Група Б | Јесенице | - ЕП Словенија 2013

Ситуацијате е многу проста. Ако изгубиме вечер, Мораме да тепаме во останатите 2 и Летонија да ги изгуби сите 3( од кои еден со нас) наредни натпревари. Дури и да изненади Ц.Гора со некој од останатите, победа од барем 2 разлика против Летонија во тој случај ќе не прати во втора фаза.
Е сега со пораз вечер, ако поминеме во наредна фаза, тоа ќе биде со 0 бодови, али како што кажаа погоре вкрстуваме со многу(по мене) неатрактивна и далеку понеквалитетна група од нашата. 2 победи ќе имаме и може да се пласираме во 1/4 финале.
 
Латвија не тепа против Литва, така литва ќе пренесе бодови или пак да тепа против Србите и така ќе пренесат бодови, така да се останува на нас, само дали ќе пренесеме бодови или не...
 
Латвија- Литванија треба да биде многу интересен и тесен меч !

Литванија сигурно лесно нема да ја победи Латвија ако игра како со нас вчера, практично без шут од далечина и постигне само 1 , 2 тројки!
 
До 7мо се иде на светско прибидејќи домаќин е шпанија мислам и таа е пласирана директно така да се отвора уште едно место.
 
Дечки, значи ако сега Летонија изгуби, изгуби од нас, и од Србија, а ние ги добиеме двете наредни, влагаме без никакви математики?
 
Абе ние ги тепаме останатите 3, исто како и Литванија и Србија (овие губат од нас) и влегуваме трите, со ист број пренесени поени. Вака најдобро е според мене, ќе имаме ептен реални шанси за 1/4 финале после. :)

А со 1/4 финале одиме во борбата за СП и имаме ептен големи шанси за пласирање на истото, бидејќи 8 репрезентации одат во 1/4 финале, а 7 на СП како што кажа еден член погоре. Оти реално Шпанија секако ќе е во топ 6. :)
 
Мечот меѓу Литванија и Латвија е прав кошаркарски меч. Права “тепачка“ за секој поен, се игра до последниот атом од нивните сили. Мислам дека многу тешко ќе излеземе на крај со Летонците, одличен тим имаат...
 
Мечот меѓу Литванија и Латвија е прав кошаркарски меч. Права “тепачка“ за секој поен, се игра до последниот атом од нивните сили. Мислам дека многу тешко ќе излеземе на крај со Летонците, одличен тим имаат...

Ме потсетуваат во играта на Финците од претходното Европско, што би рекол Игорче, играат run & gun Кошарка :D . Сериозно, тешко на крај излегуваме со таквите шутерски екипи.
 
На ова првенство, во нашата група па и генерално, Латвија според прикажаното до сега е она што беше Македонија 2011 =преку "аутсајдер" во тим кој не ебе жива сила и игра без респект !

Босанциве ги згазија убедливо со +10 (срека за Босна и малку беше разлика), со Црна Гора во последниве 3-4 минути од 6 негатива го добија мечот, со Литванија се вратија од -13........Баш кога мислиш дека потонале и го изгубиле мечот, секогаш како на инает се враќаат во игра и покажуваат голема сталоженост во тие моменти кога губат(а и Латвија спаѓа мегу топ 5 најмлади репрезентации на турниров со 25 години просек!)

Мечов Со Литванија можеа да го добијат, не е толку причина за поразот што се изнапромашија за 3(секако , можат многу подобро да пуцаат), колку што во последнава четвртина кога и израмнија, имаа 2-3 чисти промашувања буквално под кош, за срека на Литванија, со кој мечот можеше да остане израмнет до последна секунда ! Плус и стандардно личните грешки им се огромен проблем , ама оваа партија особено втора четвртина (кога се одлепија Литванците) главно им избегаа резултатски бидејки 4 или 5 напади по ред им судеа на Латвија фаул во напад, смешно беше тоа тие моменти и жалосно колку лошо судеа ! На 6 мин до крај и Blums отиде ради 5 лични и тоа е..........
А и Латвија се знаеше дека ке игра овој меч доста пожртвувано бидејки со победа против Литванија ке одеа сигурно втора фаза и ке си ја завршеа работата !

Македонија со "поразот" од Црна Гора и со оглед Латвија како игра е во најлошото можно сценарио, по најтешкиот пат тргна. Нема избор, најсигурно и најубаво е да победи вечер со Србија (што ке биде многу тешко) ! Време е !
 
Црногорците имаат некои сериозни проблеми во екипата. Го избркале Дашиќ кој им е еден од подобрите играчи од репрезентацијата. Очигледно беше дека имаат некои внатрешни проблеми, а се чини и тренерот не си ја брка работата како што треба... Ми се чини дека тие се веќе готови, како и босанците кои и покрај победата денес се комплетно раштимана и недисциплинирана екипа.
 
Ако победиме се до крај ние, а очекувам истото да се деси и со Србите и Литванците ние ќе бидеме први во кругот од 3те екипи. Така ќе пренесеме 3 поени во наредна фаза,мислам дека победникот зема поен плус.
 
Ако победиме се до крај ние, а очекувам истото да се деси и со Србите и Литванците ние ќе бидеме први во кругот од 3те екипи. Така ќе пренесеме 3 поени во наредна фаза,мислам дека победникот зема поен плус.

Победникот не зема поен плус, туку тој поен ти е од мечот со Литванија, кој го загубивме.
 
DMUcmuF.jpg
 
Како ќе плаче Црна Гора не е свесна. Во групава има една херојска репрезентација.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom