еј,...па јас можам со денови да ви пишувам за чаршијата, да за оваа чаршија
која вие ја кажувате, а која ние си ја викавме Турска чаршија (пред земјотресот)
па јас така-речи пораснав таму (иако сум роден водњанец ) а живеев долго време во моето Еврејско маало. (црквата Св.Димитрија е во ова маало а не во чаршијата)
црквата Св.Спасможе да се каже е во склоп на чаршијата ( а е ретко посетена )
А сега чаршијата е албанизирана, „каурски“ дуќани на прсти се бројат, а порано не беше таква,и таква чаршија јас познавам.Сите патишта водеа кон чаршијата,па и главната улица на градот влегуваше во чаршијата,а која почнуваше од старата железничка станица,каде ве пречекуваа амалите на рачните (дворачните)колички и кои обично одеа кон чаршијата и пазарот.
Се сеќавам на секој дуќан каде беше од пред половина век,дали сега еден-два се со иста намена.Најголема грешка што се уништива казанџиите на почеток на чаршијата, а можеа да останат па макар и само сувенири произведувале.
Еве и за овие еснафи кои повеќе ги нема: откупувачи и преработувачи на кожи.Па тука кожи носеа од цела скопска околија на откуп,а ги имаше неколку.Кај многу и пред самите дуќани стални висеа за сушење тие кожи. Се откупуваа кожи од сите врсти.
Чудно,да видиш да не веруваш и да чуеш да не веруваш,ама и јас везден носев таму кожи на откуп,не од крмник туку од заек. Да од заек,чував стотина питоми зајци,тука во центарот на градот веднаш над црквата Св.Димитрија (сега стоковна куќа Мост).
Сега прочитавте и пак не верувате,е некогаш чаршијата беше наша,моја и твоја а сега
каде ли отиде,каде ли замина таа чаршија кога таму во гранапите купувавме газеѓе ама и масло за готвење од големи метални буриња,се разбира шише си носиш.