kjara
Самовилата
Ја би да исфрлиме тоа ајпадите скроз, и едукација а не образование, предавањата под отворено небо со практични примери. Посебно добро по природа, билогија, физика, хемија, географија. Замислете го тоа набројување на сите растенија и животни, инсекти, карпи, сталактити и сталагмити, нивни карактеристики и својства, начин на живот. Опсерваторија под отворено небо со набројување на соѕвездија, ѕвезди и планети, учење на страни на светот, годишни времиња и нивното влијание врз околината, флората и фауната.....
Можи ајпад понекогаш да се однесе на час.....
Читајќи те се потсетив кога професорката по филозофија ни раскажуваше за Аристотел. Демек он се палел по ботаника, биологија and stuffs, па си направил перипатетичка школа тн. ликеон. Он шетал по тоа ботаничките градини или негде на отворено и им раскажувал на учениците лекции.
И професоркава ни вика „ај сега замислете јас ве однесам на Водно и идам напред и почнувам да ви раскажувам лекции. Гарант кога ќе се свртам да видам дал ме следите вие сите ќе бидете испопикани по грмушки.“
