Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
По таа десна страна сме многу слаби.Гнарби незнае дали игра бек или крило.Требало мијачи да стартува побрз е и има поголемо искуство.
Сепак битно е да тепаат.
 
Мертесакер лош и покрај голот, Озил лош и покрај асистенцијата.
Гнабри е изгубен, далеку е он од прв тим.
Мора трет гол.
 
Сега Бентнер ќе влезе и ќе ги реши. Гнабри може и изгубен али има сто пати подобра техника од Тео.
Озил може малце нервозен,прв натпревар на Емирати. Али има полоши од него на терен. Ко на пример Џек, може да го видиме Артета второ.
Идемооооо брзо голче да не се потиме до крај.
 
Не може со Џек и Гнабри како крила, се пикаат во средина и му го гушат просторот на Жиру. Дај нека се врати казорла што побрзо, не може вака.
 
Одлична победа, со сите повреди, мудра и паметна игра. Класа Озил, веројатно со 50% од капацитето играше а видовтие каква беше неговата улога за трите гола.

Први на табелта, колку време го немаме кажано тоа!?
 
Браво за момциве, етпен бранат ко тим и одамна ги немам гледано вака организирано, поготово кога браниме прекини. Фламини е супер засилување, иако на почеток ич не сакав да го земеме.
Штета за Жиру што немаше среќа денес, да си ја продолжи серијата.
А Озил и на слаб ден си праи асистенции ко од шала ,:cuc::cuc::cuc:.
Ајде сега во среда да го гледаме Николче во нападот ;).
Нека ни се множат победиве, одлична партија и заслужена победа.
 
3 бода,само тоа е важно,не баш сјајна игра,полека полека се враќаат повредените играчи,Озил ѕвер,Шчежни исто добар меч,следен меч гости кај Свонси..
 
Честито победа дечки, сосема заслужено.
Некој да ми кажеше пред година две дека ќе го тепаме Стоук со голови од прекин (од кои два со глава), ќе му се искинев од смеење.
 
Фламини е ѕвер, технички е инфериорен споредено со Артета, но човекот трча и работи како коњ, одозгора командува одбрана.
--- надополнето: 22 септември 2013 во 16:34 ---
Патем, победуваме релативно убедливо и покрај тоа што играме со едвај скрпен тим.
 
Фламини е ѕвер, технички е инфериорен споредено со Артета, но човекот трча и работи како коњ, одозгора командува одбрана.

Како никогаш да не заминал, верувам дека од денешна перспектива многу му е криво што замина во Милан, сигурно ќе имаше уште подобра кариера да не го направеше тоа.
 
Фламини има сватено дека си заеба 5 години од животот во Италија...
 
Само во Јануари ако се најде нешто добро во напад, друго ништо не ни треба кога ќе се вратат повредениве.
Кој мерак прави сезонава да се гледа тимов, онака :drk:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom