Партнер/ка со повисока или пониска цена

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.612
Луѓето еволуираат, приоритетите се менуваат. Поради тоа врските исто така еволуираат или се раскинуваат. Просто.

Со други зборови, во тинејџерските години многу е важно некој да е фраер, опуштен во друштво, забавен итн. Во адолесцентските години многу е важно какви му се потенцијалите и перформансите во кревет. Во доцните 20-ти и раните 30-ти важно е каква му е кариерата. Понатаму е важно што има постигнато во животот итн итн (дополнете/поправете ја оваа листа ако сметате дека треба).

Со трети зборови, ако во даден стадиум во еден пар двајцата партнери биле задоволни еден со друг, многу е можно понатаму да еволуирале и други да им станале приоритетите. Така, ако еден од партнерите продолжил да се однесува исто како и порано, но не ги задоволувал новите апетити на другиот партнер, треба или да се прилагоди, или другиот ќе си побара нов партнер, којшто ќе му ги задоволи тие апетити, ако другиот не сака да се прилагоди на првиот, т.е. ако апетите му се поважни од партнерот.

И тука доаѓа моментот на „ништо лично“: 5-6-7 години во врска? Жалам, немаш доволно пари колку што мислам дека заслужувам и/или колку што си имам зацртано дека треба да имам на оваа возраст. Или: жалам, но кариерата ми наложува да се преселам во __________ и врските на далечина не функционираат; те сакам, но не можам да живеам знаејќи дека сум имал ваква шанса, а не сум ја искористил. И така натаму.

„Цената“ на партнерот е променлива категорија, во зависност од *интересот*. Ако двајцата партнери имаат ист *интерес*, ќе се направи договор и врската ќе продолжи. Ако на еден од партнерите интересот *не* го вклучува другиот партнер (т.е. ситуацијата наложува дека партнерот *пречи* во остварување на тој интерес), интересот преовладува и партнерот си оди (или бидува набркан, сеедно).

А интересот го диктираат потребите. Дали е тоа материјално ситуирање, желбата за мајчинство, желбата за остварување на својот сон... варијации има многу. Но се сведува на ова: ако еден од партнерите веќе нема толку голема *потреба* да биде со другиот партнер, а нешто друго му станува примарно, партнерот станува *одвишен*. И, според мене, ова е она што Sussaro го нарекува „економска логика на врските“ - ако нештото не функционира (онака како што се посакува), се отстранува и се заменува со друго, без разлика на километражата на претходното. Едноставно, *корисноста* му/ѝ поминала, благодарам многу, со среќа понатаму во животот.

И јасно е дека не се сите такви, но *некогаш биле*. Секој некогаш некому му има раскинато, зашто почувствувал дека не одело, иако другата страна покажувала интерес нештото да продолжи. Како ли ѝ било на другата страна? Не е битно, не можам повеќе да толерирам __________________ (негативни страни, што оној што раскинува ги перцепира како такви), кога барам _______________ (позитивни страни, што оној што раскинува ги перцепира како такви), а другата страна не ги нуди и нема абер дека ќе ги понуди за ____________ (време што се прифаќа како толерабилно); па немам време вечно да чекам, ми отчукува билошкиот часовник/ова ми е многу поважно, зашто не можам да живеам, а ова да не сум го направил/заслужувам подобро/________________ (валидна причина *само* за оној партнер што раскинува).

Разликата е само *кога* ова се прави. Ако се прави во време на тинејџерски години е разбирливо (деца се, нели, не знаат). Ако се прави во време на 30-ти или 40-ти е поголем проблем заради општествениот притисок, но причините за тоа се исти - смалување на важноста (цената, како сакате) на партнерот во очите на другиот, до толку што нешто друго/некој друг станува поважно/поважен/поважна од *целокупниот* партнер. Со други зборови, партнерот/-ката се апстрахира со *нешто одвишно*, без кое животот се смета дека ќе биде подобар. А како се чувствува партнерот/-ката бидејќи така го/ја апстрахирам? Немам време/желба/потреба/пари/__________ тоа да ми биде важно.

Боли? Да, апсолутно. Човечки? Да, за жал. Јас лично сметам дека Хомо сапиенс треба уште да еволуира баш поради овој аспект на меѓучовечките односи.

Нека ни е со лесно и со среќа.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.307
Поени од реакции
7.034
Него не му е јасно дека стапуваме во заеднички однос, а не во купопродажен договор?

кој договор кој бакрачи срце,кажи си дека не планираш сериозна врска,звучи многу поферски,само имаш поголеми шанси да останиш сама ПРВА,па ќе се правиме светици во врска..........
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.829
Поени од реакции
20.261
Моменталниот статус на партнерот ништо незначи, може кога ќе се запознаете да има висока плата и да е на висока функција и редум.. но, се случува да изгуби работа, да се случи било што од било каква причина, тогаш е многу потешко да се носите еден со друг, кога самодовербата ке опадне, во заедничкиот живот според мене е најбитно да имаш доволно добар грб да се сносиш со сите виулици, за мажите доволно јака муда, неможеш да си константен во животот и секогаш да е се ок, има моменти кои ќе те треснат од земја тука веќе не важи ништо ни „цената“ за која сте го „купиле“(сето ова е метафорички), се гледа од старт кој е неуморлив и вреден да постигне во животот макар и да нема 5 факултети, познавам многу со средно образование кои имаат многу, а сето тоа постигнато со сопствена пот и мака, само што денес е ретко да најдеш партнер кој ќе цени и трудот и залагањето од твоја страна за допринос кон семејството, ќе кажам во многу егоистично општество живееме, секој се гледа себе, ретко кој има срце широко бар за уште еден.
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.018
Поени од реакции
24.564
Незнам зошто не се воведе закон со кој ако поминеш една година со пратнерот должен си да потпишеш документ со кој се обврзуваш дека никад нема да го оставиш или ќе јадеш 100 стапа по грб :)

Се чудам како не се појави до сега со досетките. Секако дека е глупост таков закон но тоа не оправдува некакви постапки. Ајде да разгледаме верзии како може да биде поинаку.

1. Девојката е опортунистка

Секако не сме во шеријат, ти бираш како живиш. Ако она дечковците ги сфаќа како кариера нека си каже од старт-Слушај, јас сум со тебе додека ми е мене убаво, ти мачи се, кучи се, што сакаш прави еден ден може ќе ми текне мене и ќе си одам, онака оти ми е кур ќејф да си знаеш. Може уште утре, може за 10 години. Тоа е тоа, па сега ти како сакаш.
Пишав дека немам проблем со таквиот пристап. Ако некој не му смета да биде со таква некоја, нек изволи.

Ама не бива така нели? Ако кажува така нема дечко нема да си фати. А и да си фати тоа ќе биде или некоја крајно одвратна форма на папучар да не може да го смисли, или исто така опортунист како неа кој ќе се и каже-Еј супер ќе си се ебавам со оваа дур можам и така нели чим може она може и јас па кога и да налета друга ќе ја оставам.

Е ама она не сака така. Она сака да добие genuine love, она некој што ќе ја сака, што ќе и се посвети, што ќе и пишува цуци-буци на СМС for real. Она сака да ја црпи таа енергија, тоа внимание, таа сила што он ќе и ја даде, затоа што да не се повторувам мажот е целата смисла на постоењето на жената и нејзина духовна храна, нарочито процедурата кога тој постепено станува зависен од неа-Тоа е оргазмот на секоја жена. Она го сака тоа, но од друга страна кога ќе ја исцеди цела таа енергија од него, да може да го фрли како крпа и да се пребаци на нов кур, инстантно како ништо да не било до вчера.

2. Он се менува

Да речеме дека он се сменил, иако ќе повторам машко после одредена возраст од ајде грубо кажано средина на 20-ти години тешко се менува, а кога тоа се дешава многу ретко е брзо или нагло. Значи ако се работи за некоја негативна промена редно е прво да се предупреди од типот на-Еј, чекај стануваш таков и таков, тоа мене не ми се допаѓа. Ако е радикално негативна промена од типот на он фатил швалерка тогаш не е потребно ни предупредување, директно се вади црвен картон. Нема што она да останува со него во вакви околности колку и години да се во прашање, а и не верувам дека некој со здрав памет би ја осудил за таквиот потег.

Еве на овие две ситуации ми текнува, мислам дека и нема што трето да биде. Јас мислам ок е вака, нели? Е ама не е така во реалност. Јас не реагирам кога е точка 2 во прашање. Јас реагирам на точка 1. Кој е изговорот за точка 1? Пак ќе кажам таа карактеристика е исклучиво женска, кај мажи е многу многу ретка на долги дистанци, ајде може првите месец, два, три може му било да си испразне ташаци и толку, ама па кој очекува на почетокот да имаш доверба во дечко ти, девојка ти? После одредено време мажот држи фиксирана позиција, транспаретно створење е. И сега што правиме, ок е така?
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
кој договор кој бакрачи срце,кажи си дека не планираш сериозна врска,звучи многу поферски,само имаш поголеми шанси да останиш сама ПРВА,па ќе се правиме светици во врска..........
А каква врска има планот со реалноста? Ти можеш да планираш и авион да купишм али пари никад да немаш за тоа. Какви се овие муабети „ не планирам сериозна врска“? Зарем сериозната врска се планира? Неможам да ве сфатам, може да иде 8 години и да пукне во следните две како тиква врската. Ми изгледа како никад да не сте ги имале овие цифри во животот од 8 години врски па да знаете како се одвива врската, што е досада, разиденувања на интереси, у буквална смисла физичкиот опис ви се мењава, а не пак врската.
--- надополнето: 16 септември 2013 во 11:31 ---
Се чудам како не се појави до сега со досетките. Секако дека е глупост таков закон но тоа не оправдува некакви постапки. Ајде да разгледаме верзии како може да биде поинаку.

1. Девојката е опортунистка

Секако не сме во шеријат, ти бираш како живиш. Ако она дечковците ги сфаќа како кариера нека си каже од старт-Слушај, јас сум со тебе додека ми е мене убаво, ти мачи се, кучи се, што сакаш прави еден ден може ќе ми текне мене и ќе си одам, онака оти ми е кур ќејф да си знаеш. Може уште утре, може за 10 години. Тоа е тоа, па сега ти како сакаш.
Пишав дека немам проблем со таквиот пристап. Ако некој не му смета да биде со таква некоја, нек изволи.

Ама не бива така нели? Ако кажува така нема дечко нема да си фати. А и да си фати тоа ќе биде или некоја крајно одвратна форма на папучар да не може да го смисли, или исто така опортунист како неа кој ќе се и каже-Еј супер ќе си се ебавам со оваа дур можам и така нели чим може она може и јас па кога и да налета друга ќе ја оставам.

Е ама она не сака така. Она сака да добие genuine love, она некој што ќе ја сака, што ќе и се посвети, што ќе и пишува цуци-буци на СМС for real. Она сака да ја црпи таа енергија, тоа внимание, таа сила што он ќе и ја даде, затоа што да не се повторувам мажот е целата смисла на постоењето на жената и нејзина духовна храна, нарочито процедурата кога тој постепено станува зависен од неа-Тоа е оргазмот на секоја жена. Она го сака тоа, но од друга страна кога ќе ја исцеди цела таа енергија од него, да може да го фрли како крпа и да се пребаци на нов кур, инстантно како ништо да не било до вчера.

2. Он се менува

Да речеме дека он се сменил, иако ќе повторам машко после одредена возраст од ајде грубо кажано средина на 20-ти години тешко се менува, а кога тоа се дешава многу ретко е брзо или нагло. Значи ако се работи за некоја негативна промена редно е прво да се предупреди од типот на-Еј, чекај стануваш таков и таков, тоа мене не ми се допаѓа. Ако е радикално негативна промена од типот на он фатил швалерка тогаш не е потребно ни предупредување, директно се вади црвен картон. Нема што она да останува со него во вакви околности колку и години да се во прашање, а и не верувам дека некој со здрав памет би ја осудил за таквиот потег.

Еве на овие две ситуации ми текнува, мислам дека и нема што трето да биде. Јас мислам ок е вака, нели? Е ама не е така во реалност. Јас не реагирам кога е точка 2 во прашање. Јас реагирам на точка 1. Кој е изговорот заточка 1? Пак ќе кажам таа карактеристика е исклучиво женска, кај мажи е многу многу ретка на долги дистанци, ајде може првите месец, два, три може му било да си испразне ташаци и толку, ама па кој очекува на почетокот да имаш доверба во дечко ти, девојка ти? После одредено време мажот држи фиксирана позиција, транспаретно створење е. И сега што правиме, ок е така?

Нема да зборам за неверство, овој пат ќе го исклучам како опција. Она што ти неможеш да го сфатиш во овој муабет е дека ништо не се дешава преку ноќ. Значи неможе преку ноќ на никој жив човек да му текне дека не ја сака врската. Врската пука оддамна, водени се милион разговори, ова не чини, тоа не чини, ова е досадно, не прави вака, не се понашај вака и слично. Покрај милион разговори ако страната кон која е притисокот не се промени туку во својата глава секој пат си помислува: ајде бе шо ми е гајле ќе се караме, му доаѓа како изненадување. Во долга врска секој пат е изненаден оставениот многу чудно. Да го прашаш колку пати се карал за иста работа веднаш ќе ти потврди милион ситуации. Што треба да му се заканува како мало дете? Глуп е не сфаќа дека треба да промени работи? Да седи со сила со него?
Не ве сфаќам.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.307
Поени од реакции
7.034
А каква врска има планот со реалноста? Ти можеш да планираш и авион да купишм али пари никад да немаш за тоа. Какви се овие муабети „ не планирам сериозна врска“? Зарем сериозната врска се планира? Неможам да ве сфатам, може да иде 8 години и да пукне во следните две како тиква врската. Ми изгледа како никад да не сте ги имале овие цифри во животот од 8 години врски па да знаете како се одвива врската, што е досада, разиденувања на интереси, у буквална смисла физичкиот опис ви се мењава, а не пак врската.
добро,ако твојот ум размислува само на кратки стази,можеш да го искажиш тоа,еве како сега на форум,мислам не е тешко.......ако се согласи и другата страна на таква врска - шибајте бе луѓе кој ви брани........само тешко дека која било девојка/жена барем од овие простори ќе му речи на машкото однапред дека му е само за забава........и како сака да ја стекне довербата кај другиот,па после таа врска кај други личности од спротивен пол да стекне доверба,па како ги разочарува понеискуните со изјава на љубов,а мисли само на забава типот/типката.........све е то пирамидално,кој се фатил во замката порано - има шанси да заеби повеќе личности во животот и да им даде лекција “како да си го проживеат животот“

види има многу луѓе кои имаат некои правила во животот,на пример “зборот ЗБОР треба да биди“ , значи ако си ветил нешто да оствариш,ако не - не ветувај,чиста работа
 
Ајде вака за да се разбере. Јас ти ветувам долга врска и ти мене. За три години едноствано не те сакам повеќе, одбивен си ми фацата неможам да ти ја смислам. Што треба јас да направам според тебе?
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.307
Поени од реакции
7.034
А каква врска има планот со реалноста? Ти можеш да планираш и авион да купишм али пари никад да немаш за тоа. Какви се овие муабети „ не планирам сериозна врска“? Зарем сериозната врска се планира? Неможам да ве сфатам, може да иде 8 години и да пукне во следните две како тиква врската. Ми изгледа како никад да не сте ги имале овие цифри во животот од 8 години врски па да знаете како се одвива врската, што е досада, разиденувања на интереси, у буквална смисла физичкиот опис ви се мењава, а не пак врската.
8 години ВРСКА ?! тоа не би требало веќе врска да биди,што правиш осум години сеуште во врска......

затворија темава за тие што се испод врска од 8 години :icon_lol:
--- надополнето: 16 септември 2013 во 11:41 ---
Ајде вака за да се разбере. Јас ти ветувам долга врска и ти мене. За три години едноствано не те сакам повеќе, одбивен си ми фацата неможам да ти ја смислам. Што треба јас да направам според тебе?
вака може произволно по цел ден да тераме со постови,што ако ,па како,па по 3 години демек си се свестила дека не оди........ама ај ОК да те разбери човек,ете баш по 3 години нема ништо помеѓу двајцата,се разделуваат секој по свој пат како сингл,ти објасни ми за тие што не завршуваат сингл после таа врска,ами излегува “под врската“ на виделина,односно дека излегува од врската затоа што имал/а друг/а
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
8 години ВРСКА ?! тоа не би требало веќе врска да биди,што правиш осум години сеуште во врска......

затворија темава за тие што се испод врска од 8 години :icon_lol:
--- надополнето: 16 септември 2013 во 11:41 ---

вака може произволно по цел ден да тераме со постови,што ако ,па како,па по 3 години демек си се свестила дека не оди........ама ај ОК да те разбери човек,ете баш по 3 години нема ништо помеѓу двајцата,се разделуваат секој по свој пат како сингл,ти објасни ми за тие што не завршуваат сингл после таа врска,ами излегува “под врската“ на виделина,односно дека излегува од врската затоа што имал/а друг/а
Добро ајде не се 8 три месеци се долга врска...
Значи се разделуваат и секој по својот пат, макар и 13 години биле заедно. Фала пријатно се разбравме.
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.018
Поени од реакции
24.564
Нема да зборам за неверство, овој пат ќе го исклучам како опција. Она што ти неможеш да го сфатиш во овој муабет е дека ништо не се дешава преку ноќ. Значи неможе преку ноќ на никој жив човек да му текне дека не ја сака врската. Врската пука оддамна, водени се милион разговори, ова не чини, тоа не чини, ова е досадно, не прави вака, не се понашај вака и слично. Покрај милион разговори ако страната кон која е притисокот не се промени туку во својата глава секој пат си помислува: ајде бе шо ми е гајле ќе се караме, му доаѓа како изненадување. Во долга врска секој пат е изненаден оставениот многу чудно. Да го прашаш колку пати се карал за иста работа веднаш ќе ти потврди милион ситуации. Што треба да му се заканува како мало дете? Глуп е не сфаќа дека треба да промени работи? Да седи со сила со него?
Не ве сфаќам.
Е сега ти не ме разбираш мене. Јас ти кажувам дека машко е транспарентно створење и за максимум 1 година ти го знаеш точно што и каков е. Доколку во тој период сметаш дека има некои работи на кои треба корекција, пробуваш да ги корегираш. Ако не бива, му викаш довиџења, имаме несовладливи разлики (што би рекле у дипломатските кругови на џет сетерите). Ако после таа година дена (не ја земам како фиксен термин туку само како реперна точка) ти сеуште си со него а мислиш дека не треба си со него тогаш ем правиш голема глупост за себе, ем него му оставаш дојам дека и покрај несолгасувањата се е во ред и тераме даље. Ти си стабилен човек и си вложил во стабилна врска 5 години вклучувајќи тука огромен дел од своето време, пари, енергија, живци и секако емоции. И она сега ти иде и ти вика-Чао толку беше, а ти ни крив ни дужен.
Ете тоа го прават жените, јас само по можност барам како што некои имаа доблест да потврдат дека-Да, тоа е така. Дека во природата ви е да играте опортунистички, како сакате и кога сакате и редно е машките да го знаат тоа за да се започнува ова од иста позиција а не со скриени ќецови во ракав. Само толку. Жени сте, од вас не може да се бара доблест, чест, достоинство, почит, стабилност, образ. Само потврдете дека е така да си знаеме, and let's carry on ама како што е редот, без финти и скриени трошоци.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.307
Поени од реакции
7.034
Добро ајде не се 8 три месеци се долга врска...
Значи се разделуваат и секој по својот пат, макар и 13 години биле заедно. Фала пријатно се разбравме.
шо се разбравме ?? машко и женско ко ќе се разберат - да ми шепниш
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Е сега ти не ме разбираш мене. Јас ти кажувам дека машко е транспарентно створење и за максимум 1 година ти го знаеш точно што и каков е. Доколку во тој период сметаш дека има некои работи на кои треба корекција, пробуваш да ги корегираш. Ако не бива, му викаш довиџења, имаме несовладливи разлики (што би рекле у дипломатските кругови на џет сетерите). Ако после таа година дена (не ја земам како фиксен термин туку само како реперна точка) ти сеуште си со него а мислиш дека не треба си со него тогаш ем правиш голема глупост за себе, ем него му оставаш дојам дека и покрај несолгасувањата се е во ред и тераме даље. Ти си стабилен човек и си вложил во стабилна врска 5 години вклучувајќи тука огромен дел од своето време, пари, енергија, живци и секако емоции. И она сега ти иде и ти вика-Чао толку беше, а ти ни крив ни дужен.
Ете тоа го прават жените, јас само по можност барам како што некои имаа доблест да потврдат дека-Да, тоа е така. Дека во природата ви е да играте опортунистички, како сакате и кога сакате и редно е машките да го знаат тоа за да се започнува ова од иста позиција а не со скриени ќецови во ракав. Само толку. Жени сте, од вас не може да се бара доблест, чест, достоинство, почит, стабилност, образ. Само потврдете дека е така да си знаеме, and let's carry on ама како што е редот, без финти и скриени трошоци.
Претежно долгите врски започнуваат од средношколски или факултетски денови, ова може сите да ти го потврдат. Проблемите и интересите на факултет каде ќе идеме вечер, се многу поразлични од оние станов во кој заедно живееме со што ќе го платиме? Знаеш долгата врска има повеќе лица и милион различни ситуации кои се искусуваат заедно. Ако ти го знаеш човекот и те се допаѓа кога сме се шлаеле по улици, некогаш не ти се допаѓа во светлото во кое го гледаш подоцна. Така да драг мој Сусаро, неможеш ти да определиш од ракав кога човекот со кои си заедно со години ќе ти се одмили. Тоа може да се деси и по десет години заедно. Двете страни вложиле, двете страни изгубиле. Ни крив ни дужен оставен тоа само во бајките и помеѓу другари :) Кога ќе седнеш насамо да си анализираш врската одкако ќе поминат емоциите на изненаденост ќе сфатиш како бел ден зошто ти завршило вложувањето.
 
ама ич не си во право - секоја врска треба да цели кон унапредување,односно брак и потомство,деца на кои им следува љубовта од врската во која биле тие двајца,значи љубовта продолжува кон нешто ново и свето........многу јасно дека секој ден да јадиш скара ќе ти се одмили било за недела,месец,година,само што луѓето имаат чувства,осет,свест,а некои пак само за самозадоволување,себични,арогантни,препотентни
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.018
Поени од реакции
24.564
Претежно долгите врски започнуваат од средношколски или факултетски денови, ова може сите да ти го потврдат. Проблемите и интересите на факултет каде ќе идеме вечер, се многу поразлични од оние станов во кој заедно живееме со што ќе го платиме? Знаеш долгата врска има повеќе лица и милион различни ситуации кои се искусуваат заедно. Ако ти го знаеш човекот и те се допаѓа кога сме се шлаеле по улици, некогаш не ти се допаѓа во светлото во кое го гледаш подоцна. Така да драг мој Сусаро, неможеш ти да определиш од ракав кога човекот со кои си заедно со години ќе ти се одмили. Тоа може да се деси и по десет години заедно. Двете страни вложиле, двете страни изгубиле. Ни крив ни дужен оставен тоа само во бајките и помеѓу другари :) Кога ќе седнеш насамо да си анализираш врската одкако ќе поминат емоциите на изненаденост ќе сфатиш како бел ден зошто ти завршило вложувањето.
Не се согласувам со тебе. Како бе тоа ти одмилува и после 10 години? Како мене не ми одмилиле толку години некои лица, некоја храна, некоја активност? Ете толку години ја обожавам скарата во Свети Никола-Струга, обожавам тематики со окултизам, езотерија, мистицизам и паранормални појави на Дискавери, тие што ми се најблиски другари ми се и после 15 години и повеќе. Е добро еден не е, ама он одбра друг пат. Фати женска, го снема постепено, изгуби секаков контакт со нас, се ожени и тука заврши приказната. Но тоа спаѓа во точка два. Работите и луѓето што сум ги сакал се додека не се смениле во негативен контекст ги сакам и понатаму. Еве 10 годишна врска сум немал, ама не можам ни да замислам со некого интензивно да се дружам 10 години а да не сум сакал да се дружам. Па тоа е автотортура. Како може после толку време нешто да ти одмили е онака од нигде никаде?
 
Сам си одговори. Така Суси ти се одмилуваат работите, пример и кафаната во која одам како мала ми се одмили оти ја изменија храната и персоналот, после 15 години јас нога немам пуштено повторно внатре. Ми се одмилија питите во Деспина кога се сменија газдите. Ми се одмилија другарките од маало оти останаа на истите муабети до сега и не ги контактирам и избегнувам. Ми се одмилија некои парчиња облека кои ги имам купено, ми се одмилија некои луѓе за кои мислев дека се добри па испаднаа лоши, ми се одмилува работата па ја менувам, ми се одмилија макароните кои ги јадев во студенски денови, потоа не ги јадев 5 години. Ми се одмили државата, власта и партиите, телефонот кој многу го сакав и ми цркна за 6 месеци, лаптопот кој ми се расипа и ми откажа љубов, ми се одмилуваат и цигарите кои ги сакам најмногу али и нив ќе ги откажам. Ми се одмилуваат луѓе на фб кои си ги сликаат децата 15 пати на ден и ги блокирам за навек.

Нема од нигде никаде одмилување, нешто како што гледаш во примериве се променило или останало на ист степен со години. Така и во врската човекот или се променил во некои делови во негативна смисла или останал со мозокот на факултетски денови. Автотортурата е последните година две, три каде има милион разговори да се надминат нештата. На крај останува само да кренеш раце и да продолжиш понатаму во животот. Преку ноќ не се дешава ништо и без причина.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom