Латвија - Македонија | 09.09, понеделник 14:30 часот |

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Јас не знам вие како се мислевте дека е сериозен во 5 часот :D

Јас сега ја отворив случајно темава, вообичаено не отварам теми после натпревар, и кога гледам прв пост-твитов :eek:
:D
 
Вратени се со чартер. Некои рекоа дека го виделе Бо во Хавана пред саат време.
 
абе чартер ама кој од летовите на аеродром? Чудно ми е. Последниот од Љубљана е во 15:30 најкасно, од Адриа, и во 16:00 си се враќа од Скопје за Љубљана. Затоа прашувам а за овие од Твитер не ми е меродавно оти некои таму за еден ретвит и мајка си би си ја продале.
 
И јас не земам здраво за готово оттаму. Ама што знам. Мислам дека ние многу повеќе се нервираме и грижиме, отколку самите тие.
 
Еве ви слика од кошаркарите во Хавана:

1343991458_Caribbean--Cuba--Havana-02.jpg
 
Бо пред саат време го видов во Хавана со капче и чаша (виски) во рака, се попалија сите кога помина баш лево од бината стоеше, за Брчков незнам. :)
 
Во колку часот ќе биде свечениот дочек кај Триумфалната порта?
 
И да сакаш неможиш појќе од 1 играч натулизиран да ставиш во игра. ;) Едни центришта што имаме ние во младите категории шта да ти причам.

Јас пак си стојам на своето, да не увезуваме од странство. Да им пренесеме порака на младите македонци кои сакаат да придонесат за македонската кошарка дека не ги ставаме во втор план.
 
Јас пак си стојам на своето, да не увезуваме од странство. Да им пренесеме порака на младите македонци кои сакаат да придонесат за македонската кошарка дека не ги ставаме во втор план.

Еден странец не е страшно да имаш во тимот. Не гледам како тоа негативно би се одразило на репрезентацијата. Кога можеше една Шпанија Ибака да го натурализира, а ги има под кошевите браќата Гасол, сигурно не е грев ние еден солиден центар да донесеме. Можеби и ќе ја закуца топката од време на време...

:)
 
Гледајќи ја играта на нашиве и играта на другите репрезентации се добива впечаток дека нашите репрезентативци не беа подготвени за ЕП.Млитави движења по паркетот,премногу спори контра напади,слабо покривање позади, нула концентрација во клучни момени и сл. мене ме асоцираат на недоволна подготвеност.Затоа што темава е за дуелот со Летонија ќе ги земам нив како пример...Кога ние имавме отворен простор за контра напад нивни 4 играчи за секунда веќе беа вратени назад и во неколку ситуации успешно ни ја гушеа контрата,а кога тие тргнуваа во контра од нашите немаше кој да стигне позади и да ја спречи таа контра т.е нашиот играч на центарот од игралиштето,а нивниот веќе забил.Сега тука се поставува и прашањето дали Итаљанецот кој што на ЕП во Литванија ни беше кондиционен тренер крајно недостасуваше на ова ЕП.На тоа ЕП нашите кошаркари од натпревар во натпревар наместо поуморни изгледаа посвежи и спремни да изиграат 2 утакмици по ред,а тука ретко кој беше спремен да изигра 5мин. во висок ритам.Според мене во нашава група ниту една репрезентација со квалитет не беше над нашата ама со спремност сите беа 3 скалила зад нас.Сигурно дека ова не е единствена причина за нашето слабо издание ама според мене е една од клучните за слабите партии што ги изигравме на ова ЕП.
 
Еден странец не е страшно да имаш во тимот. Не гледам како тоа негативно би се одразило на репрезентацијата. Кога можеше една Шпанија Ибака да го натурализира, а ги има под кошевите браќата Гасол, сигурно не е грев ние еден солиден центар да донесеме. Можеби и ќе ја закуца топката од време на време...

:)

Македонците би прифатиле и 5 црнци во прва петорка, само за да можат да ја пејат izadzi momce pravo na terasu pa pozdravi nasu... и да го споделат триумфот над репрезентација од геополитички надмоќна држава.

И онака поентата на репрезентација е изгубена. А овде, а Шпанија, исто...
 
А која била сега изгубената поента anyway?

Репрезентација на Иксипсилон. Значи, Иксипсилон се презентира itself. Се збираат најдобрите Иксипсилонци и ја претставуваат својата земја.

На времето, ние и наша маала ја презентиравме. Не ни паѓаше напамет да викниме некој од Воска да игра со нас, ако видевме дека е појак :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom