Болиглава
A cold fact
- Член од
- 16 јуни 2007
- Мислења
- 4.701
- Поени од реакции
- 2.353
Now You See Me (2013)
“I always have a problem liking things I'm told I should like.” - Karl Pilkington.
И обратно. - wot.
Entertainment - 10, Thriller - 8, Story - 6. Или една-реченица-рецензија што врти низ нет Ocean’s Eleven meets The Prestige.
Јас бев smitten уште во првиот акт, т.е уште опенингот, уште од Џеси, ем знаејќи што ќе се случи. И останав задоволен до самиот крај. Пак, знаејќи што ќе се случи.
Немав очекувања ама ниту очекував сериозен филм, за резултатот да биде негативно искуство кај мене. Прилично забавен филм. Доста солиден прв акт, мистерија и запознавање, онака full-on потенцијал, anything goes сценаријо, незнаеш што да очекуваш, вториот акт акција и обид за расплетување, трчакње и некои леви обиди за да не отфрлат од крајот, и третиот акт кој што доцнеше како менструација, што и е причината што сите го пробиваат филмот, изгледаше како да заглавиле луѓево, и го завршиле онака како од рака истресен кец (pun intended). Но не е битен олку крајот, филмот е квалитетно возење, бргу минува времето и не се чувствуваш како да е џабе потрошено, оти нели ако е џабе потрошено за тоа време ќе трчавте маратон и ќе дониравте крв на финишот. Глума.. сите ни беа далечни, но затоа беше интересно пробивањето на ликовите, не ми беше преголем минус што не се поврзав за некого, затоа што a lot of people got fucked over и ќе се изнервирав ако навивав. Ефекти онака, визуелно океј за гледање, приказната приземјена колку што дозволува апсурдноста за приказна за магионичари и најслабата алка од елемнтот. Но сепак, overall чувството е задоволителност, забавен и лесен филм и незнам зошто е хејтан од членови кои доста ги почитувам, како Ајс, Болиглава и Псајсајд.. Псај поготово прилично ги има издигано критериумите и дури не го догледал и не памтам да уживал во нов филм, ајде малку отвореност луѓе..
8/10
*филмот е во предлози, затоа што рецензијава ќе беше 3та по ред за исти филм ако беше во последен гледан.
Жими све не те разбирам тебе.
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Се сложувам дека е забавен. Барем првиот час. Ама потребни ми се многу повеќе работи да функционираат во таа забавна атмосфера наместо ефтино продадени пресврти. Веќе видени многу работи и шаблонски финти од кој ми се лошеше.
И не можам да се помирам колку беа недопадливи ликовиве бе. Цело време бев со кисела фаца ко ќе ги гледав. Можеа на Вуди да му напишат бар една линија кај шо нема да е во "менталист" моуд.