Гледајќи ја играта на нашиве и играта на другите репрезентации се добива впечаток дека нашите репрезентативци не беа подготвени за ЕП.Млитави движења по паркетот,премногу спори контра напади,слабо покривање позади, нула концентрација во клучни момени и сл. мене ме асоцираат на недоволна подготвеност.Затоа што темава е за дуелот со Летонија ќе ги земам нив како пример...Кога ние имавме отворен простор за контра напад нивни 4 играчи за секунда веќе беа вратени назад и во неколку ситуации успешно ни ја гушеа контрата,а кога тие тргнуваа во контра од нашите немаше кој да стигне позади и да ја спречи таа контра т.е нашиот играч на центарот од игралиштето,а нивниот веќе забил.Сега тука се поставува и прашањето дали Итаљанецот кој што на ЕП во Литванија ни беше кондиционен тренер крајно недостасуваше на ова ЕП.На тоа ЕП нашите кошаркари од натпревар во натпревар наместо поуморни изгледаа посвежи и спремни да изиграат 2 утакмици по ред,а тука ретко кој беше спремен да изигра 5мин. во висок ритам.Според мене во нашава група ниту една репрезентација со квалитет не беше над нашата ама со спремност сите беа 3 скалила зад нас.Сигурно дека ова не е единствена причина за нашето слабо издание ама според мене е една од клучните за слабите партии што ги изигравме на ова ЕП.