Што е со Старата скопска чаршија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Што ќе видиш ? Срамота и брука. Пред секој дуќан стојат по 2-3 ретрдирани типа со пиштоли и ти продаваат муда за бубрези. Ако те слушнат да зборуваш македонски - ќе го јадеш ќутекот.
Друже, мислам дека претера тука малку. Стојат типови со пиштоли? Тепаат ако слушнат дека збориш македонски?

Толку години навистина често проаѓам низ чаршијата, ниту некој ме погледнал на криво, ниту сум видел некој инцидент.
 
Прифаќам сугестија. Го пишував постот по муабети на мои другари и од мое поранешно искуство. Не сум бил таму одамна, па им верував на сегашните муабети.
Гледам дека не било така. Се извинувам ако навредив некого.

П.С.
Ќе им објаснам некои работи на моиве другари. Се надевам дека ќе се прифати моето ивинување од Ваша страна, но од страна на другариве мои - ЈАС нема да го прифатам, затоа што ја направиве таа гречка па им верував и се излетав како некој ....
 
По 6 години малку да ја освежиме темава... :)
Многу сум среќен што ние Скопјани имаме вакво историско богатство како што е Старата Скопска Чаршија, но многу е лошо кога пред нашите Скопјански очи гледаме како духот, значењето на оваа Чаршија се губи
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Gea
Мислам дека сеа многу подобра е ситуацијата во споредба со тоа што беше кога темава е отворена пред 6 години во 2007 :)

Многу кафичи, ресторани и разни други работи... редовно луѓе си се движат натака. Се поработи на тоа да се живне чаршијата и ете сеа некако ок е.

Темава кога е отворена мислам дека многу многу мал беше бројот на луѓе кои се движеа натака.
 
еј,...па јас можам со денови да ви пишувам за чаршијата, да за оваа чаршија
која вие ја кажувате, а која ние си ја викавме Турска чаршија (пред земјотресот)
па јас така-речи пораснав таму (иако сум роден водњанец ) а живеев долго време во моето Еврејско маало. (црквата Св.Димитрија е во ова маало а не во чаршијата)
црквата Св.Спасможе да се каже е во склоп на чаршијата ( а е ретко посетена )
А сега чаршијата е албанизирана, „каурски“ дуќани на прсти се бројат, а порано не беше таква,и таква чаршија јас познавам.Сите патишта водеа кон чаршијата,па и главната улица на градот влегуваше во чаршијата,а која почнуваше од старата железничка станица,каде ве пречекуваа амалите на рачните (дворачните)колички и кои обично одеа кон чаршијата и пазарот.
Се сеќавам на секој дуќан каде беше од пред половина век,дали сега еден-два се со иста намена.Најголема грешка што се уништива казанџиите на почеток на чаршијата, а можеа да останат па макар и само сувенири произведувале.
Еве и за овие еснафи кои повеќе ги нема: откупувачи и преработувачи на кожи.Па тука кожи носеа од цела скопска околија на откуп,а ги имаше неколку.Кај многу и пред самите дуќани стални висеа за сушење тие кожи. Се откупуваа кожи од сите врсти.
Чудно,да видиш да не веруваш и да чуеш да не веруваш,ама и јас везден носев таму кожи на откуп,не од крмник туку од заек. Да од заек,чував стотина питоми зајци,тука во центарот на градот веднаш над црквата Св.Димитрија (сега стоковна куќа Мост).
Сега прочитавте и пак не верувате,е некогаш чаршијата беше наша,моја и твоја а сега
каде ли отиде,каде ли замина таа чаршија кога таму во гранапите купувавме газеѓе ама и масло за готвење од големи метални буриња,се разбира шише си носиш.
 
Интересно е да се читаат коментариве пред 5,6 години. Сега Чаршијата е тотално спротивното од тоа напишаното. Галерија, Олд Скул, Ракија Бар, Пивница, Капан Ан, Вилиџ, Наргиле Бар, Њу Орлеанс и другите прават парче и врие луѓе секаде. :)
 
Често одиме у Менада, Галерија 8 во Безистен, Ла Кања (сега во близина на Чифте амам), Калдрма, Капан-ан...скоро бев и у Њу Орлеанс како за промена...пивницата под Св. Спас ми е малку скапа без усул.....
И чаршијата е „турска“, не е „стара скопска“....или боље само „чаршија“....
 
Кога доаѓам накај Скопје на подолг период, обавезно одам во стара чаршија на турско чајче и наргиле. Филм...
 
Мислам дека сеа многу подобра е ситуацијата во споредба со тоа што беше кога темава е отворена пред 6 години во 2007 :)

Многу кафичи, ресторани и разни други работи... редовно луѓе си се движат натака. Се поработи на тоа да се живне чаршијата и ете сеа некако ок е.

Темава кога е отворена мислам дека многу многу мал беше бројот на луѓе кои се движеа натака.
Подобра е, но таму владее непријателот :)
 
Има ли инциденти/конфликти со..се знае кој.Навечер безбедна ли е или треба боксирач,панцир и нож?
 
Има ли инциденти/конфликти со..се знае кој.Навечер безбедна ли е или треба боксирач,панцир и нож?
Јас доста често одам натаму во последно време. Никогаш не сум видела некој да се тепа. И има еден куп народ по кафиќите, од сите националности, религии и сексуални определби.

А ти ако мислиш дека ти требаат боксирачи, шипки и не знам какво друго ладно оружје, подобро седи си дома. Таквите како тебе и тој над тебе што смета дека има непријатели во Старата Скопска Чаршија можат само да предизвикаат тепачки и закачки. Сите други кои одат таму за да се дружат и убаво да си поминат, не се замараат дали тој до нив на другата маса е македонец, муслиман или геј!
 
Мене следната непријатност ми се случи кога бев последен пат во Старата СКопска Чаршија.

Сендавме во ресторан кој очигледно беше сопственост на македонски Албанец, конобарот исто така . Не послужи на мое запрепастивање на македонски јадевме чорби , веројатно една од подобрите во мојот живот пиевме и ракивче. Кога дојде пријателката од Германија конобаро тја послужи на германски и многу се израдува. На крај врв на непријатноста не почасти и кафе.
 
Јас доста често одам натаму во последно време. Никогаш не сум видела некој да се тепа. И има еден куп народ по кафиќите, од сите националности, религии и сексуални определби.

А ти ако мислиш дека ти требаат боксирачи, шипки и не знам какво друго ладно оружје, подобро седи си дома. Таквите како тебе и тој над тебе што смета дека има непријатели во Старата Скопска Чаршија можат само да предизвикаат тепачки и закачки. Сите други кои одат таму за да се дружат и убаво да си поминат, не се замараат дали тој до нив на другата маса е македонец, муслиман или геј!

Ти ако знаеш и си била ја не сум бил,не навечер и врска немам..пишав чист лаички коментар,пошто стварно врска немам.
Ја немам непријатели нити идам негде со намера да се тепам,нити па сакам.Али пошто има многу фин и културен народ на тој крај од Вардар,само прашав,мене ме заболе дали е некој албанец,педер или лезбејки се лижат,ако никој не ме дира не се дирам.
 
Твојот пост беше исполнет со негативизам спрема народот кој живее на таа страна од Вардар. Е па чим не си бил, дојди заедно ќе одиме ако сакаш и ќе видиш дека инциденти нема. И баш убаво има да си поминеме :)
 
Има ли инциденти/конфликти со..се знае кој.Навечер безбедна ли е или треба боксирач,панцир и нож?

Баш почнав да градам позитивно мислење и одма ме негираа. Пред две недели мој добар другар со девојката и уште еден пар седнале во кафич „Наргиле“ (тие што идат натака го знаат) одма е на влезот на чаршијата.

И овие си се гушкале и бациле еден два пати, а од другава страна седеле 5-6 албанци. И еден станал и го истргал другар ми и почнал да му се дере „ЗНАЕШ ЛИ КАЈ СЕ НАОЃАШ БЕ! ОВА Е МУСЛИМАНСКИ КАФИЧ, ГУБИ СЕ ОД ТУКА, ОВА Е АЛБАНСКО ТУКА РАЗБРА“

Ко за беља налета на едно мое пацифист другарче па се преплашил овој и си отишол. Да беше со едни мои други другари ќе беше турлитава, село-весело.

Ја во главно си ја посетувам чаршијата и ок е, мене досега рака на срце ништо не ми се случило, али се осеќа така малце тензија и претпазливост цело време. Еве сеа и ова што се десило да се надеваме дека е изолиран случај.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom