Ти едно нешто не си ми јасен тоа што сакаш и бараш интервенција од држава комори што ти ја знам.Ми се допаѓаат твоите рамислувања, пошто ги делиме истите. Иако сметам уште дека мора да се воведат некакви мерки за да биде кризата поблага. Невозможно е секој да гради, а и во толкави количини. Мене уште ме чуди каде е стопанска комора да се јави, завод за статистика, министерство за економија и здружение на потрошувачи. Како никој да не се замара со овој проблем.
Но уште стојам дека 900 евра за м2 е нормална цена за Скопје.
--- надополнето: 19 септември 2013 во 23:57 ---
За компензација како налин на плаќање, и квалитет на градба не сакам да зборам. А уште помалку за функционалност на просторот. А точно е и тоа дека одливот на млади мозоци си го прави своето. И допрва ќе го осетиме тоа во многу сектори.
Слободно нека дојдат ќе ги утешам и едните и другите, ако не ги зеам со шамари само шо ќе почнат да се жалатЕ па тие се правилата бе другар, ако години наназад се збори дека цените се превисоки и ќе паѓаат, ако во Скопје има повеќе инвеститори од маркети и ако и покрај се се нашол нов „инвеститор што го анализирал пазарот и заклучил дека на Скопје му требаат уште х згради„ тоа е негов проблем. Да не треба да се донесе декрет секој да мора да купи по еден стан како што купуваа точаци во Туркменистан?
Исто важи и за оние што сега плачат дека Водно им влегло во спална. Па Водно со години си го прави истото - ако се копнало за пат и имало лизгање, се копнале темели и имало лизгање, кога ќе се копне за друга зграда до неа ќе има што?
И едниве и другиве во случај на жалба би ги пратил кај dobro poznat да ги сослуша и да ги утеши .
--- надополнето: 20 септември 2013 во 00:14 ---Ти едно нешто не си ми јасен тоа што сакаш и бараш интервенција од држава комори што ти ја знам.
Твоево доаѓа нешо ко некој да вложил пари на берза и фирмата во која што ги вложил акциите да почне да пропаѓа и да почне да вреска по државата да донесе закон сите да купуваат акции од таа фирма нема мерки нема забрани, кога има профит има кога губиш губиш тоа ти е кратко и јасно.
Нема закон да се донесе нити регулатива има премногу пари кој што треба да се исперат.
Берза и и пазар на недвижности се два различни бизнис сектори. Како во други земји има можност да се регулира пазарот на недвижности со разни подзаконски акти (и тоа земји од ЕУ). Не го потценувајте државниот ашарат, тој е тој кој што треба да го подпомага реалниот сектор, или пак просто кажано административната подршка на бизнис секторот.
И јас некогаш мислев дека треба да поевтини квадрадот , но гледаш ли дека пола држава ќе живее во Скопје , затоа во Скопје м2 треба да биде поскапо.Продажбата оди тешко, а цените паѓаат. Неколку пати сум слушнал вакво нешто, што по медиуми а што и од луѓе. Цените во Скопје се движат од 900 па до 1300 евра по м2. И ова се сосема нормални цени, иако мислам 1300 е премногу па според мене 1150 би било сосема нормална цена за м2 во некој полуксузен објект.
Но не се слагам со цените, особено на становите да паднат под 900 евра за м2.
Не верувам дека има 8.000 непрорадени станови.Во неформален разговор на оваа тема со еден пријател пред некој ден ми кажа дека во овој момент во Скопје имало непродадени 8000 ново изградени станови. Па јас реков кој знае колку е бројот со становите кој што се од постарите градби а се продаваат.
Од каде ги извади овие бројќи?И јас некогаш мислев дека треба да поевтини квадрадот , но гледаш ли дека пола држава ќе живее во Скопје , затоа во Скопје м2 треба да биде поскапо.
Не верувам дека има 8.000 непрорадени станови.
Во Скопје во 2012 се изградени 2.231 стан-куќа.
И ако навистина не им се продаваат , тогаш зошто во 2012та се изградени многу повише станови него во 2011та?
2011: 1.633
2012: 2.231
Во секој сектор има големи играчи кои диктираат цена, бидејќи имаат најголем капацитет да понудат. Но во градежен сектор и те како има конкуренција во Скопје. Адора може и 20 години да не ги продаде становите, али после 20 години можеш со лопатче да ги собериш остатоците од фирмата.пред 2 месеци се јавив во адора за станови.
1. стан во ѓорче,последен,најгоре на кров,со коси ѕидови,109 квадрати,1,5 година непродаден.ми вика 1050 евра квадрат +5% ДДВ.
2.станови позади тобако 2,значи уште има стари објекти таму,ништо не е почнато,ама битно "поднеле барање за градба" за тие бараат 1200 евра а нема ни дозвола за градење.
некој некого прави будала овде.
од пазар на недвижности во скопје нема ни П
има олигопол кај што големите се имаат договорено меѓу себе да не се рушат со цена,имаат доволно капитал да живеат 10 години без да продадат ниеден стан и ќе си играме "пазар на недвижности" демек понуда побарувачка...
плус сеа со турскиве 40катници по 4 стана нека се,тоа се 160 стана наеднаш на пазарот.
ако тоа не предизвика нарушување на цената на квадратот,тоа е уште еден знак дека нема пазар туку има курташак играње.
единствени станови што идат по реална цена се оние стари станови продавани од физички лица. убав пример даде некој понапред,прво 50000 па после 40000
ти едно моеш да бараш,друго е колку ќе ти дадат. затоа се вика пазар.а тој не постои во скопје,бар не во недвижнини
Во строг центар нема шанси да паднат цените.Во секој сектор има големи играчи кои диктираат цена, бидејќи имаат најголем капацитет да понудат. Но во градежен сектор и те како има конкуренција во Скопје. Адора може и 20 години да не ги продаде становите, али после 20 години можеш со лопатче да ги собериш остатоците од фирмата.
Сакам да кажам дека пазарот во скопје ја допре точката на „задоволеност“. Толку е неможе нагоре да иде, мора да иде надоле. Тие што им требаа станови купија, јавна администрација се пресели, потребата од работна сила во Скопје исто е на точка на макс. Како би се преселувале луѓе во Скопје ако нема работа во Скопје.
Старите градби први ќе паднат, по нив и новите. Плус во градежен сектор има толку неписмени и должници што мора на било каков начин да ги вратат парите. Тие први ќе симнат надоле. Адора последна.Со компензација исто има многу станови, кои фирмите ќе се потрудат да ги претворат во пари и свеж капитал.
Процесот почна, кој има за продавање и му требаат пари нека дава, цената со сигурност нема да ги доживее овие златни времиња на недвижности. А и долго се држеа, време е да паднат.
Дај кладба?Во строг центар нема шанси да паднат цените.
види факт е дека сите недвижнини генерално ќе паднат. Тоа е најнормална работа. Па после ќе се креваат пополека со тек на време па за десеттина години можеби и ќе го достигнат денешното ниво. Ама зборуваме за сите генерално. Тоа значи дека едни цени ќе паднат повеќе додека други и може да пораснат. Плус тоа кај и да е мора и економијата надвор да се опорави (за извоз зборувам пошо домашниот пазар ќе си остане трајно на ниско ниво). Значи во строг центар добра градба не верувам дека може на краток рок да изгуби повеќе од 5%. На долг секако ќе расте цената.Дај кладба?
Во старт ја губиш кладбата, жив пример кај мене во зграда (живеам во центар). Комшија цела година го продаваше станот за 1200е/м2. Пред неколку недели го продаде за 1090е/м2, а ако је земеме и терасата во квадратурата цената му испадна 1000 е/м2. Ова не е изолиран случај, има и други примери за стан во центар од 1000е/м2.А за кладба, ти предложи мене не ми текнува во моментов