Да прашам нешто околу режење на аудио цедиња.
Значи не ми е првпат да снимам ваков вид на цд. И претходно сум снимал.
Решив мала компилација да направам и да ја изрежам за в кола. Претходно го пробав плеарот, чини без проблем. Го пробав со постари цедиња кои сум ги снимил пред година дена. И сега симнав Неро 7-ка, режам повторно аудио како и претходно. Ја завршив работата и го пробав цедето. Плеарот автоматски го исфрлаше надвор, како да не го препознава, да не можи да го прочита. Го пробав цедето на систем ради реда, си чини без проблем.
Можи да има врска дека е режено со понова неро програма, или имам нешто зафркнато при режењето? Некое исуство совет нешто?