Setsuko
Модератор
- Член од
- 29 јануари 2006
- Мислења
- 6.413
- Поени од реакции
- 6.130
Целосно различен образовен систем! Токму она на што алудираме веќе со години, традиционалниот образовен систем е буквално нефункционален и не се совпаѓа со новото време во кое живееме, вредностите на традиционалниот (сегашниот) образовен систем повеќе ги нема во општеството. Затоа ни е потребна целосно нова стратегија за образовен систем.
Во Холандија за прв пат утре се отвораат 11 основни училишта со целосно нова програма и начин на едуцирање на децата и тоа според образовните принципи на Стив Џобс. Оваа стратегија предвидува употреба на таблети за секаква намена и наместо професори од сега во училиштата ќе има само тренери кои ќе ги стимулираат децата и ќе ги водат низ интересните дигитални процеси на учење.
За разлика од денешниве училишта, овие новите ќе траат од четвртата година на детето, па до неговата 12 година, првото одделение ќе биде незадолжително, но веќе од петата година поаѓањето ќе биде задолжително. Наместо одделенија, годините ќе се викаат група еден, група два и така натаму, а на iPad таблетите ќе имаат специјални едукативни апликации кои во целост ќе ги заменат учебниците. Секако учениците нема да се врзани цело време за своите iPad-и, туку ќе имаат и рекреативна програма.
Утрешниот ден би требало да се запише во историјата како ден на промена на образовниот систем! Овие единаесет училишта започнуваат со работа утре наутро во 7 и 30 часот, а престојот трае до 18 и 30.

Што мислите за ваквиот тип модернизирање на наставата, колку е ефективен таков модел? Дали професијата професор полека умира, а знаењето на децата се сведува на информации од интернет сферата, што донекаде значи и површно трупање податоци без реална можност за креативност.
Или пак сметате дека со овој потег се продлабочуваат знаењата, можностите и експериментирањата кај едно дете, без да има потреба од класичен професор кој ќе се труди да му го пренесе знаењето?