Дивајн
блаблабла
- Член од
- 3 април 2005
- Мислења
- 15.748
- Поени од реакции
- 1.855
Сабајле гледав цела утринска програма посветена на Старата скопска чаршија, сеуште ме држи тагата од сите муабети, па еве решив да отворам тема, за малку повеќе да продискутираме за неа и причините поради кои не е тоа што била некогаш.
Не живеам во Скопје, но сум била таму многу пати. Сум била и пред многу години кога беше жива и полна со народ, а сум била и скоро, кога улиците беа празни како да е државен празник. Што се случува таму подолго време?
Кои се причините поради кои едно такво прекрасно и историско место веќе не се посетува и умира?
Се наоѓа во центарот на градот, сеуште има дуќани, ресторанчиња, кафулиња, па зошто сите ја избегнуваат?
Дали се во прашање разни предрасуди?
Дали е во прашање некаков измислен страв?
Дали едноставно е прегустирана, па секој подобро би излегол во Градскиот трговски центар, Бисер или Рамстор, наместо да прошета по калдрмата од чаршијата?
Зарем никој повеќе не ужива во неа?
Зарем повеќе не привлекуваат внимание Куршумли анот, Даут-пашин амамот, Саат-кулата, црквата Св. Спас?
Нели е жалосно сето тоа?
Ако некој мисли како мене, дека треба нешто да се направи за да се врати духот во чаршијата, што би предложиле во врска со тоа? Од каде и кој треба да се почне да реагира за да се постигне нешто?
Без оглед што можеби нема да смениме ништо, баш ме интересираат вашите размислувања.
п.с. Не и` знам посоодветно место на темава, па затоа решив тука да ја отворам.