некој некакви искуства со овие нека сподели...
Acid знам го користеше RunKeeper, како си задоволен и дали планираш да го мењаш во скоро време?
 

Charon

Нинџа
Член од
31 октомври 2010
Мислења
428
Поени од реакции
1.104
Дечки, Nike+ почна да ме зеза и да паѓа цело време, некои 30тина километри во минус сум. Планирам да сменам апликација и се мислам помеѓу Endomondo и RunKeeper. Ако има некој некакви искуства со овие нека сподели...
Acid знам го користеше RunKeeper, како си задоволен и дали планираш да го мењаш во скоро време?

Ранкипер :)

Јас две истовремено користам и Ранкипер и Спортипел.
 

Charon

Нинџа
Член од
31 октомври 2010
Мислења
428
Поени од реакции
1.104
А помеѓу тие две? И зошто двете ги користиш?

Оти Спортипел има јака статистика, топ рекорди, траки, комјунити итн. А кај Ранкипер мора да имаш Елит.

А Ранкипер оти е посоцијален, има да си напишиш со кој си трчал и има слики да правиш дури трчаш и ти ги става на мапата.

И за споредба, оти Ранкипер често ми дава плус километри, зиг-заг ми ја црта мапата.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.906
Поени од реакции
11.247
Оти Спортипел има јака статистика, топ рекорди, траки, комјунити итн. А кај Ранкипер мора да имаш Елит.

А Ранкипер оти е посоцијален, има да си напишиш со кој си трчал и има слики да правиш дури трчаш и ти ги става на мапата.

И за споредба, оти Ранкипер често ми дава плус километри, зиг-заг ми ја црта мапата.
Малку досаден сум, а зошто го отпиша Endomondo, што му фали на него?
 

MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
А помеѓу тие две? И зошто двете ги користиш?
од овие само спортипел ја имам користено и не беше лоша, барем кај мене добро се покажа, ја користев околу 4 месеци и немав некои забелешки за неа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom