Латвија - Македонија | 09.09, понеделник 14:30 часот |

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Вака од страна е лесно да се филзофира, да сте на терен, да се враќате од секакви падови и не е баш така лесно како што сте си зацртале вие ;)

Не ги оправдувам журкањата што си ги праеле кошаркарите, ама потсетете се дека овие истиве кошаркари ни имаат до сега донесено најголема спортска радост ;)

Види, се тоа е супер меѓутоа кога и те како знаеме дека истата таа репрезентација успеваше на прошло првенство да се носи рамо до рамо со далеку поквалитетни репрезентации а на ова е предмет на потсмев.
Ако се професионалци, треба да бидат професионалци и на терен и надвор од него а не да се понашаат како тинејџери кои едвај чекаат да дојде викенд да се испијанат.
Тоа четврто место ќе остане запаметено, ама и овој срам што ни го приредија нема да се заборави ;)
 
Тренерот кур го боли очигледно. Карантин бе бате, ако имаш муда! Тој што забушава, макар бил и капитенот, бриши го од листа, земи некое дете место него. Но кај нас (а и општо на Балканов) знаеме дека играчите имаат поголем авторитет од тренерот и тоа = неуспех.

До душа, во МКФ беше баш добро до 2011 и четвртото место. Тогаш некои летнаа во воздух, добија авторитет и се расипа сложувалката која носеше победи.

Кошаркарскава репрезентација полека станува ко ракоментата... (n)

Ќе ги ставиш во карантин Гече, Антиќ, уживај си.
И знаеш што ќе се случи ако го острани Антиќ од репрезентација ? Пак ќе биде тренерот крив, цела нација на него ќе му се пуштат и ќе ги оправдуваат играчите како и они се луѓе и може да се пијанчат на 2 дена пред ЕП.
Не може да им се најде крај, џабе.
Ете сега вртат нова страница, има смена на генерации и сега е шансата да се примени ова со карантин и други срања али чисто сумљам дека нешто вакво ќе воведат.
 
Општо гледано од натпреварите на Македонија, може да се заклучи дека судиите се катастрофа. Не знам како судат на другите натпревари, ама какви само неверојатни одлуки носат тоа е стварно лудо. Ако ги прегледуваат снимките по натпреварите, мислам дека треба да размислат дали да судат и понатаму.

За натпреварот со Црна Гора не ни разгоравам, со Литванија имаа некоја лоша ама сепак нормална одлука. Против соседите кога победивме на Самрџиски за 3 минути му свирнаа 2 апла непостоечки фаули, каде што буквално немаше контакт. После тоа на еден од србите му свирна техничка, за нешто што треба да се дискутира дали е лична грешка.

Денес само каков фаул му свирнаа на Соколов, жал ми стана дури за човекот. Последните допирни точки на Соколов и на летонецот беа оддалечени барем 10 сантиметри, а судиите судат фаул за три слободни фрлања :pos:

Последната ситуација беше дискутабилна, ама и мене ми се чини дека беше фаул од Илиевски.


Сепак ние денеска сме нула во одбраната, така да заслужуваме да губиме со толкава разлика. Преголем оптимизам е да се надеваме на нешто, ама ајде барем нека заврши натпреварот.
 
Зашто Соколов уопште не доби шанса до сега неможам да сфатам... Не е играч без искуство.
И вчера не ми беше јасно, браќата беа дрва вчера и не го пушти уопште Соколов.

Илиевски џабе му се годините искуство, тројка од 12 метри не се шутира.
Гечевски џабе го враќаа, шо убаво ќе ги бодреше од трибини...
 
Срамота, срамота, срамота... Пички едни играјте барем образот да го обелите, а не ко женчиња да изгубите. Секоја чест за Перо и Владо, без разлика што губиме се борат и играат со срце. И да, можеше Пипан да му даде некоја минута повеќе и на Брчков, не е воопшто лошо детето, особено во одбрана, каде каде е по подвижен од Гече.

А Латвија иначе ни држи лекции по олд скул кошарка, ова е милина за неутралните гледачи или навивачите на Латвија, каков секс ни маваат, мх мх мх. Кошарка од учебниците, секоја чест.
 
10 поени минимум поклон им дадовме

6 поени судиите им дадоа . последниот напад чист фаул во напад беше , невидливиот фаул на Соколов за 3.

За никаде сме и денес.


Ако може одма после мечот да се засклучат ( по можност и избришат) сите теми за нашата репрезентација оти само со нервоза се полни и со страшно смешни позитивни мислења за конечниот пласман на нашата репрезентација :pos:
 
Да победи Бих против литваинја,ќе имаат 3 победи исто колку Литва и латвиа.Така да ќе има круг мислам дека не е испадната босна сеуште.

Знам по босанските медиуми имало статии дека барат помош од нас, да ги тепаме латвијците за да оди Босна понатаму...
 
Да победи Бих против литваинја,ќе имаат 3 победи исто колку Литва и латвиа.Така да ќе има круг мислам дека не е испадната босна сеуште.
На Босна и е потребна само победа. Ако тепаат ќе пренесат 2 или 3 бода, не знам како иде ова моронсково бодување.
 
Жал ми е за публикава шо замина до словенија, се потсетив Ја коа бев у задар со ракометариве 2009

Sent from my GT-I8190 using Tapatalk 4
 
Браво што ги извади браќава и самарџиски, ајде сега и владо нека кулира малце со тоа ретардираните потези, а мислам после 10 минути нека го врати, па Мекејлеб нека оди на центарска место Антиќ.

До крај да играме со Илиевски, Мекејлеб, Брчков, Соколов и стај едно од тие децата таму, јас ви гарантирам подобар резултат ќе имаме. Тоа манекените и курназите на клупа, Дамјан и Војдан незаинтересирано играат, да не речам дрва, Антиќ па толку негативност ствара, за секоја акција наша/нивна му се закачува на некој од нашиве да му просерава.

И трењеров нека си искочи слободно надвор од терен, толкава неротација на играчи немало и ќе нема - па да му ебам матер, ако даваме вчера 3 од 23 тројки, не може тие на клупа да се толку полоши. И еве, Соколов подобро него Дамјан + Војдан, Брчков подобро него Гечевски или Самарџиски...
 
Види, се тоа е супер меѓутоа кога и те како знаеме дека истата таа репрезентација успеваше на прошло првенство да се носи рамо до рамо со далеку поквалитетни репрезентации а на ова е предмет на потсмев.
Ако се професионалци, треба да бидат професионалци и на терен и надвор од него а не да се понашаат како тинејџери кои едвај чекаат да дојде викенд да се испијанат.
Тоа четврто место ќе остане запаметено, ама и овој срам што ни го приредија нема да се заборави ;)

кој срам ви го приредиле не се лупајте од земја..Толку е силата мислиш нејкат они да тепаат..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom