Крусер
Тотем Пума
- Член од
- 4 јули 2008
- Мислења
- 3.556
- Поени од реакции
- 1.612
Луѓето еволуираат, приоритетите се менуваат. Поради тоа врските исто така еволуираат или се раскинуваат. Просто.
Со други зборови, во тинејџерските години многу е важно некој да е фраер, опуштен во друштво, забавен итн. Во адолесцентските години многу е важно какви му се потенцијалите и перформансите во кревет. Во доцните 20-ти и раните 30-ти важно е каква му е кариерата. Понатаму е важно што има постигнато во животот итн итн (дополнете/поправете ја оваа листа ако сметате дека треба).
Со трети зборови, ако во даден стадиум во еден пар двајцата партнери биле задоволни еден со друг, многу е можно понатаму да еволуирале и други да им станале приоритетите. Така, ако еден од партнерите продолжил да се однесува исто како и порано, но не ги задоволувал новите апетити на другиот партнер, треба или да се прилагоди, или другиот ќе си побара нов партнер, којшто ќе му ги задоволи тие апетити, ако другиот не сака да се прилагоди на првиот, т.е. ако апетите му се поважни од партнерот.
И тука доаѓа моментот на „ништо лично“: 5-6-7 години во врска? Жалам, немаш доволно пари колку што мислам дека заслужувам и/или колку што си имам зацртано дека треба да имам на оваа возраст. Или: жалам, но кариерата ми наложува да се преселам во __________ и врските на далечина не функционираат; те сакам, но не можам да живеам знаејќи дека сум имал ваква шанса, а не сум ја искористил. И така натаму.
„Цената“ на партнерот е променлива категорија, во зависност од *интересот*. Ако двајцата партнери имаат ист *интерес*, ќе се направи договор и врската ќе продолжи. Ако на еден од партнерите интересот *не* го вклучува другиот партнер (т.е. ситуацијата наложува дека партнерот *пречи* во остварување на тој интерес), интересот преовладува и партнерот си оди (или бидува набркан, сеедно).
А интересот го диктираат потребите. Дали е тоа материјално ситуирање, желбата за мајчинство, желбата за остварување на својот сон... варијации има многу. Но се сведува на ова: ако еден од партнерите веќе нема толку голема *потреба* да биде со другиот партнер, а нешто друго му станува примарно, партнерот станува *одвишен*. И, според мене, ова е она што Sussaro го нарекува „економска логика на врските“ - ако нештото не функционира (онака како што се посакува), се отстранува и се заменува со друго, без разлика на километражата на претходното. Едноставно, *корисноста* му/ѝ поминала, благодарам многу, со среќа понатаму во животот.
И јасно е дека не се сите такви, но *некогаш биле*. Секој некогаш некому му има раскинато, зашто почувствувал дека не одело, иако другата страна покажувала интерес нештото да продолжи. Како ли ѝ било на другата страна? Не е битно, не можам повеќе да толерирам __________________ (негативни страни, што оној што раскинува ги перцепира како такви), кога барам _______________ (позитивни страни, што оној што раскинува ги перцепира како такви), а другата страна не ги нуди и нема абер дека ќе ги понуди за ____________ (време што се прифаќа како толерабилно); па немам време вечно да чекам, ми отчукува билошкиот часовник/ова ми е многу поважно, зашто не можам да живеам, а ова да не сум го направил/заслужувам подобро/________________ (валидна причина *само* за оној партнер што раскинува).
Разликата е само *кога* ова се прави. Ако се прави во време на тинејџерски години е разбирливо (деца се, нели, не знаат). Ако се прави во време на 30-ти или 40-ти е поголем проблем заради општествениот притисок, но причините за тоа се исти - смалување на важноста (цената, како сакате) на партнерот во очите на другиот, до толку што нешто друго/некој друг станува поважно/поважен/поважна од *целокупниот* партнер. Со други зборови, партнерот/-ката се апстрахира со *нешто одвишно*, без кое животот се смета дека ќе биде подобар. А како се чувствува партнерот/-ката бидејќи така го/ја апстрахирам? Немам време/желба/потреба/пари/__________ тоа да ми биде важно.
Боли? Да, апсолутно. Човечки? Да, за жал. Јас лично сметам дека Хомо сапиенс треба уште да еволуира баш поради овој аспект на меѓучовечките односи.
Нека ни е со лесно и со среќа.