И јас го разбирам. Да ги гледаш бројките со цифра 72 милиони и 300 милиони и да заклучиш дека ете тие со 300 милиони не ги биватреба навистина на Штул да дипломираш. Само таму во МКД се учи нов вид на економија од типот забраната треба да важи за Македонски компании од Македонија, а не за Албански од Македонија. Некоја виша замислена поделба на мерки, секако спроведлива на терен според изговор на буквата Х. Бидејќи Македонија како земја им 10 буџета и размрсулавениот нос на Дарди се брише со помош на икс здравство во кое пари внесува компанија на Марсовци од Јупитер. Мерак ми е Штулови ученици да читам, мерак ми е што образовниот систем е така поставен каде конкуренција од овој тип на кадри секогаш ќе не засмејува. Убаво е со вакво образование да останат и понатаму. Од една страна мислат дека „ни дале лекција“, а од друга страна ти секогаш имаш шанси да си играш трндупка.
Епа не ги бива , сите зголемуваат извоз кон Косово , Македонија не.
Некој од 18 милиони стигнува на 110 милиони.
Да ги биваше немаше
48,9% од извозот кон Косово да биде нафта. (Окта нели ?, грчка ли ?)
Косово во 2006та,
19,7% од увозот го имаше од Македонија , во 2012та падна на 11,5%.
Веќе во 2013та , само околу
7% од увозот на Косово ќе биде од Македонија. (не рачунаме што ќе се деси со ембаргото)
Ќе го изгубиш пазарот пред куќа , а сонуваш дека ќе влезеш во некој си руски , венецуелски пазар , таму била иднината на Македонија.
Со визите за неговите братучеди од Косово, протекот на лица ќе им се отежни, а со тоа и ситната нерегистрирана трговија. Во овој случај чим љуби поделби ќе загубат Албанците на двете страни. Само визен режим за Косовари, на тој начин ќе им се сопре допирот до Македонското здравство, слободно нека се лечат во Албанија ако има струја. Студентите Косовари исто така додека не положат Б2 Македонски јазик нема да можат да се запишат на студии, што секако значи дека треба да ни го пеат мајчиниот јазик. Студии на Англиски нема кај нас, а официјален јазик е Македонскиот. Нас во услови ни бараат Тоефел или Гете Б2. Ете им една одлична идеја. Со ова би посакала исто една контра мерка од Косово и за нас да стави визи таму, таман да излезе двојна блокада на премин Блаце
На косоварите ќе им средиме да се чуствуваат подобро него во свој дом, ако треба и државјанства ќе им се дадат , а не визи да им се стават.
А тоа другото е само кутро желбичке на леандра.
Јас мислам дека Косово игра за Албанија, не за Србија. Во нашиот извоз 45% се нафтени деривати, секогаш битката е околу овие суми. Автопатот кој го пушти Албанија до Приштина ги поврза Косоварите до Драч. Од нас ќе ја намалат потрошувачката на стоки секако со текот на годините, бидејќи ќе добиваат бродски роба која е далеку поефтина од нашата. Остана уште нафтата, која може и од Албанија да ја земаат во случајов.
Да , од Приштина до Драч се иде преку модерен автопат , без ниедна патарина , гланц нов.
Брзиот пристап кон Драч , политичките договори со Србија , ќе доведат Македонија да го изгуби пазарот на Косово.
Србија рачуна да изгради автопат кон Косово , а Македонија има едно 13км и нема намера да го изгради. (но затоа се изгради патот кон манастирот Трескавец во должина од 7,5км).
Владата порачува: Одете во манастири и цркви и молете се Господ да ни е на помош, пошто никој друг нема да ви помогне.
Косово со толку младина и дијаспора , ќе биде интересен пазар во иднина , оние кои знаат одсега се местат во позиција.